Претпоставувам истата дефиниција за девојка која е промискуитетна, само наместо девојка пиши маж. Или не се исти критериумите?
Дали табелава е океј? Промискуитетна жена е онаа која била со 5 мажи, а промискуитетен маж е оној кој бил со 50 жени?
Prijatelot, како точно знаеш дали некоја е промискуитетна а за себе не можеш да кажеш? Истата мерка што би ја применил на женско твоја возраст.
@Rebecca_R Заедничкото НЗС за промискуитетните личности е комплексот на ниска вредност така што во тој аспект нема поделби. И не, не ти е ок табелата. Ист коефициент треба да има. @Dentina Сосема е ирелеватен мојот одговор. Мислам дека бев јасен во погорниот коментар. Ти не ми одговори на прашањето? Не е културно на прашање со прашање да одговараш.
Знам зошто не ми одговараш. Зашто одговорот не ти оди во прилог Мојата дефиниција не е битна. Јас исти критериуми применувам и за машки и за женски. За моја среќа, а можеби е само мој добар њух, сум немала работа со говечиња со двојни стандарди за себе и за другите, а чак и талентирани биле. И се надевам и за своето дете дека ќе сретнува на патот нешто повеќе од јадници , а ако не, ќе ја советувам како да ги препознае.
Сосема е небитен одговорот а се гледа од авион... Среќна си ти девојка , така треба... еден стандарт за сите. Подучи ги нешто младите девојки , не им фаќа толку кликерот во денешнава дигитална доба.
Аххахаха, не не не..не поучувам никого за џабе. Школа се плача. Свое дете само, другите нека си бараат учител-и/ки. Плус како вели песната- о како је лепо бити глуп. Бај д' уеј, прв ти одговори на прашање со прашање после едно дубиозно тврдење Искрено...не е дека не го знам одговорот. Прашањето беше чисто илустративно. Ај ваљда си и ти среќен ко мене иако малку хипокрит. Важно весели да сме. Јас сум.
Јас сакам невин лепотан, ама не постои убав и невин, се со машки курви имам работа, се осеќа грев во воздухот од нивното присуство. И овие озбилна врска бараат, да ги е*ам, камо да ја заслужиле... Од една страна далеку од тоа дека нешто лошо ми се нуди, фино е така искусен... ама понекогаш посакувам да се сотрат сите блудни. Мислам дека имам Господов комплекс.
Јас имав еден невин, на кој му бев прва,ама не го биваше ич, беше збунет и потресен,многу лошо искуство. Идниот сопруг е 10 години постар,ама си ја знае работата. Боље старо да ме учи него младо да ме мучи..
Тоа нема врска со искуството, нешто како талент е. Тврдам дека интелигентен човек брзо се снаоѓа во секоја ситуација и за се го бива. Инаку, не сакам помлади, ниту приближно моја генерација. Сакам повозрасни од мене едно десетина години, невини, кои физички наликуваат на божества, а карактерно се поитри од ѓаволот. Се во ред со спецификациите, ама невин не се наоѓа. Какво време дојде, невин ни од позади нема.
Се согласувам,особено за постарите,имаат некој шарм кој кај врсник не сум го забележала. А и посигурни се во себе и во своите способности.
Моментот и не е толку битен. Пред се не сум имал ниту јас огромен број на сериозни врски за да прашувам, али кога ќе сфатиш дека некој ти значи и почнуваш сериозно ваљда тогаш е моментот да се праша. Безразлика дали си имал секс со таа личност или не.
Моментот е апсолутно најбитен. Не е толку битно дали ќе прашаш или не, колку што е битно кога ќе прашаш. Ако прашаш пред да имате односи, тогаш во ред, таков си, нејзино е дали сака да има односи со тебе или не. Да прашаш од кога сте веќе стапиле во односи е крајно лицемерно, не само кон девојката туку кон целиот женски род затоа што: 1. Веќе си допринел на тој број, сега е касно да одлучи дека не сака односи со некој кого го интересира нејзината "бројка" затоа што ако раскинар утре тој останува само тоа, бројка. 2. Зборуваш за секс во несериозна врска, значи како концепт и опција за тебе тоа постои, и апсолутно не ти е проблем да имаш необврзувачки секс, ама од друга страна проблем е кога твојата партнерка е над одредена бројка. Дали мислиш дека и мажите мора да внимаваат на бројката или чесноста е строго резервирана само за женското? Дали би сметал дека е нормално ако некоја девојка те праша колку партнери си имал и врз основа на тоа одлучи дека не си за неа и не сака да има ништо со тебе?