Хахаха не сум пушач ама сум пробала. Едно лето со другарка ми бевме на плажа, и пошто плажава многу ефтина беше, се фрцкавме, пивце, јадење, кафе, салати овошје, свашта изнарачавме, и вика ај да купиме цигари, ајде и викам (а возрасни јас 20г. таа 23г.) и си купивме Родео меко (во сина опаковка, не знам кои се) и си запаливме онака чил.. Си идам дома, и тетка ми брзо да ги извади крпите да се сушат, и оп паднаа цигарите.. И ми иди, чиј се цигариве? Мои и викам,леле жената се замрзна.. Ти пушиш ми вика, како не ти е срам ми вели, зошто и велам не се украдени, си ги купив,сега ќе и кажам на мајка ти... И седиме в двор надвор и доаѓа мајка ми и и вика: овааа твојава пуши цигари.. И мајка ми ладна ко туш, е ако де.. Нејзино право, јас на 20г. дете имав.... Тетка ми ќе се шекнеше за малку таа очекуваше дека мама ќе ми вика ова она. брат ми сеуште се крие пред неа, а пред мајка ми пуши
Кога наполнив 16 години почнав да си купувам цигари и да пушам. Предходно така се гребев 2/3 цигари во неделата дали ќе испушев. Еден ден мајка ми ме осети дека мирисам на цигари и ме праша дали сум пушела. Кажав Да. Три пати ме праша мислеше дека ја лажам. Два пати одговорив Да, третиот пат и реков Не, и преќина да ме прашува. Почнав да пушам пред родителите денот кога правев веридба. Не изреагираа никако. Од 16 години до 25 пушев, веќе не, се откажав.
Истото го слушнав од мајка ми . Татко ми дозна откако го родив син ми . Пушев од 15 до 17 , ги прекинав за време на бременоста . Откако родив , на 18 пак запалив цигара и до денес не прекинав . Само намалив . Од 2 кутии дневно, стигнав до една на два дена .
Мајка ми ,со цигара у рака, ми промрче да не сум нормална што пушам ,а татко ми па на неа и рече-ти си нашла да и кажеш
Прв пат почнав да палам по некоја цигара во втора средно па еве околу 15 години чат-пат го практикувам тоа а дома се уште никој ниту слушнал ниту видел. Рекорд држам во криење. Шала на страна не се кријам ама не сум ни некој активен пушач. Може да се случи на некоја искачанка да испушам по 5-6 цигари уз пиење а после со денови да не запалам ниту една.
И да сакаа да реагират неможеа на друг начин,на 29години пропушев Само кога ме видоа се изненадија...
Со цигарите започнав на 18 се криев можда два месеци и одлучив ќе запалам пред моите па што сака нека биде ( мене пушачи нема што да ми кажууват да не пушам ) Кога видоа само добив совет цигари пуши само не почнувај со дроги.
Пушев од 15 години до 21-22 некаде.. Татко ми дојде во школо и ме барал, служителката рекла долу е на пуш-пауза . Кога си дојдов дома ми удри неколку шлаканици (првпат во животот, на 17 години)...