Темава ме потсети на еден пар, мои поранешни другри, кои еве бројам, во врска се цели 18 години. Отсекогаш беа најзаљубени, друштвата ни се споија заради нив, секогаш сложни и речиси без проблеми во врската. Сега се прашувам дали навистина нема проблем во таа врска? Не дека сум некој поборник за бракот, ништо не ми значи лист хартија, ама ми е чудно по толку време уште да не размислуваш ни за заеднички живот, а камо ли за семејство со деца.
Сличен пример имам и јас. Во врска цели 15 години, и едвај со притисок се убедија на крај за брак. Колку тоа ќе трае пример ако е под притисок донесена одлука?
@katerin Мое мислење е да почекаш до јули ете близу е. Ако и тогаш не превземе ништо прво еден добар разговор, па потоа ултиматуми. Ако ништо не помогне терај напред девојко немој да губиш ниту нерви ниту време повеќе. Пс. Во ист месец славиме роденден ☺
Сега чекам нова тема..Како од кратка врска во брак!? Ах, камо овој живот да имал некои правила. Кратка, долга. Се е на крај исти курац!!!!
Ако за 12 години си правела обиди да го "наговориш" а не си успеала, тешко дека сега ќе успееш после толку време. Бракот не е форумула за успех во секој случај. Вонбрачни заедници функционираат подеднакво добро како и бракот. Многу предуслови и критериуми треба да се исполнуваат за ваква заедница, како финансии и место на живеалиште.
I jas sum kako tebe vo slicna situacija, I jas sum nestrpliva kako tebe I sega pocnuvam povece so toa spomnuvane, bidi pouporna I kazi mu deka ti znaci dom I semejtvo I deka si vo godini I ne moze da odovlekuvate, vidi zbori pa pisi so kako, pozz
Нема сигурно долго да трае. Се знае каков крај има нешто што се случило со притисок. Можеби дечкото на феминката не е заинтересиран да гради иднина со неа. На мене ми е чудно толку време да не станало збор за брак. Не мора за брак, барем за вонбрачна заедница. Имам еден пример. Имам позната која одеше со дечкото 10 години. Она сакаше врската да се круниса со брак, а он и викаше дека му треба време. После тоа дознава дека тој забременил друга. Со таа се швалерисувал додека бил со оваа во врска и затоа избегнувал тема брак. Се има по светов. Познатава после врска од неполна година се омажи.
И да трае ќе биде измачување за едниот од нив, а можеби и за двајцата. Девојката беше во дилема, да раскине или не, ама со оглед на фактот дека се помалку има квалитетни мажи кои ќе ти пружат поддршка, ќе те сакаат, ќе бидат подготвени за брак, се реши да не ризикува. Инаку и за мене не е нормално, после толкууу години заедно да не сакаш брак или да не спомнуваш.
Или личноста веќе не се интересира за партнерот, или е друга во прашање. Девојкава што ја знам падна во депресија откако дозна за дечко и. Никогаш не раскинаа официјално. Гадот си имал двоен живот. Само не знам зошто воопшто идел со првата кога не ја сакал. Она од други дозна дека он ќе се жени со друга. А си планираше брак со него. Уште не можам да се изначудам.
Прашај го 12 години сте заедно досега немате зборувано околу тоа брак, деца? Ние сме 3 години заедно, па имаме разговарано за брак и за деца, дека не сакаме многу години да одеме, дека и двајцата сакаме брак. Сакаме прво да се средеме, па после брак. За се имаме разговарано, па живи здрави се да оди по планот. Чудно би било ако не сте разговарале околу брак. Мислам дека секој пар го прави тоа.
@katerin 12 години сте во врска, а ти се срамиш и плашиш да збориш отворено со него за брак и заеднички планови за во иднина? И, ако треба да го молиш и тераш да стапите во брак, тогаш уште од сега се знае како се ќе заврши на крај. Ако ти сакаш брак а он после толку години не е спремен, значи не сте на иста бранова и, колку и да го сакаш годините ти поминуваат во чекање и исчекување на нешто што можеби никогаш нема да дојде. Комунијација, искреност и отворен муабет е клучен за успешна врска и заеднички живот.
Немам зборови, но да споделам има еден пар и одат еххееее....Постанаа пар на 23 години добро ајде млади,и ајде да завршат факултет и момчево почна да бара причини,ајде па работа да најде и се вработи,па потоа да добие решение доби и решение,па место една кола или парите за втората кола да ги искористи за официјализирање на врската тој купува кола друга,па следеше друга причина сестра му не е мажена,ај па и таа се омажи лани,и веќе нема причини и сега парот е веќе 40 години и уште се дечко и девојка многу ми е криво ама тоа е.Но едно ми е криво кога немаш намера да ја земеш ЗОШТО го зезаш девојчето 20 години врска.Значи дефинитивно да се врати ВОЕНИОТ РОК за Македончињава конечно да станат МАЖИ.
Таа сака,ама којзнае веќе години навасале.Не знам како сакаат така нека си прават.Мене не би ми било сеисто во таква ситуација.Секој индивидуално али што е многу,многу е
Се плашат и жените да ризикувата точно е. Си мисли каков е таков е барем го познава добро, а друг сега допрва да бара, дали воопшто ќе најде партнер?
Лошо е ако парот се земе од навика. Нема да оди на арно тој брак. Не е работава да се земеш само колку да не останеш сам/а.
Јас да сум 6-7 год во врска со некој и да не се спомне темата за брак и деца не би ми било воопшто сеедно, а камо ли да сум дупло или повеќе. Ти симнувам капа на трпението. Ако нема некој финансиски проблем како што велиш или пак ако нема некој проблем со неговите дома, тогаш не разбирам зошто се одолговлекува. Или е во прашање друга или не е спремен, но што и да е причината не е во ред тебе да те матка толку време без да разговара за ваквите теми, а ти да се прашуваш шо е проблемот. Да не се повторувам сеа, и јас сум за да почекаш максимум до роденденот а потоа ако не се деси ништо да му поставиш ултиматум. И тек ако потоа не те запроси, барај си некој со исти цели во животот. Со среќа па пиши што направи и ако треба нешто, слободно пиши ми лп.
Навистина не ми е јасно како после толку години врска не сте разговарале отворено ? И зошто да ти е страв да го прашаш ,зарем не сте блиски ? Зборувај со него отворено не сте мали деца.