Ќе најдеш, полека ќе се научиш да живееш со болката, еве веќе 3 години го правам тоа, татко ми е починат. Ќе се сеќаваш на убавите работи, ќе си се ислачеш ако ти дојде, секогаш ќе не чуваат.
Не поминува никогаш. Болката останува иста, само учиш да живееш и да се справуваш со неа. Ти треба да научиш како да живееш со болката и како да си олесниш малку барем.
Нити ќе помине нити мир ќе најдеш. Работни обврски и тек на живот ќе подзаборавиш сурово ама ја тоа го заклучив. 1 година како го нема татко ми, нити имам мир, нити ме боли помалце, само си давам моменти кога е ок да се исплачам/ отидам на гроб или запалам свеќа па се осеќам” како да сум била со него” после обврски и продолжуваш со живот. Остај се да осеќаш, сеќавај се на убави моменти , време ќе си направи свое..
Пред една недела ме напушти мој најблизок другар. На 31 година. Ненадејно, не шокираше сите. А утре требаше да дојде кај мене на гости.... уште сум во лоша состојба, иако мора животот да продолжи ....
Здраво. Не знам дали некаде има ваква тема , се обидував да најдам ама можеби е поинаку насловена. Како сте се соочиле со загуба на блиска личност ? Не мајка , татко , брат , сопруг/а туку едноставно близок .... Да боли толку да никој од вашето опкружување не може да ве разбере , да ви фали до болка и целото секојдневие и гледишта на живот да ви се променат .... Дали сте почуствувале некогаш нешто дека тие се околу вас ? Како сте ги поминувале деновите ? Во што се нашле бар малку утеха ? ....
Комшивка , предобра личност . Периодот пред да почине ја имавме истата бактерија на желудник и дополнително се зближивме . Бев на зимски распуст кога мајка ми , со тешко срце ( и очигледен страв за мене ) ми соопшти , дека и е пронајден рак на желудникот ... Комшивката беше добра пријателка на мајка ми , немаше свои деца , но имаше премногу љубов за сите деца кои ја окружуваа . Беше ладно фебруарско утро , кога излегував за на училиште , 07:10 наутро .. И се скаменив кога видов ковчег .. Веднаш и се јавив на мајка ми .. Следниот ден не отидов на училиште . Останав дома , да пробам да ја утешам мојата најдобра другарка , бидејkи тоа беше нејзината вујна .. Секако дека не успеав да ја утешам , како и би , кога и јас сама ја имав како некој свој .. Неодамна го посетив нејзиното вечно почивалиште .. Малку си поплакав . Мајка ми не е иста откако ја загубивме , маалото не е исто после нејзината смрт . Просто зрачеше , како сонце после долга и ладна зима .. Недостасуваш тетка Боки . Фала што ми го разубави детството . Чест ми беше што те познавав . Нека ти е вечна слава !
Ова ме потсети на нашата прва комшивка, не беше мажена и немаше свои деца, но со нас беше многу блиска, поблиска ми била од родени тетки и вујни. Кога доаѓаше кај нас на кафе често знаеше нешто благо да ми донесе и да ме праша со насмевка: да не ти паднал шеќерот? На лето бевме кај неа во дворче, имаше преубава градина, на слава и роденден кај неа мислам дека највкусни ми беа јадењата. Тетка ми не дојде на мојата дипломска, со некој смешен изговор, но нашата комшивка дојде и беше горда на мене. Многу ми е жал што не дочека да го запознае мојот сопруг и детенцето наше, мислам дека ќе беше многу среќна за нас. За жал откако почина нејзините роднини повеќе време трошеа на карање околу имотот и парите, отколку на чување на споменот за неа. Што можеа земаа од куќата, градината пропадна и е буквално џунгла моментално, уште се караат за имотот... Нас до ден денес ни фали и зборуваме за неа, не сум била некое време на нејзиниот гроб, но гледам секојдневно да ја спомнам во моите молитви. Среќна сум што била дел од нашиот живот, им кажувам на луѓе каква прекрасна личност била, но фали уште, иако поминаа години...
Има ваква тема https://forum.femina.mk/threads/Како-после-смрт-на-блиска-личност.28054/page-2 Тешко ми беше кога почина мајка ми. Се очекуваше дека ќе дојде до тоа. Болеста беше во терминална фаза. Недостига и после толку многу време. Научив да живеам со фактот дека нема повеќе да се врати. Немам проблем со тоа да зборувам за неа. Не плачам, не се притресувам. Исто е и за другите блиски кои веќе ги нема.
За жал и јас сум меѓу тие на кои им е потребна оваа група, не знам што згрешивме на бога јас и моето семејство, ја губиме мојата сестра која боледува од терминална болест. Се уште не можам да се освестам таа ми е цел свет, мој ментор , главна подршка , мое се. Потсвесно се припремаме дека родителите како што е редот први ќе отидат а со ова човек како да се помири? Мајка сум на мало бебе за кое сами се грижиме со маж ми без помош а не можам ниту да и се израдувам ниту да и се посветам како што треба. Знам дека утеха нема, ако има некој што прошол низ слично да сподели како се справиле , како да најдам сила, како да се преживее со ваква болка
Јас имам изгубено брат, имаше 36 кога почина. Не знам дали е полоша вашава ситуација кога сте во исчекување или нашата што ни дојде како гром од ведро небо. Немам што утеха да ти кажам само мораш да бидеш силна прво за твоето дете па после и за твоите родители, тие сега за вас ќе живеат. И не ништо нема да излечи времето, само ќе се навикнете да живеете со болката. Кај мене поминаа 7 години и уште знам да се исплачам пример затоа што моето дете не го запозна вујче убедена сум дека ќе се обожаваа ама... Поминувајте го времете максимум со неа и мисли дека можеби таму ќе се одмори и веќе ништо нема да ја боли...
