За разлика од вас мажите, ние не сме оптеретени со тоа машкото да е невино. А кај вас е обратно. Па и носот си го дувате.
Искрено мислам дека полека се надминува тоа да машките бараат невини цури,али сепак зависи од менталниот склоп
'Голем алат' припаѓа во изглед, спореди го со изглед на вагина. А ова е сосема друг проблем со 'невиноста' и бројот на партнери.
Јас од машки аспект досега не сум имал можност да бидам со девојка која што е невина. Искрено не би сакал затоа што мислам дека нема некакво посебно задоолство тој прв пат ниту кај машкото ниту кај женското. Другарки пријателки сум имал можност во разговор да ми кажат дека се невини, ама мојата реакција беше сосема нормална и стереотипна во смисла, будали зарем некој ќе ви рече фала, како да они тоа го прават за некој друг а не за себе. Искрено јас мислам дека на невиноста и се придава многу големо незаслужено значење, исто како и на бројот со кој била девојката како да е тоа некој репер. Во приватните разговори со другари и пријатели сеуште никој не успеа да ме убеди и да ми изнесе валиден доказ дека бројот на партнери има врска со карактерните црти на девојката и дека тоа може да влијае на нејзината промискуитетност во бракот. Да упростам, не значи дека ако девојката има многу партнери пред вас дека ќе ве изневерува, ниту пак е гаранција дека ако сте и прв дека нема да направи прељуба. Уште помалку има разлика во гениталиите на девојката тоа дали била со еден или 101 е потполно исто.
Ок ако сакате само да пишете нешто колку да е пишано, ама мислам дека многу е јасно на што мислев. Многу подобро ке беше во порака да ми го посочите да го поправам отколку да правиме тотално небитни реплики и забелешки.
Кога бев гимназијалка ја прашав другарка ми која веќе имала однос, како би ја прифатил идниот сопруг кога ќе му каже дека веќе имала однос и ми вика па ќе си зема некој современ, што ќе ми е некој заостанат, тој ко што сакал да имат секс, така и ја. Ја сум во групата на тие што се чуствуват загрижени поради изгубена невиност.
А, како треба да реагира во ова време??? Воопшто не треба да е тема на разговор ова, а не пак причина за раскинување врска. Како и да , за жал уште постојат вакви изроди, и менр ми се има случено ваква глупост на мои 24 години и да е трагедијата најголема мајка му негова ми се јави да ми каже оти знае за тоа и да не смири Не се смејте само... жива вистина е.
Мислам дека воопшто немаш причина за загриженост туку напротив, треба да уживаш во животот и да го правиш она што тебе ти причинува задоволство а не да се воздржуваш од нешто заради тоа што некој утре ќе рече и мисли. Би сакал да слушнам барем еден аргумент зошто ти би била загрижена или би имала грижа на совест заради тоа што си имала односи? Како тој ќе ти докаже дека е невин? Зошто самата се ставаш во подредена положба дека ти некому треба да му докажуваш нешто?
Бидејќи, некако неубаво се чуствувам, баш и на друга тема поставив прашање и добив одговор " не ни е сеедно кога знаеме дека не сме први " ( од машки член) . Маживе ептен почна да барат девојки што се невини, или е нормално ова или ептен ненормално. Од друга страна можеби и грешам, но би ми било малце непријатно кога би навлегла во сериозна врска и тоа кога треба да се каже, како ќе реагира типот што,како... Изгледа многу му ја мислам јас
Кога треба да се каже, и тој ќе треба да каже и ако 'крши клечки', речи му: Не ми е сеедно што не си невин. Како си можел!?? Сега? Па ја не сакам одвратни ку*иња што се пикале по сечии дупки! Бљак! Заврти се и замини си. Не заборавај, еднаш, драматично да замавнеш со косата и да затрепкаш брзо и јако со трепките
Сегашниот дечко малце се натажи .. Бевме другари претходно и му имав кажано дека не сум невина и дека 4 месеци сум немала секс откако раскинав со бившиот. Ми кажа дека убаво што не сум била со многу туку само со еден. Паметам направи тажна фацичка и ми кажа демек која гордост било да и бидеш прв на некоја. Баш пред некој ден зборувавме на таа тема и ми кажа како некоја бивша му дала на прв обид и му кажала дека и е втор. Јас му викам па на нејзе не си и бил втор ама на мене втор ми си.. Он се смее и вика таму никогаш не се знае , ако не си прв не можеш да знаеш дали си втор,трет,илјадити..
Што не му рече: Не знаеш каква гордост е да му бидеш прв на некое машко. И ако не си му прва, требало и ти да се натажиш.
Знам дека не си се натажила, ама кое право има тој, тебе да ти бара прв да ти бил, втор да ти бил... па и да се натажел оти не бил прв. Ти него не му бараше да биди прв. Машките многу слобода си земаат.. која не им следува.