ти рече: Не ми одговори. Зошто би ти било криво? Зошто би го вратил минатото? Која е бенефицијата од тоа да ти е прв секс со некоја?
Ама изгледа ме зезате малце а? Не сум ни ја толкав сељак на прв дејт да ја прашувам такво нешто. Затоа и пишав кога би се работело за нешто по сериозно. Се сложувам со приватност, меѓутоа не може да се криеме позади приватноста за се што не ни одговара.
Малце е глупо... ТРПЕ: Здраво јас сум Трпе мило ми е. ЉУБИНКА: Здраво јас сум Љубинка. ТРПЕ: Ај кажи ми нешто за тебе. ЉУБИНКА: Што те интересира? ТРПЕ: Со колку си спиела до сега?
На кому му значи невиноста-нека си ја бара. Немам ништо против таквите мажи, ама понекогаш (ретко) кога ќе чујам дека некој ја ,,земал,, некоја а таа не била невина, се осеќам како да правам муабет со некој од минатиот век. Да сум јас маж, не што нема да барам невисност, туку ќе барам исклучиво НЕневини
Оди ова кажи им го на муслиманите,па да видиш каков одговор ке добиеш. Немам ништо против ни една вера,да не се разбереме погрешно.
Пихх... Бараат невисност и ја добиваат, не дека не. Ама пак затоа пиватните гинеколози се напунија пари од пластични операции на дунди
Зошто да ја прашаш за број на партнери покасно во врската, за да и е незгодно да те остави? Број на партнери не е интимност која ни требало да те занима туку минато. Единствено што треба да ти е битно е додека е со тебе бројот на партнери да ѝ е 1. Ако веќе прашуваш за бројки, прашај ја и на колку години добила, циклус колку просечно и трае, колку најмногу и каснело и уште милион колку што апсолутно не треба да се битни за вашата врска. Вакви "колку" се заглавувања во минатото, а не планирање заедничка иднина.
Вчера баш читав многу коментари на социјалните мрежи за актуелниов секс скандал на Роналдо во кој нааводно е обвинет за силување на Американка далечната 2009 во Лас Вегас и целото #MeToo движење. Коментарите највеќе доаѓаа од машка популација и најфрекфентни зборови беа: gold digger, slut, hoe, thot, whore. И таму постои голема култура на slut shaming меѓу машката популација и бројката does matters.
Минатото многу зборува за човекот. Не знам за вас, ама јас би сакал да знам какво минато има мојот партнер. Не може се што не ни одговара да го криеме позади минатото и интимноста. Јас отворено кажувам дека немам проблем со ниедна бројка, а доколку она не сака да каже значи дека она има проблем со тоа.
Јас сум опкружена со многу млади дечки (18-25 годишни) и 90% од нив имаат повеќе од 2 сексуални партнерки. Престани со статистикиве.
Море со ова технологијава, мислам дека 80% од младите дечки околу мене имале по 1 партнерка едвај. Јас имам дечко веќе 6 години (трчав уште од средно ) и не сум имала друг партнер до сега. Ама да сум била слободна овие години, сигурно ќе биле повеќе од еден. Имам една купа другари и другарки, само пишат и се лајкуваат по тоа тиндерот, не знаат веќе во живо да се пуштат нит муабет да направат. Сеа си викам ако требаше дечко да бркам, каде ли ќе го најдев Неколку другарки беа на дејт со некои од тиндер, а бре што да ви кажам се сељачишта женско шо немат видено. Машко уште на прв дејт кога ќе ти збори дека имал повеќе партнерки од прсти на рацето, знај дека можно е и уште да не си го "натопил пиленцето". Видоа, не видоа ги избришаа тиндер профилите. п.с. Мислам дека денес повеќе машки има невини, отколку девојчиња. И ако било како реагира кога ќе дознае дека девојчето не е невино, земај штиклата еднаш во дупот негов, еднаш во устата и батали го!