Оваа тема се однесува на оние коишто работат и коишто би сакале да ги споделат искуствата и да кажат како се вработиле.Се надевам ќе бидете солидарни и ќе ги споделите своите искуства
Не знам дали сум единствена таква ама верувале или не мене ми се јавија од Бирото за вработување Значи само што дипломирав и се пријавив како невработена дека активно барам работа , не помина ни една недела ми се јавија од бирото Не ги ни познавам лугето таму, кога бев да се пријавам се позафркававме малку на сметка на мојата струка, и после некој ден оппп гледам ми ѕвонат од една фирма. Ми викаат баравме во бирото луге од овој крај што се со такво образование па ако сте заинтересирани да аплицирате за огласот Во мегувреме разбрале и други, со некои сродни факултети (или пак и на нив им се имаат јавено) па на кокурсот се пријавивме 4 кандидати, ме одбраа мене. Интересно е што од дете сакав да работам баш ваква работа и баш во ваква фирма ама знаев дека малку се во мојот крај такви и не очекував дека ке се ослободи место. Веке си бев договорена со друга фирма за некое време кај нив да почнам да работам ама ете, Господ по 1000000 пат ми го дава баш тоа што најмногу го сакам.
Иако ќе звучи како Science Fiction, верувале или не, работата си ја најдов сама, преку оглас. Кај нас шансите да се случи вакво нешто се 1:1000000, ама ете, јас сум една од ретките на која и' се посреќи. Кога пратив CV, поучена од претходните лоши искуства каде што не ме ни удостоиле со одговор на мејлот, а камоли да ме повикаат на интервју, пратив мејл со резерва не мислејќи се многу околу тоа и не надевајќи се на нешто повеќе. На денот откако заврши конкурсот, добив мејл дека ќе се одржи тестирање за кандидатите. Веднаш бев скептик и решив да не одам, мислејќи дека сето тоа ќе биде со цел да им се замачкаат очи на кандидатите дека е се' транспарентно, а всушност вистинскиот кандидат е веќе селектиран за работното место. Му кажав на дечко ми и кога ме подбра, од гомно подоле ме направи и буквално ме натера со сила да отидам. Всушност, тој ме однесе Го решив тестот, беше прилично тежок и иако знаев дека добро одговорив на прашањата, пак многу-многу не се надевав дека уште еднаш ќе слушнам повратен одговор. Ама се излажав. По два дена добив уште еден мејл дека мојот тест е меѓу неколкуте со највисок резултат и добив покана за прво интервју. Е тогаш веќе сфатив дека фирмава си ги бира вработените според квалитет, а не врски. Отидов, интервјуто одлично помина и ми рекоа дека доколку ги задоволувам критериумите кои тие понатаму треба да ги оценат, ќе бидам повикана и на второ интервју. Ако не, ништо, тука завршува се'. И морам да кажам, кога прв пат стапнав во фирмата, веднаш посакав да бидам дел од неа. Се' беше ново, убаво средено, претставително ептен. Отидов дома и само што влегов, ми заѕвони мобилниот Ме повикаа и на второ интервју, кое овојпат не беше со човечки ресурси, туку директно со партнерот на фирмата, кој беше странец (за интернационална фирма се работи). Е тука веќе ќе се подмочкав, што од среќа, што од страв и трема Заврши и тоа, тој ми се чинеше импресиониран од мене (не во педофилска смисла, се разбира ) и си заминав задоволна. Ми рекоа дека без разлика дали ќе ме изберат или не, секако ќе добијам повратен одговор. Си отидов дома и после два часа, пак ми заѕвони телефонот Ми се јави сега веќе мојата колешка и ми соопшти дека јас сум избрана за позицијата и ми честиташе. Јас само молчев на телефон, не ми доаѓаа зборови, не знаев што да кажам и и' реков само Па супер И така, една недела потоа почнав на работа. Потпишав договор и веднаш ме пријавија, уште пред мојот прв работен ден. Работата е напорна, бара голем ангажман, има многу клиенти и претежно работата ми е со странци, меѓутоа јас тоа и го сакав. Задоволна сум, а воедно и благодарна што добив шанса да работам во една таква фирма, слободно можам да кажам гигант на интернационално ниво, која е реткост кај нас, каде што се вреднува сечиј труд, каде се гледа сечија работа и докажување, каде се нуди шанса за напредок и покачување, каде секоја екстра минута во канцеларија е платена и каде се работи тимски. Секако, не е секогаш се' розово, има и нервози, ситуации во кои мора брзо да се реагира, непредвидени ситуации и слично, меѓутоа сигурна сум дека во моментов не можам да најдам нешто подобро од ова. Задоволна сум и од платата. Почнав со нешто малку надпросечна плата, после неколку месеци добив покачување, а сега очекувам ново Таква е праксата на фирмата, два пати годишно секој вработен добива покачување вреднувано според трудот. Некој повеќе, некој помалку, ама важно сите добиваат. MOTIVATION IS THE KEY TO SUCCESS! И горда сум на својата работа, а пред се' на фактот што си ја најдов сама, без врски и конекции. Само кај странци го има тоа, да бараат квалитет и образование пред врски. А јас ја имав таа луда среќа да налетам токму на оваа фирма
