Нека пишат сите оние кои имале односи со дечко и потоа раскинале, сега се сингл или имаат друг дечко, маж...какво е искуството потоа со друг,како се однесуваат кога ќе дознаат дека имало некој пред нив,ако има некое машко слободно нека пише, од нивна гледна точка иако имам слушнато коментари до сега дека ниедно машко не сака скината девојка за сериозно, или за жена..дека таквите им се само авантури.. Инаку јас одев долго со еден дечко, му се предадов иако не требав, се кајам, зашто не ме заслужуваше , а јас будалата од страв да не го загубам го направив тоа. Сега сум сингл, имам 20 години и многу прилики да бидам во врска, многу машки ме бендисуваат ама не се осмелувам да бидам со никој од страв дека ќе се разочарам....
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? Нема потреба да се разочаруваш. Сакаше гледање од машка страна, еве ти кажувам. Сосем нормално е !!! Не живееме во 18 век, така да нормално е девојката да е скината....е сега не да е 15 години и да се има напраено лом .... ама во случајов како што опиша ти, си имала дечко, сте биле интимни - сосем нормално...Не гледам зашто некое машко не би сватило !!!! Се надевам дека ти олесни малце
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? Нормалните,современи и вредни за внимание машки никако посебно. Ете јас се омажив со некој кој не ми беше прв. Така да тие глупости дека машките нема да те гледаат сериозно ако не си невина стави си ги на страна.Живееме во мали средини во кои се се знае. Нормално е дека ако си била во подолга врка никој нема да очекува од тебе да бидеш невина, посебно не со 20 години.Едно е да се распалуваш по градот со кој ќе стигнеш, друго е да имаш зад себе неуспешна врска или врски. Па зарем сите се мажат со првиот. А ако сепак некој ти изреагирал на ова тогаш тоа повеќе зборува за него и неговото достигнато ниво (да не кажам НЕ ниво) отколку за тебе,така да ваков и не ти треба во животот. Уживкај си во слободата место да се грижиш за ова, поминало ова време
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? Ако нему е прв пат а тебе не ти е онда може само да се замисли дали може да те задоволи . Иначе немаш потреба да се грижиш никој не му смета дали си скината или не , важно е да љубовта цвета помегу вас
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? Јас се водам под едно правило и тоа. Прифатиме каква што сум или одјеби!!! Јас не сум веќе со тој што имав односи, но несе ни каам за тоа. На денешно време има многу девојќи кои рано си фаќаат дечко, па од тоа и нема многу невини Многу ретко кој во денешницата зе омажил за првиот. Па така и да ти е втор ич не бери галје. Не ти идело со првиот, си раскинала, па сега цел живот ќе седиш сама затоа што не си невина?
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? Морав да го лажам дека не беше со друго машко,туку дека се сопнав и паднав на шише и морав да му признаам дека го сакам. Се смири,ама сеуште се сомнева.
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? Ќути,една другарка доби шамар и и рече дека не го заслужувала,тој сакал вистинска љубов и чиста девојка. Имал право дечкото.
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? тој шо е современ нема да бара невина, оти сме 21 век и така да нема никоја шо се чува до првата брачна ноќ, а иначе има исклучоци кои барат невини, а тој бил со 100, е извини и ти си му бил прв на некоја, а сега не си со неа, ко си сакал толку невини шо не си останал со неа!? значи сакав да кажам не е се во то, туку работата е шо ако ти одговара чоекот како карактер, ако те разбира и сл. тогаш то и не е толку важно, само праче мрежичка нема да игра толку улога во понатамошниот тек на врската
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? Во врска со болдираното... ХА ХА ХА! Ми се лоши веќе од вакви глупи размислувања. Си имала 20 години?? Искрено кога ја видов темава си викам: "лелее, пак некоја 14 годишна тинејџерка гњави со глупави прашања...." До кога со овие глупави размислувања?? Па машко над 20 години да речеме, искрено не познавам некој што сака невина!! Тоа е муабет кај средношколците, детко е! Не може 25 годишен дечко да бара од мене да бидам невина на овие години, сексот е потреба и доколку се чека мноооогу за него, може психички да се пормрдниш. Најсериозно, исто како да не му даваш на организмот храна, ке се разболиш. Него да не бегам од темата, имаш 20 гдини и не се осмелуваш да бидеш со некој во врска од мислата дека ќе те одбие дека не си невина?? Биди среќна што не си, зошто ако беше уште невина во нивните очи би изгледала како чудак, зошто и за тоа луѓе си има граница! Дете си ми уште во размислувањево, ама ајде ќе сфатиш и ти еден ден. А дотогаш криј се и затвори се дома, не фаќај дечко зошто ќе те одбие за нешто за кое само ти си одлучуваш, за твоето тело! Боже, не ми се верува, никогаш нема да напредне Македонија во некои сфаќања. Ај сега замисли имаш 23 години, и нормално не си невина и си сингл. Ти испаѓа прилика со некој дечко, и ти стварно со сиот памет ќе мислиш дали тој би те прифатил таква?? Нормално е човек да има сексуално минато зад себе, посебно на зрели години. Оној кој го нема тоа минато на тие години, очигледно има некој проблем. И тоа е лошо. А машки што сакаат невини, се или машки до 18 години, или некои набилдани глупави сељандури, што немаат појма од животот, што ги тепаат жените, слушаат турбофолк....ај да не продолжам.
