Тоа ми е поентата не вајлд. Ама ретко се покажуваат од еднаш. Затоа е убаво уште одма да си поставиш граници. Дека не мора сѐ да се праша и не мора на сѐ да одговориш. Никој не вика да криеш колку партнери си имал. Кај и да е ќе излезе бројката. Ќе се збори за претходни искуства. Ама сите обично почнуваат од малку и секое следно прашување е малку повеќе. Додека не ти влезе под кожа и дури и да ти рече скокни од мост за да докажеш дека ме сакаш - ќе скокнеш само за да не те праша "А зошто не сакаш да скокнеш?" Со толку успеваат да исперат мозок што буквално губат девојките свое јас и дозволуваат рандом социопат да им го крои секој дел од животот. Заради тоа не се поставува прашањето. За да има некои граници дека не мора сѐ да се праша и сѐ да се одговори. Не затоа што е тајна или срамота.
Прв пат да се сложиме. Ама мора и ти да се сложиш дека ако те праша не значи дека подоцна ќе стане таков.
Не значи, ама никој до сега не ме прашал. А ако ме праша од инат ќе му одговорам со "Зарем ти е битно?" и ќе гледам како лицето му ги менува сите можни бои.
Не сум злобна, претпазлива сум. Колку порано сфати дека нема да добие одговор секогаш и на секое прашање, толку подобро.
После него, се научив побрзо и полесно да 'детектирам' такви. Кажување на бројката после тоа.. не ми одмагало, ми помагало... Уште пред да 'влезам' во врска.. било каква, дали површна или сериозна, разговарам за се', меѓу што и неговата и мојата сексуалност. Уште во тие разговори ќе го поставам прашањето за број на партнери и ќе му ја кажам мојата бројка. Тука веќе ќе се разграничи, што мисли, како мисли, и за што му сум/не му сум 'интересна'.
Ама забораваш дека твојата врска не е "обична" и дека преференците кои ги имаш е нужно да бидат разграничени пред да се случи било што, пред и да се започне врска. Ти со прашањето алудираш на максимална отвореност, "покануваш" други луѓе во врска/брак. Ја отвараш. Во затворена, традиционална, моногамна врска, нема место за трети личности, па дури и како прашање. Тоа е веќе вклучување на други лица во врската. Тотално беспотребно. Нема бенефит од тоа.
Па не е баш така. И други врски имав.. помеѓу тој првиот и сопругот, кои не беа отворени, па пак истиот пристап го имав. Додуша... секој кој ќе ме праша со колку партнери сум имала секс, кажувам... не само на партнери и потенцијални партнери.
Ама да ти одговарале тие врски ќе си останела во нив Колку луѓе - толку карактери. Не можеш да знаеш кој што мисли. Ако за некој е задолжително прашањево, ќе си најде некој што сака да го прашуваат. За секое тенџере - капак. Јас реков, немам некоја бројка ама да ме праша не би одговорила. Ако инсистира или се лути затоа што не одговарам - би го оставила. Ама јас сум дама, строго пазам на манири и бон тон. Карактер е тоа, не се раѓаш таков. И мојот партнер мора да има манири. Преференци се тоа. Секој со своите.
Абе шо... манири и бон-тон Кога имаш пак секс со некој, гола те видел, малку касно е да се зборува за манири, приватност и не знам што.. Иначе, нормално е дека нема секоја врска да успее. Мислам.. треба да имаш невидена среќа да се 'погодите' уште со првиот. Многу се преценуваш.
Pogresno ke bidam sfaten ama najvise se iam zaljubeno u devojka so priblizno Moe iskustvo so ne e malce ... Do licnosta e...