1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како реагираат машките кога ќе дознаат дека не си невина?

Дискусија во 'Секс' започната од lady19, 14 декември 2010.

  1. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    А што па он би имал да реагира некако? Ако уште очекува невина девојка, не фала, значи е некој заостанат
    сељак
    а таков не ми треба, утре да мисли дека низ г*з може да ми го извади тоа што не сум била невина, да ми забранува да излезам и слично. Контакти со такви заостанати особи не ми требаат.
     
  2. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    Ха ха ха ха :D :D :D кај мене беше истиот случај ха ха ха само јас немав тогаш 18 туку 17,ако дечкото ти е при здрав памет нема да реагира никако оти е нормално,ако со бившиот дечко што си одела да имаш односи,така денес еве јас сум со дечкото 3 години и ми е преубооооо и не ми изреагира никако оти е просто.
     
  3. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    Добро е Мона сфативме,смири се :D
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    леле што ми се дешава мене цело време ми излегуваше како да не ми се пушта сега ке ги избришам
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    А зошто би го интересирало тоа? Искрено многу ме нервираат такви примитивни и заостанати размислувања. Ако јас сметам дека треба да му кажам дека не сум невина, ќе му кажам. Моја работа е со колку сум била јас пред него, а нема зошто тоа да му смета. :)
     
    На WildCherry и mona.s им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    Некои бегаат како од чума и те етикетираат како лесна и ку*вичка.
    Некои се радуваат, зашто мислат дека си лесна и ку*вичка и конечно ќе легнат нешто.
    Некои попречуваат две прачки, коваат крст, на кој сакаат или да те распнат заради овоземните гревови, или да ти го прободат во чело или срце.

    Сите горенаведени примероци премногу гледале филмчиња од типот на македонска крвава свадба и идеална мома за женидба им била Цвета; премногу се под влијание на мамичка и нејзините проповеди за морал, чесност и сакраментот наречен - строго бела домаќинска гаќа; ќе ги сретнете насекаде, немој да се лажете дека се само пред екс Арена или Гранд, ги има вамте-тамте, немаат само основно или средно, некои имаат и високо образование и го преферираат Тиесто пред Аца Лукас.
    Воглавном, тоа е таа група, која мисли дека жената треба да е роб, која ќе го пере, пегла, ќе му чисти, готви, ќе му послужува кикирики додека гледа фудбал, ќе му чува дечиња и не смее да зуцне!
    Ниту да облече миниЧ без негова дозвола.

    Така реагираат тие машки.
     
    На Micheleljubov, barbie-hilton, baguf4e и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    2.410
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    Хаха колку убаво објаснето. :up:
     
  8. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    Како би требало да реагираат ???? Некаде на почетокот една форумџика напишала дека нејзиниот дечко плачел ???? |( Нема како да реагира туку има да го прифати фактот дека пред него си имала врска, си имала некој спрема кого си имала чувства и си се препуштила тоа да те води и се случило .Искрено денеска и не е многу важно дали си девица ете и самата си пишала дека со тој со кого си ја изгубила и не те заслужувал значи не го ценел тоа што си му ја подарила својата невиност инаку би дал се да те задржи покрај себе .Немој да си дозволиш оваа прашање да ти биде кочница затоа да започнеш нова врска кога ќе дојде време ќе разговарате ќе бидеш искрена и готово толку и да го лажеш да му речеш си девица ако е некој кој поминал секакви во животот ќе забележи дека го лажеш и нема да му пречи тоа што не си невина туку тоа што го лажеш и ќе си помисли дека тебе нема да може да ти се верува и ке си направиш сама проблем за најнормална работа .
     
