Замисли женските да ги гледаа мажите на исти начин ко што тој си замислува дека треба. Продажен салон да му се отвори. И автосервис на ремонт да ги носи по потреба
Не знам зошто му контрате. Во право е, донекаде. Може претера до тоа 95% али факт е дека многумина го имаат истиот начин на размислување, сакале ние или не. Побогу, има девојки што се чукаат во гради дека со еден биле, па за машки што останало да мислат.
Потенцирање дека нешто е точно( во тоа време и на тоа место) не значи дека не е глупаво истото тоа нешто. За во право е, не знам, релативно е тоа. За мене е во криво .
Па никој не рече дека нема такви што мислат како него. И женски и машки. Работата е дека треба да ги нема. Ако тебе ти е во ред некој да те смета за кола, слободно можеш уште денес за дечко да си го фатиш А од ќутење фајде никој не видел.
РЕФ. Само првиот е прв, а сите други се втори. Кога стигнавме до песни за ова,па тоа е таа легенда опеана кај нас,сите други се втори Него што е проблемот па и навистина да си Фтор? А? Ова како идеја за нова тема нешто ми личи
Па така е ако не се пофали колку симпатии има и ако не се покаже слика како држи во рака чаша со пивце и лиже од неа не е МАШ. А инаку машково има 3или4годинки или попрецизно сме 36 или 48месеци Предрасуди што се наметнуваат од мали нозе. После зошто не била невина или ако си и навистина втор зошто лажела таа Ама па и на кој прав маж уште му е битно колку биле пред него. Spoiler: just kidding Mу текнало на мажот да ја праша жената му кој бил тој по ред и таа му вели те занима пред брак или во брак кој си ми по ред?
Дефинитивно моите се криви што сум таква тогаш. Јас на 4 години 5 "дечковци" имав. Си играв со коли и пиштоли. Никогаш не ми беше речено дека нешто не е за женско. Ми се случи, пред некое време, на роденден на блиски личности, машко и девојче (близнаци). Машкото добило лего коцки за поклон, а женското шминки - играчки. Девојчето се збуни, си ги бараше коцките. Сигурно нејзините "залутале" помеѓу другите поклони. Децата не се раѓаат со тие стереотипи, наметнати им се од околината.
Отпиши на тоа дека не му идела математика у прво или фторо кога ли се учеа тоа знацине +/ - < > и = кога у иста реченица користи знак за енаквост на тема кола и жена
Значи повторно моите постови намерно се толкуваат погрешно. Никаде не реков јас што мислам, туку што машката популација мисли. Тоа е мое мислење зад кое јас стојам, може да го прифатите или не ваше право, но не ми понудивте ниту еден разумен аргумент зошто не е тоа така.
Ваљда затоа што не сме им во глава на сите мажи, исто како и ти што не си им. Не можеш да знаеш како мисли машката популација, ама еве видовме како мислиш ти.
Буквално на ова мислев кога пишував. Мислам какво дете ќе порасне од такво машко каде не форсирање туку префорсирање да освојува колку може повеќе женски и лиже пиво од мали нозе? После Цацко е крив,е ај така нека е
Нигде не пишав дека е ок неговото мислење, напротив, моите мислења се сосема спротивни, али си читате само за да вратите. Не можеш на форум да се разубедуваш со вакви особи. Ете, овој беше подиректен со мислењето, али и новиов член сам си кажа дека поинаку се третираат невини и виновни, само пофино и посуптилно. Значи да, повеќето го мислат ова. Ако ти, јас, Петкана, не се сметаме за коли, браво за нас, никое машко нема така да не гледа. А дека ќе им смениш мислење на овие другиве, секако.
Никој не ве гледа како коли. Не си правете драми. За филмови има посебна тема. Еве нема да се служам со проценти. Најголем дел од машка популација сака девојка за сериозно со што помалку партнери позади себе. И кај голем дел од женска популација невиноста се вреднува.
Еве ти аргумент зошто тоа не е така како што велиш ти дека мислат другите. Прво- во брак се стапува се подоцна и подоцна. Просекот на години можеме да го провериме. Не е како порано на 22 или 23. На 27-30 никој нормален не очекува од некого да е невин . Исто има и повеќе разводи. Такоџе погорното и за разведените. Шублер за број на партнери не постои. Рекла казала и вештини не се мерило. За такозвани радодајки што ми е смешен тој збор, значи мажите се радоземци, ох по ѓаволите, тие чак и боље проаѓаат од невините. Ако живееш во Благодарево, се е како што велиш ти. Ама тогаш момата се мажи во Свири.ичино. и се наоѓа чаре. Како да ти кажам поинаку дека си едноставен? Еве...прост си
Мажи, па и жени, кои имаат сериозен проблем со невиност и број на партнери на саканиот, према мене, имаат сериозен проблем со самодовербата. Just saying, tho.
Јас па сметам дека на денешната женска популација невиноста им е само непотребен терет. Ама што знам јас како правачка на драми и филмови Е сега теретот може да се разбере на повеќе начини и е моја генерализација како што некој генерализирано пишува во име на поголемиот дел од машка популација а и за голем дел од женска популација. Чекај чекај кој тоа пишува и за кои поголеми делови од машка па и женска популација се изјаснува?
Едит: Па како реагираат... Ваљда ако имаш 30 и си невина, повеќе ќе се чуди зошто си, отколку дали и колку партнери си имала. Али па што знам ја.... Што ви е бре? А ние тука се средуваме, едуцираме, имаме хоби, се трудиме да напреднеме во животот, да створиме нешто за себе за утре да оставиме некој свој карактерен печат кај луѓе (општо), па компатибилност со партнерот лажат дека требало, а оно само химен да сме имале. Па-рааааам, теоријата за еволуција, па после и сета женска еманципација и борба низ годините, лајна да јадат. *гифче со конфети* Ако мојот примерок од таа машка популација ме праша за бројката, добива огромно црвено знаме, ако не и бришка, посебно ако е одма после 2-3 состаноци. Ако веќе упорно тоа му е опсесија, во идеално општество, му ставаш печат „хроничен неебитис“ на чело (ко предупредување за другите девојки да не си трошат време на него) и си тераш со животот. Е, толку (треба да) е замарањето на женската популација со таквата машка популација. Во мои 12ина години дејтање, само еден, со кој се гледав 4-5 месеци (значи не, голем дел машка популација не се опседнати со тоа или бар имаат common sense да не навлегуваат во тие води) ме има прашано за бројка и оттука тргна надолу. Нему, сирот, му било за јас да прашам „Ај кажи ми ти?“. Премолчив и не прашав, ама сам почна да си се фали дека си ја легнал професорката од основно, плаќал за проститутки у Куба, у кој и град да појдел на излегување, не се враќал без да легне нешто, многу му се лепеле, он ги одјебувал, само топ 1% ги бирал и пак имало многу... Икона дечко, ама... Не треба да спомнам дека контактот со него не траеше многу долго после тоа, нели? Али, затоа па знам за познаничка која бившиот ја носел во црква да му се колне дека ѝ е единствен. Иронично, таквите обожаваат да зборат за своите пројдени и измислени авантури, а оваа ко гуска да гледа од страна и да го правда со „Па, дообро, подобро да се наживее дури е млад“, демек прошол он доста, па сега мене ќе ме земе... Е, това се, децо, опинци од м'же.