Јас како мала си фантазирав за фустан од пепелашка. Како растев ги засакав тесните невестински фустани со чипка, па здравје кога би се омажила не би имала проблем со тоа.
Нема да имам проблем со тоа кога ке бидам невеста бидејки не сум фан на долги фустани. Ке биде нешто кратко и едноставно или ако не биде кратко ке биде долг,тесен и со шлиц од едната страна. Ке си мочкам на раат
Е тоа прашање барај го во темата за секс, анален секс и дали голтате...тие наслови ви се поинтересни сигурно...а невестата си има вистински маки
Не. Тие теми ми се одвратни во принцип. Оваа тема е сериозно многу интересна. Супер што нашле решение како да иде младата у WC! А како се брише сеуште останува мистерија...
Pa mnogu zavisi i dali nevestata ima poseben toalet sega cesto ima takvi opcii nie pravevme vo new star si odis vo apartmanot ke si go krenes fustanot lesno e ako ti e epten maka ke si zemes drugarka da ti go drzi fustanot
Јас не отидов во тоалет да мочкам ниту еднаш Немав време, не осетив ни потреба На крај више кога сите си заминаа,е тогаш ми се приоди,ама и не беше важно дали нешто ќе ми се расипе,пошто крај беше, старосватицата беше тука и ми помогна до душа и немав јас некоја којзнае колку раскошна венчаница, така да не беше страшно Повеќе ми беше тешко бидејќи бев 2 месец бремена,па веќе последните сили ги собирав за да изрджам
Во нормални околности можеби би издржала невестата да не се измоча цел ден. Ами што праиме ако е трудна невеста и мора на секој пол саат во ВЦ ?
ја па бев трудно ама издржав,ваљда од многу возбуда,и бргу ми помина времето,ама затоа на крај ми се слоши
Јас пола свадба ја поминав во веце, имав добиено и на пола саат одев. Свадбата траеше цел ден, имавме по 3 саати пат од младоженецот до кај мене и обратно, па по пат влегов во повеќе вециња од ресторани и бензински. Целата процедура беше баш научна фантастика и ми помагаа сестра ми и старосватицата. Во хотелот ми беше полесно бидејќи фустанот ми беше во два дела и долниот дел го соблекував во соба (нормално со помош) па на раат одев во веце.
Не се сите ресторани прлави, има и убави чисти места каде ги има сите услови. За мала нужда не е проблем, проблем е ако ја стегне зорт за голема нужда или недај боже диареа.
Јас само еднаш бев кога пристигнавме во ресторанот.Мајками ми помогна а имав и добиено,тогаш сменив и улошка (среќа ми беше прв ден па не течеше многу).Венчаницата ми беше раскошна и беше тешкооо
Јас имав широк фустан долг, а башка трудна 5ти месец... баш научна фантастика беше одење до тоалет. Нели трудна, често идење до вц... среќа само еднаш бев, ама не ни пиев нешто мн течности е кога бев, бев со сестра, братучетка, золва и они ми го држеа фустанот јас мочав Среќа вецето чисто и широко, мислеле на невестите
Јас видеово на @baba Rada го гледав баш неколку дена пред свадбата и и те како ми помогна Имав масивен фустан со корпа и кога ми се одеше во тоалет ја фаќав корпата од доле и како што ја кревав буквално во нејзе го пикав цел. Значи како тоа BridalBuddy-то мене ми послужи корпата Е сеа немав дупки за рацете ама не ми беше проблем да го држам со една. Не се стегав, си пиев течности и си мочкав без проблем
Интересно она брајдл бади ама ако има невестата фустан од оние со корпи со обрачи огромни, не знам, не врши работа ова ич. Јас на мојата свадба два три пати менував тампони, фустанот ми го држеше сестра ми, само околу тоа помош ми требаше А кога и ќе се земе во предвид дека невестите за тој ден често имаат вештачки нокти, дури и за прв пат ( ко јас ), е сега видете на колкави маки се ставени