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    И тој со цел памет ти поверува?
    Алал нека му е :rofl:
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    Проста маса бе :|
    Ќе пишам накратко искуство на една моја другарка која одеше точно една година со момчето кое впрочем имаше прости и затворени сфаќања во поглед на овие, па јас би рекла и на ред други работи кои јас ги забележав тие некои 5-6 пати што го имав видено.
    Биле кај него дома некоја ноќ и дечково почнал да ја допира, да и кажува колку ја сака, бла бла бла...
    додека не дошле до главното.
    Откако завршиле многу не коментирале околу настанот, но утредента другарка ми станала да се измие во тоалетот и на огледалото чита со големи букви напишано:

    курво!!!

    Буквално вака од страна на нејзиниот дечко со кој како што напоменав одела точно една година! :fubar:
    Другарка ми шокирана нормално, го бара низ станот за да праша во што е проблемот и не го наоѓа, со што си ги собрала работите и си заминала сета потресена и тажна.

    Е сега во што било работата?! |(
    Работата било во тоа што дечково МИСЛЕЛ дека е претходно скината бидејки утрото кога се разбудил да и направи доручек НЕ забележал ниту дамка крв на постелата, :x па најтрагичниот момент во целава сторија е што всушност другарка ми претходно немала сексуални односи меѓутоа сепак не и течело крв.

    После сето ова не е важно што бидна со нив, но зборот ми беше дека навистина овој т.н. балкан во вистинска смисла на зборот е едно заостанато, на моменти нецивилизирано делче од целава ни планетичка земја.

    Не се шегувам, случкава ме натера да се замислам дали воопшто ми е потребен маж во мојов живот утре. Бидејки да бидам искрена, од моево досегашно искуство сум налетала на куп погрешни. Плус ако го земеме во обзир тоа дека речиси сите се чат-пат исти (сите сакаат да е*ат а легнат невина), ме тера целава ситуација уште еднаш да си размислам за мојата понатамошна определба. За среќа па, open-minded сум па наскоро може и да немам ништо против :)

    Да додадам - не би си го отстранувала своето ,,ткиво'' само поради некој кој жените ги гледа како розови девици. Всушност, можеби, доколку и тој извади некој екстремитет од телото, на пример пенисот :D
     
  11. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    Не дај боже да ми преговара некој за тоа, јас ќе му раскинам не тој мене ова е 21 век и сигурна сум дека сите сме воделе љубов со некој кој ни значел ама ова си е балкан заостанат, ги жалам девојките кои мораат да трпат сешто затоа што се заљубени во идиот.. Мојот дечко не ми преговараше ништо фала богу современ е и како што напишавте погоре слуша аца лукас хахахаха :D Нека си бараат невина тие што се невини :!: ако најдат :rofl:
     
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    Јас за прв пат имав односи со дечко ми со кој сеуште сме заедно! Чекав ја принц некој и оп ете го коњот ...упс...принцот!! :lol: Ама ако недај боже значи некогаш се најдам во ваква ситуација е тогаш колам, бесам !!! :@ Како што дечкото (кој ќе се к*рчи зошто сум скината) сакал да е*е што повеќе, така се нашол некој што сака истото да го прави со мене, па и јас со него!! :lol: А, ако сака невино девојче и да покаже дома пред тато и мама (не буквално) бел чаршав тогаш нека си фати некој од 12, 13 години (пошто се над овие возрасти е скинато :lol: ), нека си ја одрасте, па нека си ја е*е кога сака и нека игра оро околу крвта!!
    јбт
    Па 21ви век сме сега, што да правиме! Секој има потреби и не само тоа, туку еве идеме со дечко ми две години многу јасно јас имам скоро 21 тој скоро 23 години и тоа е нормално дека и на двајцата ќе ни се присака, а од кај да знам јас што ќе биде понатака и дали ќе останеме заедно! :?:
    Можда требаше да чекам прв брачна вечер па тогаш ајде тато давај клучот, дојде време катанецот да го отклучиме!! :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На MoreNa-22, Elenor и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    Немам некое големо искуство во соопштување на ваква „битна“ вест, но на Петко не му соопштив сам си знаеше, немаше што да го подгвотвувам „Знаеш Петко јас имав живот пред тебе и ја изгубив невиноста...“

    Па Боже мили, незнам од која планета паднале таквите на кои невиноста им значи многу, како успеале да се телепортираат во денешно време од 50-тите години во кои тие живееле.
    Неизживеан и мутав е, ако крева галама, се лути и е навреден и повреден зошто ти не си невина.

