1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како после смрт на блиска личност...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од thegirl, 30 септември 2017.

  1. thegirl

    thegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    14
    Разгледував, но не наидов на ваква тема, па решив да создадам нова.
    Кога бев мала изгубив 3 членови од семејството. Цел живот се обидував да се опоравам од таа траума и да продолжам напред. На овај или онај начин во поголем дел од времето успевав да живеам нормално и да бидам среќна. Но, неодамна го изгубив момчето кое го сакав со цело срце, не можам да најдам зборови со кои можам да ви опишам како се чувствувам. Сеуште не сум се помирила со вистината, се плашам дека не сум доволно силна за ова и дека не можам да го издржам. Доколку на некаков начин можете да ми помогнете би била многу благодарна.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    20.743
    Пол:
    Женски
    Девојче многу ми е жал што читам вака..имаш ли некои блиски роднини, другарки? Исплачи им се, издржи. Не преживувај, ЖИВЕЈ! Ќе дојдат и во твојот живот убави моменти за кои ќе вреди секој ден да се будиш. Испразни се од болка и тага и следниот ден започни го полн со убави мисли и насмевка. Сигурно е тешко,но не се откажувај. Споделувај тука како си, пиши ми. Не си сама тука. И ние и тие околу тебе ќе те поддржуваме. Ти посакувам многу среќа, од срце. :l:
     
  3. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    7.174
    So zagubata sekoj razlichno se spravuva. No ima period od edna godina koga na organizmot mu e potrebno da se privikne na zagubata. Na pr vo prvite 40 dena chovek ne e ni svesen sto mu se sluchuva. Jas se obidov da se spravam so zagubata na roditel no sama ne uspeav.Morav da posetuvam psihijatar i da zemam terapija okolu 3 meseci. Vo kolku ne mozes da se spravish poseti lekar. Potoa mnogu se dvizev , peshachev koga ke me napadnaa misli. No najvazno e da se vratish i druzis so lugjeto kolku sto mozes poskoro. I napadi na plach, lutina, bes , se e normalno, no pominuva. Sepak na lugjeto koi ti se bliski okolu tebe daj im moznost da ti pomognat. Vremeto poleka ke te nauchi kako da ziveesh so toa.
     
    На Mom_3, eliesaab, stetoskop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.059
    Пол:
    Женски
    Можеме да дадеме совети и се.
    Можеш да седиш на фемина и да се дружиш со членките, само не се затварај дома.
    Излези,шетај, ако треба плачи и надвор ама биди надвор, мешај се со луѓе, живеј.
    Мораш да живееш максимално до крај.
    Многу ми е жал.
    Сега е време за вистинска борба.
     
    На Mom_3, sj *O* и stetoskop им се допаѓа ова.
  5. Stargazer

    Stargazer Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2017
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Машки
    Секако ќе ти биде многу тешко. Претерано тешко. Ќе си изгубена во простор. Понекогаш ќе се чуствуваш дека полудуваш несвесно. Тоа е нормално, но не дозволувај тоа да трае подолго. Подобро проживеј го тој период отколку да ти дојде подоцна кога најмалку треба, а доаѓа. Остави тие глупи совети да се смееш, да шеташ и тако даље. Прва мисла што треба да те води во животот е кога ќе отидеш на гроб и ќе се запрашаш на глас дали тој сака да те гледа тажна, скршена и на апчиња? Не, туку би сакал да продолжиш со животот и да се реализираш како личност на професионално и емоционално ниво. Само така ќе се победиш самата себеси и на никој друг начин. Поздрав и држи се.
     
    На sj *O* и stetoskop им се допаѓа ова.
  6. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.128
    Пол:
    Женски
    Ќе наоѓаш решенија и ќе пробаш да мислиш позитивно ќе сакаш да смениш многу работи и да заборавиш на се. Но после смрт на блиска личност ништо не е исто едноставно после смрт ма блиска личност ... никако.
    ( не сум негативна само сум реална кој не почуствувал не знае)
     
    На eliesaab, anaja1 и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  7. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    3.468
    Пол:
    Женски
    Tesko e mnogu;(. Majka mi e pocinata 3,5 godini a nema den da ne ja spomenam ili pomislam. Mnogu mi fali. Mi fali nejzinoto prusustvo, muabet sovet iako pred da pocine 7 godini bese so 2 mozocni udari. Vekje ne bese istata fizicki, psihicki ama jas si ja sakav..Taa bese mojata majka. Uf mislam deka se bi dala da se bide tuka so nas, so mene, brat mi,vnucite ama znam deka odnekade tamu gore ne gleda i pusta po nekoj znak kako da se soocime so nekoi raboti.. Praznik e denes i mnogu mi fali, pa na vakvi denovi uzasno mnogu. Ke imav na kogo da se javam i so kogo da ispijam kafe, da se iskaram. ;(mnogu mi fali. Kako pominuvaat denovite se povekje i poveke. Vremeto ne leci... :devil:
     
    На elimkd, sj *O*, mira.mira и 5 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.539
    Допаѓања:
    31.546
    Пол:
    Женски
    Животот оди понатаму. Болката нема да помине, ама човек се учи да живее со неа.

    Јас во еден месец изгубив две личности. Тоа беше огромен шок. Бев дете кое не беше ни влезено во пубертет. После некое време починаа уште неколку блиски личности. Не дај Боже родител да погреба дете.
     