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? Леле глупости кој современ и паметен маж ќе бара да бидеш невина до првата брачна ноќ? Друго е ако си имала односи со пола град, али овоа... Колку мои другари велат дека сакаат да им бидат први на нивната сопруга, а тие молат за е*ење. Аха, значи они можат да прават што сакат, затоа што они се мажи? Ох, сиромашки, кутри, глупави.
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? Еве едно мислење по ова прашање од машка страна што го најдов на друг форум- "pa jas sum masko i da ti kazam nezgodno e koga devojka ke ti kaze deka e skinata neznam nekako za seriozna vrska ako misli da ima so tebe i da doznae deka si skinata ke se razocara"
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? Абе ајде глупости!!! Не дај Боже ако раскинам со дечко ми, немажена да не останам зашо сум скината??? Ова е за во рубрикава најголема глупост која сте ја слушнале... Мислам, извинете вака, ама во кое време живеете...?!? Ако му чини на некој шо сум скината - ОК. Ако не му чини, ќе сум среќна шо сум се куртилила од таков глупак со такви примитивни сфаќања...
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? Јас правев муабет со дечко ми на оваа тема.Ми кажа дека во друштво со некои пријатели ја коментирале дотичната тема и тој рекол дека нема ништо против тоа,дека е најнормално зрела девојка да имала односи со некој претходно додека неговите незрели пријатели кои имаат по 20-22 години рекле дека е глупаво девојката да имала некој претходно,демек колку и да не замеруваш во некоја караница ова ќе се спомнело....Извините на изразот ама ова според мене е срање во боја.Пример,имав еден другар од друг град кој беше со девојче кое имаше претходно двегодишна врска.Него воопшто не му пречеше што девојчето (19 години) претходно имаше друг,а ми кажа дека во градот некои несозреани дечишта ја нарекувале курва девојката.Сељаци,прост народ! - Така ги викам тие таквите,простите машки,глупави..Не знам степенот на глупавост колкав му е,дефинитивно под нулата. Се наежив,се напнав од нервоза. Доколку би се нашла во ситуација да морам да раскинам,не би се двоумела.Има паметни машки на светот кои се доволно созреани и живеат во модерно време.
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? se zavisi od licnosta dali ke se cuva za soprugot ili ne.ne mozeme da sudime na nekoj sto e skinat ili nevin.kako sto sakal taka se slucilo.toa deka si nevina ne znaci deka nikoj nema da te pogledne ili pak obratno.ako si skinata ne ke najdes decko ili pak maz.koj te saka sekako ke te saka i nevina i skinata.vazna si mu ti i tvojata licnost(barem taka treba da bide).poz i ne mu ja misli mnogu tuku najdi si decko.ladno e bre luge treba da se stoplime malku.
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? Лејди19 веројатно типот што го напишал тоа мислење живее во некое затуцано село, живее со неговите кои се строго воспитани, патријахално семејство кое му ги всадува тие назадни и прости расмислувања, нема социјален живот, немал девојка, и едноставно е наивен и прост. Исто како сите други кои го делат неговото мислење.
Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината? Мене ми се допаѓа еден дечко, што прилично фин ми изгледа, и имал долга врска со постара од него девојка...а по ова прашање не знам како би размислувал.. како и да е, се согласувам со вас, кој не може да го прифати тоа, слободно нека си оди