    Па преку Ѓоко невина, виновна ако се сакаме ќе се сакаме и без кинење химен, тие неколку капки крв ќе се исперат, нема ваљда да го урами чаршавот и да го закачи во дневна како животно достигнуче.

    Ако е нормален момакот нема никако да реагира, ако е некој закоравен младич со конзервативни сфаќања ќе биде повреден.
     
  14. daence.To

    daence.To Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

     
  15. Franklin

    Franklin Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    ноемално е секое машко да се разочара, но не и да ја остави или пак да ја плука, тој знае дека некој имало пред него и му паѓа малце криво, вие треба да го сватите и полека да му објасните потоа се ке се смири и нема да му пречи, вие кога му кажувате ако го видите некако натажен, тој одма за вас е заостанат, одма да си најде некоја друга. Тука многу грешите, ни треба малце време да сватиме и потоа се е нормално, се разбира ако е силна љубовта нема проблеми во оваа тема...
     
  16. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    Неколку прашања:
    1.Од што е нормално секое машко да се разочара, дали од тоа што цурата имала живот пред тебе?
    2.Што да му се објасни. односно што има за објаснување?
    3.Што мислиш ти, ако девојката тебе не ти е прва, дали она се чуствува повредено и ти изгледа натажено?

    Имам уште прашања, ако не ми одговориш ќе те сфатам и зашто.
     
  17. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    Ах бре, па и вие страшна работа, со ова ли се замарате? И самото прашање нема смисла, како реагираат машките? Па секој различно реагира, фала богу, од каде го знаеме ние дечкото на некоја па да знаеме како ќе изреагира? Таа самата треба да го знае каков е. И мислам дека детево погоре убаво си кажа за него нема потреба да го напаѓате, тој не ги навреди девојките што не се невини. Само си кажа како тој си ги сфаќа работите,сега ако се разочара тоа е негова работа и негов проблем..
     
  18. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    На мене мислеше така, ај сега ќе ти реплицирам бидејќи ми се обрати. Откако го пишав мислењето, видов дека стои на профил 17 години, но намерно не редактирав, за да не навредам врз основа на години и да му оставам простор да се искаже и да подискутира, за тоа е форумот. Мислам дека во ниту една реченица не го нападнав, не нафрлај така зборови.

    За темава каква е, таква е, чим стои - нека тече дискусија.
     
  19. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    Да на тебе мислев но во делот кога го спомнав детето. Што се однесува до темава, колку луѓе толку различности и мислења,според мене немаат тука годините врска, не можеме да знаеме кој маж што сака тоа е премногу стереотипно според мене,сите во ист кош да ги редиме,читам овде заостанат маж сакал невина девојка, епа девојката баш во него се заљубила, сега тоа е, бил тој навистина заостанат или не.. проблемот не се решава вака..само во врска со детето, не рече ништо лошо за некого и не навреди јас колку што разбрав
    , само си кажа што тој би сакал и како би сакал, го напишав ова не поради тебе, туку да не се развие дискусијава во погрешна насока, па да не стане понатаму детево предмет на расправа
     
  20. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Како реагираат машките кога ќе дознаат дека си скината?

    Се разбравме, нажалост не може да се спречи било која дискусија да отиде во погрешен правец, самата кажа - триста људи- триста чуди, а тука сме да дискутираме баш поради различните мислења и поинаква перспектива, нели?!

    Некогаш не можеш да доловиш од неколку реченици што сакал да каже авторот, во мој случај работеше љубопитсвото па си поставив прашања. :D

    Во секој случај, секој со своето мислење, ја не би да кажувам на некој дали неговото или моето е право, чист интерес мој е поинаквото мислење и како е дојдено до него.

    Поздрав до тебе.