Лола си ја крств кучката, многу и одговара името, лесно е за изговарање и не се вика секое второ куче така.
Мачорот ми носи славно име на јунак - Хектор штета што е поим за мрза и страшливост.. бега дури и од муви
Кучето ми е Бруно, големата мачка (мајката) е Ѕверка, малиот мачорко (син и') е Пумба. Имав бета борец риба и ми се викаше Бети, ама ми умре.
Чувам мачка која по однесувањето тешко може да се категоризира за таква.. Повеќе и одговара рис, дeфинитивно. Прво ја крстив Том, оти мислев дека е машко. После тоа излезе дека е женско, па ај, Томи, ова она, смислував нешто. И на крај кога ја однесов на операција за да ја стерилизираат, излезе дека е хермафродит И од тогаш почнав да ја викам Мица, баш и стои името. Полошо, попогано суштество не се виделе. Чудо на животинскиот свет... Еее, што не ти прават хормоните...