Пушев еден краток период у средно моите кога дознаа ми ги фрлаа цигарите во ѓубре колку само нови кутии фрлени имаше, па после морав да ги кријам
Pusam veke 2 godini i tatko mi ne saka ni da cue..A inace znae deka pusam, a od majka mi ili drugi voopsto ne se krijam.
Пушам веќе 3 години, мајка ми порано беше против сега прифати ама не дозволува да запалам пред неа. Татко ми уште првиот месец ме фати дома и ми врза шамар, потоа само ми ги крадеше кутиите.
А како вашите реагираа кога дознаа дека НЕ пушите ( цигари )? На моите до ден денес не им се верува дека не пушам. И прв пат пробав цигара пред две недели, на 24 години. Ништо посебно.
Исто. Имам пробано и се тоа, и тоа отворено им го имам кажано зошто обично не зборам за мене кога сум дома, ама ако ме прашаат одговарам најискрено, и не бе, не ми веруваат. Јас скоро ќе умрев, овие сумњат дека пушам.
Пола збор не смеат да ми речат си пушам цигари пред сите и не ми е галје што ке речеле. Инаку пушач сум 12 години
Позитивно реагираа, уствари почнаа и да се зезат со мене. Мама ми нуде цигар, тато ми бара цигар и така.. Абе ептен кул родители имам
Ne bea ramnodusni no, prifatija. Eve do den denes majka mi koga nema cigari ,a ja mrzi da odi da si kupi si zema od moite
Татко ми е сеуште против пушењето, сеуште не сум запалила пред него цигаре, а неговата реакција би била би ти го изгорел од јазикот не е битно колку години да имаш. Мајка ми реагираше сосема спротивно не и сметаше, бидејќи и таа на млади години запафкала, само ми кажа секако да не кријам од неа додека бев помала со приговор „Зимај од мене цигари, или сама купувај“.
Кај мене мајка ми ме научи више,ми ја најде пепељарата под креветот се уплаши една недела ја немав истресено само зборува ќе те кажам на татко ти,на брат ти,врврврвр мене од тука ми флева од тука ми излева а од татко ми страв имам само еднаш ми е кажал ако те фатам со цигари ќе те згазам и скршам од ќотек па се надевам нема да ме осети
Пушам веќе 4 години, татко ми само сумља, а тоа да ме виде со цигара, нешто слично би реагирал како твојот, но пред се дали уопште дома ќе ме фати. Имам 19 години и сеуште се понаша како кога имав 10..
^Родители ... ако знај едниот родител знај и другиот, невозможно е да не знаат. Можеби почитуваат тоа што не сакате да ве видат со цигара. Сепак тоа е мое мислење зошто 2 и 4 години искрено не се малце да прајте нешто и домашните да не сетат или ако едниот сети, другиот врска да нема.
Не ме фатија сама си кажав Немав забрани или сл раб. само ми кажаа штетно е ама немора да се криеш ако веќе пушиш,запали си заедно со нас