Како се информирате?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 15 јануари 2020.

  1. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    7.368
    Пол:
    Женски
    Сметам дека денеска луѓето не одделуваат доволно време да се информираат правилно, што е иронично затоа што сите знаеме колку е полесно да се дојде до информации, што е исто така иронично затоа што сите знаеме колку е потешко да се знае која информација е точна, а која не е.

    Затоа, ме интересира како и каде се вие лично информирате. И би било супер ако споделувате конкретни веб сајтови, јутуб канали или што и да е, затоа што едноставен одговор како „интернет“ не значи ништо, 90% од нас дознаваат нови работи преку интернет.

    Прашањето не се однесува само за нови настани во светот и политика, се однесува и за ваши лични интереси доколку би сакале да ги споделите - информации од секакви области (наука, активизам, историја). На пример, ако ја следите NASA затоа што ве интересираат работи од таа област (прост пример). :D

    Па, споделувајте.

    Јас лично почнав да читам повеќе за историските периоди,во последно време, повеќе од она што сум го знаела од општа култура, со акцент на уметноста и општо животниот стил, ако некој има добри извори за такви работи нека ми каже pls. :D
     
    На Briar Rose, Angie1432 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.137
    Допаѓања:
    23.601
    Пол:
    Женски
    Отварам разни сајтови, гледам Ју Тјуб клипови. Читам и на Википедија, ама таму не се баш точни сите информации. А нешто и од фб наоѓам нешто.

    Beauty Studio....на фб имаат страна и доста интересни клипови.
     
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    44.981
    Одлична тема.

    Во целиот денешен хаос од точни и неточни информации, релевантни и нерелевантни извори и бомбардирање со податоци и вести од сите страни, клучно е да научи човек да го филтрира она што го чита.

    Интернетот е клучна алатка денес и може да се искористи и за добро и за лошо. Затоа не прифаќам кога луѓе генерализираат и ги омаловажуваат информациите пронајдени и добиени од Интернет.
    Интернет користам секојдневно, повеќе часови во денот и секако налетувам на се' и сешто. Со тек на време научив да го проверувам изворот на тоа што го читам. Кој, кога пишувал, дали е застарена информацијата. Научив да препознавам и да разграничувам субјективен став од факти.

    Библиотеките секогаш ќе останат одличен и незаменлив извор, само за тоа е потребно повеќе време и трпение за да најде човек тоа што бара.
    Порано купував списанија, сега не се сеќавам од кога немам купено, ни списание ни весник:tmi:

    Youtube може да биде интересен извор кога на човек не му се чита многу, но и таму има секакви:D

    Во некој следен пост ќе споделам интересни страни, линкови. Сега само општо :)
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    5.679
    Денес баш во групата на фб што е за атеисти се препукуваа бидејќи некој член постирал лажни вести од некој сајт каде беше напишано : Iceland declares all religions are mental disorders. Прво кога се објави тоа сите коментираа, ја поздравуваа веста. Денес кога некој всушност добро истражил и анализирал објави пост и таму имаше караници по коментари.. Немам некои посебни страници каде се информирам. Пишам на гугл и што ми излезе прво. Кога ме занима нешто за здравје читам на Healthline, дневни случувања на infomax.mk и онака отварам портали ако ми излезе нешто.
     
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    1.790
    Пол:
    Машки
  6. Stressed Out

    Stressed Out Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    3.117
    Пол:
    Женски
    Google и само google,гуглам по повеќе сајтови и на крај сублимирам.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Najcesto posetuvam alternativni sajtovi na youtube kade ima dosta pointeresni videa,istoriski nastani.
     
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.066
    Пол:
    Женски
    90% луѓе не се информираат, туку го читаат/согледуваат тоа што им годи од одбрани истоориентирани извори. После само си мислат дека се информирани.
     
    На Feminka22 и Lancier им се допаѓа ова.
  9. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Ima mnogu dobri alternativni sajtovi denes vo zamena na Twitter ili YouTube kade iljadnici videa se izbrisani ili cenzurirani.Vo opstestvo navodno koe vazi za lulka na free speech kulturata.
     
  10. Alex.T

    Alex.T Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Машки
    Се информирам на time.mk
    Си имам одбрано кои медиуми да ми ги прикажува а кои не.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    14.830
    Допаѓања:
    140.493
    Гледам кој е изворот на информацијата.

    За дневни настани и политика, само формално се запознавам со ситуацијата.
    За статии кои се за наука, историја, социологија, физика,медицина од сајтови на научни институции и признаени научници.
    За глобална политика големи и реномирани медиуми, ама за нив правам крос-референсинг, оти повеќето се пристрасни...
    И така...