Сум била многу мала за да ме прашаат и да им кажам како сакам да се викам Но кога ми го дале името што го носам знам дека биле среќни поголем дел од фамилијата а најмногу една прекрасна жена ... истата таа жена кога ме видела прв пат кажала .Ова девојче ќе биде моја наследничка таа беше жена на која и се восхитував и беше мој идол
Како мала многу сакав да се викам Марија или Маријана и после кога ми се роди сестричка си ја крстивме така
Не ме прашале како сакам да ме крстат, ама крстена сум и тоа во црква . Кога пораснав и почна да ме треска пубертетот и јас бев една од тие што си го мразев името. Потоа пораснав и сега сум голема и не ми е воопшто битно. Никој не ме вика на име сега, туку скратено. Абе до кумот е, дефинитивно.
Се викам така како што сакам да се викам. Го сакам моето име, и не би го променила. Добар избор направиле тогаш.
Хаха, јас баш знам 2 сестри кои се викаат така Инаку, ко бев помала си го мразев името, а сега не го мразм
И да ме прашеле, не сум разбирала Шала на страна, мислам дека секој треба да си е горд на своето име, бидејќи едноставно, без или со некоја посебна причина, дадено е од луѓе кои те сакаат. Без разлика дали се тоа родители или кумови. Не би можела (а и не би сакала) да замислам да се викам поинаку, иако како мала си ставав некои теткести имиња (како што се викаа пријателките на мајка ми ) додека си играв тетки-метки или fairytale имиња додека се замислував принцеза од Дизни
Си го сакам името и не би го менувала за ништо. Среќна сум што ми го дале тоа име и не поради тоа што којзнае колку е убаво и посебно, туку затоа што мене лично многу ми се допаѓа.
Мислам дека го имам најубавото име на светот Марија и многу си го сакам ама како мала сум се преставувала како Наташа што сега ми е многу смешно и стварно не знам од каде ми текнало тоа име.Знам дека мајка ми останувала зачудена кога други ке ме прашале како се викам а јас сум викала Наташа.Знам дека ако не ми дале убаво име сигурно би се прекрстила и фала и многу на кумата за прекрасното име
Многу си го сакам името и одсекогаш сум го сакала, горда сум и благодарна на моите родители што не ми дале некое име од кое би се страмела.
Си го сакам името,ме потсеќа на нежност,мир,шо и всушност значи во превод. А воедно и ми прилега на мојот карактер .