Абе кога ќе се изгориш на млеко и на јогурт ќе дуваш Али колку машките гледаат попреку толку и жениве лажат...иако никогаш не сум ја гледал поентата. Крај на краишта од машки гледан аспект доколку сме со некоја за посериозно, и нас ни одговара да е поискусна, барем ќе знае што сака.
Така е Рајан, ама се се учи. Верувам дека има жени со двајца или еден што биле цел живот па се одлични љубовници. Индивидуално е тоа. Некоја со 10 ќе биде иста мрза и некреативна.
Да да потполно си во право, кога реков искусна не мислев на бројот на партнери...Само што нашево општество е премногу затворено за вакви теми, и како што кажа некој погоре, ако е машко ок е да има 50 жени а ако е женско не смее повеќе од 1 во животот... Мене она што најмногу ме нервира е што кога правиш муабет со некој доколку е машко одма се фали дека легнал 20 жени во рок од 3 саати, а женско се прави дека и се гади. И имам една поговорка: "Сите мажи ебачи, сите жени невини"... не иде.
Точно, ама дали ти си прашал некоја директно некогаш? Оти со самото прашување имплицираш дека е важно. Јас не прашував. За сопругот знам, ама па за него какви работи знам ,ова е п.дим
Па не би се сложил дека прашување ја потенцира важноста на ситуацијата, од аспект на осудување на особата која ја прашуваш. Нормално е да прашаш да знаеш што да очекуваш. Барем кај нас машките доколку не сме и први на девојката, многу функционира она глупо машко его да се покажеме подобро од предходниот, а ако сме први да оставиме добар впечаток за евентуалните што ќе се идни. Јас барем никогаш не сум излажал за бројкат кога сум бил прашан, а знам дека ме лажеле и тоа побајаги (посебно фората со вториот ми е омилена).
Па сигурно не би се поставил исто со девојка која првпат има секс или со некоја која е поискусна (безразлика на бројот на партнери)...Плус у човековата природа е човекот да сака да знае нешто повеќе и поинтимно за партнерот (доколку станува збор за посериозни намери).
Уште ли бе постојат вакви теми на форумов? На женски форум, во 2018? Се дури сами себе си правите бајрам во умот и се потценувате, ниедно машко нема поинаку да ве гледа, а оние што ги занима ваква тема и сличните на нејзе, ич нема да ви припарат и раат ќе сте од сељачана. Де забришете само ова темиве, жити се.
1. Зошто не би се поставил исто? Ако е невина секако ќе ти каже, а ако имала 2, 3 или 5, зошто би требало да се поставиш различно? 2. Дали само на ненормални налетувам штом никој не ме прашал колку сексуални партнери сум имала? 3. Да знаеш нешто интимно за некого не е да знаеш колку партнери имала. Тоа е чепкање по минатото. Било, поминало, заборавено. Исто како што да знаеш нешто интимно не е да знаеш што јадела пред 3 години на денешен ден.
Ако претходно имала долга врска не е turn off. Ако некој ја планира за посериозно, а типката била промискуетна тогаш е голем turn off. Ако некој планира да ја користи само за секс тогаш никако не реагираат, т.е. лажат колку се open minded. Испробана и ефикасна тактика.
Mamli, не се сите ко тебе, колку и во твојот солипсистички светоглед така да ти изгледа. Тебе гарант те лажат која стигне, ако уопште идете до фаза секс, чисто се сомневам.
Зошто генерализираш? Замисли таму негде постои некоја 'будала' на кој стварно не му е битно колку бивши партнери имала неговата сегашна сопатничка. Замисли.
Замислувам и никој не ми доаѓа при памет За сериозно се други правилата, за несериозно други. Секој сака до себе нешто со мала километража. Да е така автомобилите со 500 илјади поминати км би вределе 10 илјади евра, а не 1500.
Гарант за толкава километража тебе поише време ти треба од некој просечно надарен.Јер, сантиметар по сантиметар....
Па ваљда не купуваш жена Тоа е разликата. Секоја нормална би си барала маж што ја гледа како нешто повеќе од превозно средство.