* Овен: „Преблаг Господи! Те молам помогни ми да станам трпелива личност. Веднаш!“ * Бик: „Господе, те молам помогни ми да направам промени во својот живот, но не сѐ уште.“ * Близнаци: „Еј Богу…Или можеби си Божица? Кој си ти? Што си? Каде си? Колку ве има? Не можам да сфатам!“ * Рак: „Драг тато, знам дека не треба толку да сум зависен/а од тебе, но ти си единствениот на којшто можам да се потпрам, додека моето ќебенце е на перење.“ * Лав: „Здраво тате! Сигурен сум дека си многу горд што ме имаш за син/ќерка.“ * Девица: „Мили Боже, те молам направи го светот подобро место за живеење, и немој да ја оплескаш работава, како што ја оплеска минатиот пат.“ * Вага: „Драг Господи, знам дека треба сам/а да си донесувам одлуки, но од друга страна, ти што мислиш?“ * Скорпија: „Мили Боже, помогни ми да им простам на непријателите, иако копилињата не го заслужуваат тоа.“ * Стрелец: „Семоќен, почитуван, сеприсутен, вечен Господи, те замолив еднаш и ќе те замолам уште милион пати. ПОМОГНИ МИ ДА ПРЕСТАНАМ ДА ПРЕУВЕЛИЧУВАМ!!!!!!!!!!!!“ * Јарец: „Мил Господи, дојдов за да се помолам за некои работи, ама во меѓувреме сам/а си сфатив што треба да правам. Фала во секој случај.“ * Водолија: „Здраво Боже! Некои велат дека си маж. Други велат дека си жена. Јас велам дека сите сме богови. Наместо да се молиме, ајде да се забавуваме!“ * Риби: „Небесен Господи! Се обидувам да ја претопам мојата болка и тага, во последната петина од вискито. Со мојата опиеност ја прославувам Твојата вечна слава и чест. Мене - Јарец ми погоди. Па затоа го поставив
Хахахах, ме насмеа ова за јарецот. А за рипчињата точно им е тоа со болката и тагата, стално нас кутри рипки не фаќаат бедови и депресии, љубовни најчесто, за жал. Ама ајде ќе пројде, и затоа сме риби, да издржиме
* Девица: „Мили Боже, те молам направи го светот подобро место за живеење, и немој да ја оплескаш работава, како што ја оплеска минатиот пат.“ ова ќе е точно јас секогаш така си велам
* Риби: „Небесен Господи! Се обидувам да ја претопам мојата болка и тага, во последната петина од вискито. Со мојата опиеност ја прославувам Твојата вечна слава и чест. ахахах точно така ахаха