Да да сексибејби и јас мислам само кај странци го има тоа. И мојата фирма е во склоп на странска, шефовите не се македонци. Кога ми се јавија за да аплицирам, татко ми одма македонската сакаше да ја фати, да прашува врски и партии за да ме примат, ама одма чвек што порано работел таму кажа дека тие така што правеле од старт ги дисквалификувале. И да, не ми бараа искуство. Ми рекое не е страшно што го немаш, ама додека го стекнеш првите два месеци ке ти треба повеке време за да си ја завршиш работата па ке треба да остануваш пола саат саат повеке. И така е, навистина првиот месец останував и по 2 саати повеке, ама затоа сега сум побрза и пред да си одам така си дремам еден саат кафе си пијам и ништо не ми викаат Е имав некои проблеми на почеток, ама не од шефовите туку од некои вработени-гзолижачи.
Точно, за искуство и мене не ми бараа, што секако беше плус. Бев малку изгубена на почетокот, нормално, се' ми се чинеше страшно и тешко, ама за неполн месец го фатив ритамот и сега немам проблем ни сама да работам (инаку сум со уште една колешка, која одлично се постави кон мене и ме воведе во работата). На почетокот не дека имав проблеми, ама малку вработените ме гледаа со резерва, и за се' што требаше не ми се обраќаа мене, туку на колешката ама со тек на време се смени тоа и сега имам супер однос со сите, ама не премногу близок, си држам одредена дистанца. Има само еден што ме нервира, ароганција до бесвест. Мислам, не само мене, сите ги нервира. Не комуницира со никој, исклучиво по потреба, намќор жив е и ни на мртво плаче, ни на живо се смее, задача му е да лови грешки и низ нос да ти ги извади после, ама тоа е. Со него само деловна комуникација кога мора и тоа е тоа Сепак не може се' да биде совршено. Мене ми е важно што условите се супер, пријавена сум на толку колку што земам плата, на полно работно време, имам плави картони редовно... На крајот од денот, тоа е она што е важно А за арогантните и поставувачите на сопки - ако им е убаво така да живеат, во ред. Се додека лично не ми направат неправда, не ме засегаат, ама нема да дозволам да ме погазат во никој случај. Каде и да одиме, секогаш ќе има такви
последното место каде што работев-на замена бев 2 пати сама си го најдов -сепак е искуство-ех кога ке ми текне многу сум горда на тоа ни партија ми помогна, ни моите, ни врски-дружељубивоста, и упорноста пред се
Речиси на идентичен начин и јас ја добив мојата до сега најубава работа. Оглас, достава на документи- скептично, едно интервју, друго, трето интервју, само што кај мене сите три интервјуа беа со сопствениците + човечки ресурси+ некој си директори таму.... 7 луѓе пред мене Ама ги решив јас, ги импресионирав.... После третото интервју (пред кое имаше и едно писмено), вечерта ми се јавија од човечки ресурси да ме прашат;" Што правиш?" Јас: "Еве си седам дома" (петок беше). А тие : "Ќе дојдиш во понеделник да ти покажам каде ќе ти биде столчето за седење ??" И така и беше. Странци за газди, некои наши малку умислени, прекрасна атмосфера за работење, ме ценеа како работник, вреднуваа мислење и труд, ме наградуваа за истото. АМА Мојата приказна нема убав завршеток На крај се испонашаа типично македонски Од денес за утре, кога требаше да се вратам по породилното ми кажаа во стилот нема потреба да доаѓаш, да се враќаш (пропратено со сите нај нај епитети и јадења г.....а за тоа колку сум добар работник, колку се они во рецесија, колку сум јас паметна, вредна, и колку јас ќе се снајдам уште подобро). Македонизиран странец- најлоша работа!!!! Се ља ви...ме решија тие мене.... Секси бејби - кај тебе да трае до пензионирање убавото ....