Еднаш имаше споредба со вреќа, демек скината вреќа не е за употреба веќе, после за брави и клучеви, сега коли...what's next? Абе самите сте си криви. Ајде јас да речам дека една банана тројца души по ред ја лижнуваат и потоа ми ја даваат мене да ја јадам, а мене ми се згрозува и не сакам да ја јадам Ви одговара? Стварно сте да ме натерате да се мразам ради долнава што ја имам.
Лажат, да.. за да не бидат осудени. Кој почна прв, дали мажите да осудуваат, или жените да се праат 'поштени', не знам.. Ама во секој случај, се тесно поврзани двете работи и имаат корен во ист проблем: Мажите треба да се е*ачи, а жените 'поштени'. Обратно, не е во ред. Во превод.. не е 'нормално' за жена да сака и посакува да има 20-30-50 различни мажи во нејзиниот живот, да има разни сексуални искуства, и уште полошо.. повеќе од моменталниот партнер. Исто уживаме.. и мажите и жените. И нас некогаш ни иди некој вечерва што ќе го запознаеме, да го фатиме и да го 'искиниме'. Маж, не би се воздржал, жена или ќе се воздржи, или после ќе лажи.. затоа што... нели... срамота е за нејзе.. И да не редам други примери. Се' и сешто се имам изнагледано и изнаслушано, што кон мене изречено, што кон мои познанички. Еј.. не е натпревар Види како размислувате. Зошто таков терет да си ставаш од старт? Дада да ти кажи: Ништо не ти треба за да задоволиш жена... само треба да уживаш целосно во она што го правиш. Да се 'внесеш' во нејзе.. и нејзиното уживање. Ако тоа го правиш, таа за тебе уште 1000 пати! Ова е од праисторија последица.. еволутивна маана. Пошто тогаш немало многу параметри за да се одреди дали некој е добар или лош партнер. Било 'мерење' по, кој најмногу лови, кој е најсилен и кој е*е најдобро.. толку.. Сега сме цивилизирани луѓе.. Илијадници различни форми на потреби и параметри се појавуваат. Баталете.. време е Факт е, дека сеуште постои како проблем во конзервативни општества (како нашето), и сосема има потреба да се дискутира.. се додека постои како проблем. Па и од 3ца луѓе да е само. Лелеее.. сам ќе останиш бе... Или ќе се ожениш со некоја која ќе ти биде како робинка. У ствари.. може и тоа сакаш. Те пали да имаш робинка, а не рамна на тебе? Садист си? А? Чизс!! какви мажи постојат.. треба ова да се пелцова Зошто бе да не ве прашаат? Ако се плашите од одговорот, значи се плашите од предрасудата која ја 'носи' прашањето. Нека ме праша кој сака! На сите до еден сум му кажала! Е*ана најприродна селекција! ОД старт знаеш кои се за една вечер, или ни за пиво! Место тие мене да ме 'одбираат', јас нив ги 'одбирам'! Ко дилдоа во излог!
Ниту сум невин, ниту сум барал невина, ниту ќе барам. Но почитувам и немам ништо против оние кои си се чуваат до брак и си бараат сескуално невин/а. Дури им завидувам на телесната воздржливост и високата вредност што ја даваат на сексот и сексуалната чистота. Нивно право, нивен избор, нивна вредност, нивно убедување. Не почитувам дискриминаторски настроени луѓе што велат: „треба да ги снема сите луѓе што поинаку размислуваат или имаат поинакви вредности од мене!“. За жал видов и вакви коментари на темава, од луѓе што се лупаат и гради дека се слободоумни и дека не дискриминираат
Ако сакаш луѓе да почитуваат различности, почитувај и ти. Немам јас ништо против некој да се чува за брак, ама тој некој што се чува за брак, да нема нешто против мене, што не сум се чувала.... Што е случај со твојот пост... коа демек 'не дискриминирам', ама напишав за оние што се чуваат дека се со 'висока вредност', што по дифолт значи, дека другиве се со пониска! Ко ќе практикуваш тоа што го проповедааш... е тогаш ќе ти верувам п.с. Во метража ни го мерите сексуалното искуство.. да му се згади на човек!
А каде тоа јас не сум ги почитувал различностите? Почитување и толеранција од една страна и согласување со поинаквите вредности е сосема различна работа. Јас почитувам и толерирам и немам ништо против хомосексуалци, трансексуалци и флуидни родови, но не се согласувам со нив т.е. имам различни убедувања од нив во поглед на сексуалноста, родот и веројатно многу други работи. Немој да ги извртуваш моите зборови! Напишав и ќе се самоцитирам: „Дури им завидувам на телесната воздржливост и високата вредност што ја даваат на сексот и сексуалната чистота.“ Значи не реков дека тие луѓе се со висока вредност, туку дека тие на сексот и сексуалната чистота им даваат висока вредност. И да, сметам дека сексуалната чистота е висока вредност. Имаш нешто против мојот вредносен систем? Имај си, ама не можеш да ми го смениш. Разберете и прифатете дека постојат и ќе постојат луѓе што различно размислуваат од вас и имаат различни вредности од тие вашите.
