Да се разбереме .. И јас посакувам да ми беше прв овој вториот ама не е возможно... Бев во врска 3 години со првиот и трпев многу работи. И сепак мислам пак треба да е среќен што е втор. да не заглавев 3 години со првиот кој знае колку ќе сменев до сега.. Ќе имав долга листа ..
Во саламче ќе му сролам 2 3 дијазепама,камуфлажа мала и после ќе му речам дека девица сум само во хороскоп и се ќе биде ок
Машко нема зошто да реагира ако не и е прв на девојката (и обратно). Ама ако девојката рекла дека и е прв, па овој увиди дека не е така е тогаш, Хјустон имат проблем. И најмногу што нервира машко е она правдањето дека си втор...абе дај кажете искрено никој нема да ве гледа попреку.
Гледаат 'попреку' некои. Не кријам јас кој-кој ми е по ред. Само на вториот му кажав дека ми е втор, и не ми веруваше. Баш оти многу жени лажат за тоа... А еден мора и втор да биде.. фак ит
Мојава генерација на машки океј го ,,варат” тоа.Не е до толку табу тема.Не сум чула до сега предрасуди ако некоја не е невина, повеќе има предрасуди ако го правела тоа со повеќе партнери.Фала му на Господ нема толку затуцани мислења. На крај краева мојата невиност е моја приватна работа нема што да се секира друг за тоа.Се додека сум здрава нема потреба околината да се замара со мене. Истото е и за другите, не ми е гајле дали е некоја невина или не.Имам најдобри другарки кои се невини ама имам и кои не се.Пак се истите за мене, барем од едниве можам да добијам совет и да го споделат своето искуство со мене секако доколку сакаат.
Започнал некој со односи на 15 години. Па луѓево ќе речат: е машко е тој.. Не ми е сфатливо по која основа се прави оваа дискриминација. А да беше женско, сосем друг муабет. Точно е дека како женско ти си таа која може да остане бремена ама и машкото има иста одговорност..навистина ова не можам да го разберам. Демек машко е повеќе му работат хормоните or what?
Така е кај нас. Од деца не учат дека за жена сексот е Пу-пу скраја да е.. срамота... нечисто, не треба, не чини.. А за мажите е друг муабетот. Уште од малечки се: Ааа син ми има женска, кажи колку женски имаш.. Тој пижло 3-4 години, на беби-папа мириса, му промовираат 'успех' преку тоа колку 'женски свртел'. И после жените се исфрустрирани и лажат.. Е оти де? А исто имаме потреба од секс, и едните и другите.
А тоа машко ќе има секс со женско..така да и нечија ќерка ќе треба да има односи.. Ама тие не размислуваат така. Ептен ми се заостанати сфаќањава.
Мене како ми е? Генерација ми се.. Замисли јас со вакво размислување, во таков свет сум растена.. Затоа им сум чудна на 'домаќинките'
Јас дева Марија, главом и брадом. Ама друштво , сам си бираш, мори Не знам, таков разговор е бесмислен, освен како куриозитети и тривиа. Не се замарав.
Не е кај нас бесмислен. Има многу конзервативци. Се менува по тро- по тро додуша. Овие младиве се полабави за такви работи. Јас сум сесРана.. Секакво друштво сум имала