Ете мене ме интересира. Сакам да знам. И тие што сум само за секс ги прашувам, не пак за озбилно. Не прашувам дали некоја била подобра... ама ако била, немам ништо против и да ми кажат, и да знам што правела поинаку, па да научам
Абе, некои од нас не живеат живот по документарци и турски серии, па не ни треба статистика. Плус, за сѐ мора да се има граница. Не е страшно прашањето, страшни се прашањата што следуваат после него, а произлегуваат од комплекси на нижа вредност. Изгледа забораваш кој сељачизам уште владее. И @J.F.Ryan сам си кажа дека 90% од неговите другари психички ги измачуваат партнерските. Боље спречити него лечити. Стави граници уште од одма дека нема да одговараш на безвезални прашања, за да си немаш маки отпосле во врската.
На пример ти вели потесна беше, повеќе ја осеќав. Пандорина кутија отварате бе дечки. Јас не викам дека треба да се крие богзнае како ама хахха нека ме прашаше некој, па весело ќе беше мислам
Не гледам турски серии. Не гледам македонски канали воопшто. Баш оти знам какви се кај нас, затоа и им кажувам... Ако е асолен, ќе може да се носи со информацијата и нема да паѓа во трансови. Ако не може.. да си знам веднаш дека не е вреден. Абе многу ми е гајле ако била потесна.. Ако сака, нека и' се врати.. не мора да биди со мене. Плус, каков бенефит имам, ако го мисли нештото, а не го кажува? Никаков.
Ако е асален нема да праша. Ако праша и преќути денес, а за година-две ти се качи на глава со тоа, ти си изгубила година - две на идиот кој не е вреден ни 2 секунди од твоето време.
Верувај.. нема да ти требаат 2 години за таква работа. Сите со кои сум била, знаеле со колку сум имала секс, и за сите знам... Дури и повеќе знам број на партнери, за такви со кои не сум била. Во регуларен муабет ми спаѓа..
Сум ја прашал верувај, и си добив искрен одговор кој само ми помогна уште повеќе да ја ценам и сакам. А ако нема барем мала доза на љубомора тоа е веќе пасивност. Види не се познаваме лично, и не би сакал да навлагам во твојата приватност, но според мислењава мислам дека некој навистина те има измачувано па затоа сега се пазиш од сите...само мое мислење, не ме сфаќај погрешно.
Хахха јас другарките не ги прашувам и тоа најдобрите, ни па тие мене. За нркои знам оти сами ми кажалр без да прашам. Што знам...не ми е во важни работи што мора да го знам. А има такви работи, да не испадне ништо не ме занима
Зборуваш ко да не си била во врска со социопат со години. 3 години подоцна преку нос ми има извадено работи што му засметале во првиот месец од врската. Не заглавуваат со години девојките во трули врски затоа што сите веднаш со кажуваат што им паднало на памет. Барем ти би требало да знаеш подобро.
Е јас сум од тие што си кажуваат сами. Баш оти сум била, знам.. Прв ми беше, па не му чинев... и тоа си го покажа многу рано.. веднаш после првиот секс... 3 месеци во превод. После него, друг таков немам сретнато.. Ама секој нареден, унапред знаеше дали е втор, петти, десетти или петнаесетии.
Ок, ама почитувајте ако некој не сака да одговори на тоа прашање. Ги прашувате и колку заработуваат? Или чекате сами да ви кажат. Не знам, не судам ама па за мене е дисквалификација ако некој баш нешто мора многу да знае. Како па да не. Фаќу Ако сакам, сама ќе кажам.
Нема потреба од љубомора, сите имаме минато. Не знаеме кој по ред ќе биде 'онај вистинскиот' или 'онаа вистинската', па да чекаме и да се надеваме. Не прашвам за плата. Видиш.. не ме интересирало. Ама рака на срце, ако каже што работи, од прилика знам колкава му е платата Не те барам за озбилна врска.. еве.. не мора да ми кажиш со колку си била
Прашањето е крајно некултурно, али поентата е што за истото, еден човек на кој му се битни бројките, ќе има многу подпрашања, кои ќе имаат се поосудувачки тон за да на крај се доведе у прашање 'поштеноста ' на жената. Знаеме кај живееме и со какви луѓе, да не ја идеализираме околината.
Чекај.. исто и јас ќе прашам за бројка, па ќе поставам уште 100 потпрашања... И не осудувам.. сакам да знам. Зошто и вие не ги ставате на 'исповед'? Стварно не осудуваат сите.. најстварно.
Нема потреба да го ставам на испитна клупа. Бројка ќе се спомне, ќе се каже. Не мора експлицитно да се прашува и да се бара одговор. Неќам никој да ставам на испитна клупа и да му го гледам сељачизам како му извира од очи. Ако е нормален и нему ќе му бидат неудобни прашањата. Значи нема ни да ги постави затоа што нема да сака да ги одговори истите тие прашања. Ако е доволно "храбар" да ги постави, ќе следува "шта сам све ја јебо" фалење од негова страна и докажување колку е тој мачо мен. Сакаш кладба? И на крај прашање: "кој ти беше најдобар?", "Кој имаше најголем"?
Па не е здрава психа ако на дечко ти некоја му праќа голи слики ти да не реагираш...идете од крајност во крајност со муабетиве. Не зборувам за болна љубомора со контролирање на туѓи животи, али ако не те допира ништо тоа е дефинитивно незаинтересираност. Инаку да не сум имал многу сериозни врска, моментално сум во една и сум го поставил ова прашање и добив искрен одговор.