Јас еве те сфатив за делов. Ама морам да кажам дека самиот факт што таа такозвана чистота им е важна, кажува до некаде за нив. Плус, самиот термин "чистота" е навредувачки. Оти нели, телото се прља со секој однос, макар и со секој интимен допир. Океј, не можам да ги разубедам да размислуваат како мене, ама морам да признаам дека за мене тие ставови се деградирачки, особено ако земеме во превид дека ради едно кожиче, жената се гледа подолу од тој аспект. А и тие што ценат невиност како имаат доказ за истата? Крв на прв однос? Гинеколошки преглед? Прашувам зошто нема сигурен начин да се докаже таа "чистота"
Мене 'ај пак' ми рекоја Јас па сметам дека океј е некој тоа ако го мачи да си се искаже што поскоро. Тогаш фино ќе прекинеме се што сме имале, па нека си се најдат со некоја што смета дека треба со еден дечко да си до крај на живот и нека си живеат среќно заедно. Да не речам тоа прашање филтер ми е А ако на некоја не и е битно што ја споредуваат со вреќи, брави и коли, бујрум нека си оди со таков човек. Јас ни во лудило не би.
Од каде ја изваде статистикава? 7 и пол милијарди луѓе на планетата, од нив, 3 милијарди жени влегуваат во брак невини. И мравки да не рачунаш? Некако бројкиве не ти се поклопуваат. Исто. Му кажувам со колку сум била и си одбирам јас по реакцијата (покрај другите параметри)... Најдобар филтер е. Уште при првите 20тина минути муабет треба да се расчисти тоа, ич да не губиш време со шовинисти.
Извини, ама ко 15 годишен дечко размислуваш. Додуша, дури и на 15 години мислам дека стануваат свесни луѓето дека е нормално да влезеш во брак "испрљан". За 1ва брачна ноќ се чуваат само жени со стриктнп такви верувања (не се чести ваквите примери) или оние што им договараат брак на 13 години така да не верувам дека 50% од жените се невини пред брак. Многу лоша статистика.
не е ни 50% од жените... сите жени ... пошто рестото се мажи, старци и деца... Тропа глупости. Проблемот всушност не е наш.. негов е.. Пошто во заблуда живее.
Колку треба да сте плитки за да мислите дека жената мора да е невина пред брак. Доколку некоја има таква желба, треба да се почитува тоа но треба и да се почитуваат жените што не размислуваат така. 21 век луѓееее
Ама зошто се објаснувате бре девојки? Помина времето кога жените кои имале предбрачни односи биле валкани мивки, кога 'ниеден маж не сака нечесни' муабети се вртеле, кога мажот бил стопан на жената. Сме еволуирале, еманципирале и осамостоиле. Стварно немате потреба да се објаснувате овде на луѓе кои ваму бараат невина а од друга страна би го брцнале на све што е на две нозе и носи здолниште. Уживајте, никому не сте должни да му објаснувате зошто и како сте имале секс. Ако ви пререкува, секогаш може да му раскинете, па нека си бара невина. Не ви требаат такви, а не ви треба ни да се правдате.
Да, пошто на тие што седнале на женски форум каде 70% овде од девојките си имаат регуларен сексуален живот им влегува во глава тоа Сами нема да останат затоа што има и девојки кои мислат дека невини треба да им се предадат на вистинскиот и да си одјаваат кон зајдисонцето заедно. Нека ги, така си сакаат, така нека си тераат. Имајте си секс и не му се замарајте многу со овие, пак ќе повторам ако на некоја не и смета вреќа и кола да ја нарекуваат, нека си тера со ваков ко Мамли овде.
Тогаш не знаеш математика и да вадиш просек. Не дека јас знам да не ме разбереш погрешно. Во Македонија 55% од женска популација не се Македонки, а плус не сите Македонки живеат во Центар и Карпош. Кога би почнал да рачунам можеби и би се покачил процентот на невини. Во светот не живеат жени само во 7-8 членки на ЕУ каде се промивира таква култура.
Јас се водам по тоа дека светот има 8 милијарди жители. Секаде генерално сооднос мажи вс. жени е 51:49 горе долу. Европа и Северна Америка се водат континенти како условно кажано најлиберална женска популација. На тие континенти женската популација не е повеќе од 500 милиони од 1 до 99 години. Притоа не го земам во обзир фактот дека и на тие континенти/држави не е секаде исто и дека таму има голем дел што не се промискуетни. И кога ќе се додаде дека во Европа и САД денес живеат различни култури, религии, народи процентот на невини дури и се зголемува. Бројот на 3 милијарди невини жени можеби и е премал.