    На elimkd, eliesaab, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Јас во рок од два месеци ги изгубив и баба ми и дедо ми, пред 6 ипол години.
    Се уште не можам да го прифатам фактот дека ги нема.
    Не им бев на погребот, бидејќи не бев свесна, бев под инекции и лекови и ми требаше долг период да си дојдам при себе.
    Ми беа многу блиски, заедно гледавме фудбал и серии, заедно пиевме кафе и јадевме палачинки.
    Сега коога им одам на гробишта, знам да седам со часови и да зборувам.
     
    На piksooki, SummerGirl и Algorithm им се допаѓа ова.
  10. Algorithm

    Algorithm Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Машки
    Ќе помине. Сите поминуваат низ тоа. Смртта е дел од сечиј живот.
     
    На SummerGirl и Unique__ им се допаѓа ова.
  11. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.503
    Допаѓања:
    7.403
    Пол:
    Женски
    Оваа тема ми е нај болна;(
    Посебно овој период,декември-март
    Прво татко ми,па мајка ми,исти период.Разлика пет дена и три години.
    Татко ми на 21 март 2008г.мајка ми 16 март 2011г.
    Се ближат 11/8 години,ама исто боли:x
    Легнувам и станувам со иста мисла,тука се,поред мене се,сакаат да ми помогнат,ама не можат:(
     
    На elimkd, eliesaab, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  12. zbuneta66

    zbuneta66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    навистина смртта е дел од животот и знаеме дека еден ден и нас и нашите најмили ќе не нема на овој свет,но не ми е јасно зошто сепак неможеме така лесно да ја прифатиме,како нормален момент .
    Јас ги изгубив сите женски членови од моето потесно семејство . Мајками со која бев претерано блиска и ми беше поддршка, двете баби кои исто така после смртта на мајками а и пред тоа ми беа како втори мајки, мојата братучетка со која бев најдобра другарка. Сега сум мажена и имам семејство,но верувајте итоа како ми фали женска особа од моја страна. Тешко ми е кога ги гледам други .Моментот кога се роди ќерка ми,моментот на свадбата и ред други моменти. Им завидувам на пријателки кои се мажени , кога нешто им треба секогаш имаат поддршка од мајките. Доволно е да се слушнеш во денот на телефон да си поприкажеш маките.
    Имам навистина близина со татко ми ,но мајка е мајка. Сега и кога одам кај моите на поседок ,не ми е баш онаа топла атмосфера,да се осетам како дома,она кога мајка ти ќе те пречека со највкусниот ручек,кога ќе и легнеш во скут да те почешка :) ,кога ќе сака да си поигра со внуката.Иако татко ми се труди во секој поглед да го надокнади нејзиното отсуство и фала му поради тоа,но мислам дека ништо неможе да го долови тоа.
    Премногу рано ми се одзедоа тие моменти. Лошо е чувството кога правиш свадба а немаш со кој дома да си се договараш.(без навреда на сите пријателки што претерано ми помогнаа до најмала ситница и нормално на таткоми и братми кои за се беа тука). Само друго е чувството......Ја нема веќе таа топлина.
    Ја гледам мојата блиска другарка, се нешто кога ќе купи, кога ќе направи ,или што и да прави прво на мајка си и се јавува и многу ми е мило кога ги гледам така,ја чувствувам таа топлина, само тешко ми е зошто јас го немав тоа задвоолство . Ама тоа е, Господ ги сакал при себе...
     
    Последна измена: 12 март 2019
    На anaja1, sj *O*, tedyyy12 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.923
    Пол:
    Женски
    Не можеме да ја спречиме смртта.Таа е дел од животот.Сите се раѓаме,растеме,старееме и потоа умираме. Лично мене смртта на блиска личност ми е многу тешка.Но,животот оди понатаму.:)
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Za prv pat izgubiv bliska licnost pred dve godini a toa bese mojata baba. I ako bese stara i den denes si placam koga ke se setam na nea. Porasnav so nea, taa se grizese za mene isto kako majka mi. Ama treba da ziveeme so ubavite spomeni koi sme gi imale so tie licnosti, oti smrtta e neizbezna. I srekjna sum sto imav takva licnost vo svojot zivot.
     
    Последна измена: 10 мај 2022
    На Guns N` Roses и Anie93 им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.381
    Допаѓања:
    114.578
    Пол:
    Женски
    Како?
    Тешко.Особено на посебни датуми.На родендени и слави.
    Се враќам во минатото кога беа живи, а потоа осеќам болка.
    Доаѓаат тие датуми, поминувам низ стресни периоди, а нив ги нема.
    Многу ми недостасуваат, особено вујко ми.Тој ми беше најголема потпора. ;(
     
    На SummerGirl и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.686
    Допаѓања:
    283.174
    Никако...
    Депресија.
    Еве, со години се влечкам без везе
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.093
    Допаѓања:
    4.420
    Пол:
    Женски
    grief-quotes-1633722572.jpeg
     
    На Guns N` Roses и Anie93 им се допаѓа ова.
  18. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    11.880
    Пол:
    Женски
    Никогаш преболена вујна ми, тек па кога сега на овие години сфаќам колку е рано некој да почине во 30тите.
    Многу ја сакав, ми беше омилена роднина.
    Секогаш кога си одам во црква си палам свеќа за нејзе, мене тоа ме смирува
     
  19. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    18.931
    Пол:
    Женски
    Добрите луѓе немаат век..
    Не сум сретнала до сега добар човек да живее долго..
     
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.703
    Допаѓања:
    9.172
    Пол:
    Женски
    Нема што да правиш, тоа не може да се поправи и продолжуваш понатаму. Некој сам, некој со помош од други. Смртта е составен дел од животот.