Има тема за имиња на миленичиња, па затоа решив да отворам тема каде што можеме да кажеме како се викаат нашите миленичиња.. Спојлер Ако е дупла темава или слична со горенаведената во корпа секако - Моите мачиња се викаат најстарата Еми, и помалите се викаат Цлцката(Срцката инаку) Мила и Бела.. Го имав и Марко ама незнам кај отиде, избега и си замина.. Како се викаат вашите миленичиња!?
Мојата мачка Пуфи се вика официјално, а неофицијално: Пуфачка, памукче, пчеличка, ваниличка.. Како ми дојде во моментот, така. Најчесто на "НА" се врти!
ИНДРА- името потекнува од индиската митологија , Индра е бог на војната и времето истотака е и крал на боговите и господар на небесата во хиндуизмот, се смета и за бог на грмотевиците иии то .....
Mojaта најмила се вика Лара. Инаку си го имаме и Чак Норис, Полат Алендар (ако се пишува вака ) и Мартин. Спојлер Kума сум само на Лара, другиве брат ми ги унакази
Стеве - морското прасе, Нона и Волчко кучињата, а тоа што го имавме малецкото кутре ни се викаше Вибо ама ни умре