Жал ми е за твојата загуба, нека почива во мир. Нема утеха, за жал. Животот знае да биде многу суров понекогаш. Болката за саканите не поминува, само се навикнуваш и се учиш да живееш со фактот дека веќе ги нема.. Единствен совет што можам да ти го дадам е дозволи си да си ги искажеш емоциите, какви и да се. Не ги потиснувај, ако ти се плаче - плачи, ако ти се вика - викај. Човечки е и сосема нормално. Ако ти се разговара за загубата, разговарај со некој близок, па и со психолог ако осетиш потреба за тоа.
Драга Ена те гушкам и многу ти благодарам што сподели, слична ни е болката мојата сестра е 38 години јас сум помалата а претпоставувам и ти си помлада од брат ти. Боли и вашата и нашата ситуација, кај вас шокот бил поголем но барем не се сте го гледале како долго се мачи со тешка исцрпувачка болест како што е нашиот случај и тоа ке остави трауми. Верувам дека сила наоѓаш во детенцето сите упорно ми зборат дека морам заради ќерка ми да продолжам но не можам постојано си плачам таа беше моторот во семејството, без неа ниту еден настан не почнуваше , бевме многу блиски се знаевме една за друга , како дел од мене да фали се чувствувам. Моите родители се толку скршени што не верувам дека ќе најдат мотив за живеење после ова…Да сте живи и здрави со детенцето, вујче си го чува внучето од горе
Да, јас бев 10 години помала од него. Сеуште ти е свежо и тебе и на твоите, верувај колку и да е сурово животот оди, со нив под земја не можеме а вие ќе најдете сила да продолжите. Знам дека ти е тешко ама на твоите уште потешко е, мора да се држиш, имаш голем мотив!
Благодарам на советите и одговорот, на психолог веќе закажав па ќе видиме. за емоциите го немам јас тој луксуз да истагувам како што треба поради бебето, се грижам и за моите бидејќи се во лоша состојба функционирам како на автопилот а во себе како прегазена . Не знам како да се навикнам на тоа како да се живее без најсаканиот човек што го имаш , зарем човек се навикнува на тоа
Мене оваа година многу ќе ми се собере. Прво го загубив мојот мачор, потоа ја загубив баба ми, најмногу ме погоди тоа што бев далеку и често сама со бебенцето па не можев ни да се исплачам како човек. Е сега сум во исчекување и татко ми да почине, па можеби оваа година ќе се заокружи со него. За него искрено не знам дали чуствувам болка поради се тоа што се случувало помеѓу нас, некогаш мислам шта би било кад би било, но секоја негова погрешна одлука го направи своето. После 16 години го видов и тоа најмногу поради брат ми, нормално бев со бебенцето и маж ми. Искрено срцето не ми даваше ни татко да го наречам затоа што кога ми требаше го немав. Не знам колку ќе ме погоди смртта негова, но знам дека товарот ќе е на мене, бидејќи сум во близина. Секако мислам дека повеќе ќе ме погоди тагата на брат ми, сепак неговото срце е почисто од моето и тој го сака, а нема да биде во можност да дојде. За сега најмногу ме боли што во него нема ни трошка каење. Иако не знае дека му се броени деновите, во постела е, барем да го смени неговото одвратно однесување….. и моите емоции се измешани, се уште не сум ни средена со хормоните.
Многу добро те разбирам како ти е. И јас имам изгубено близок, фали и ден денес. Ми требаше многу време да прифатам дека го нема, на почетокот ми беше некако нереално, не можев да си поверувам. Не знам, ете со текот на времето само прифатив дека стварно го нема, ама не престана да фали.. Сакам да верувам дека е на подобро место и дека ме чува. Секоја чест за тоа што си се одлучила за психолог, стварно е храбар чекор зашто мене ми требаше време да се натерам. Ќе биде во ред, слободно пишувај во темава кога ќе ти треба некој за разговор и поддршка.
Не го пишувам ова за да некого утешам, или некој ја жали мојата ситуација, далеку од тоа, за ниту една загуба не постојат утешни зборови.Јас на 22 години останав сам, загубив све за кое дишев, години за кој требаше да ми помагаат кроз животот, бидат потпора, едноставно да имам на кој да се потпрам во било која ситуација, но животот ете имал за мене друг план, да се борам сам кроз целиот живот.Кога ми беше најтешко ја немав на кого да се јавам, кога сите другари/пријатели се јавуваа на својте родители, за било каква помош, јас одев сам, одев секогаш по најтешкиот пат.Па дојдоа депресиите, паѓањето јако на земја, неправди, финански проблеми, анксиозност, затварање во 4 зида, јас 2 години живеев во 4 зида, дали имав 20 пати искочено надвор во 2 години, тоа беше најтешкиот дел после загубата, но човек мора да продолжи со животот, мора да се бори за подобро утре, иако не успеав да создадам свое биолошко семејство, веројатно така требало да биде, со сила ништо неможе, годините се веќе сериозни, не ни размислувам за создавање семејство биолошки, но среќен сум пак, што сум жив, иако имам хронична болест која никогаш не се лекува, само со терапија се контролира, и пак сум среќен што дишам.Среќен сум што најдов партнерка која вистински ме цени, ме сака, ме почитува, па нејзиното семејство е и мое, држете се, животот за нас живите мора да продолжи, а саканите додека дишеме ке ги спомнуваме, сакаме i спомнуваме слава ИМ.