Еве јас безмалку цела година сум со две дечиња на помалку од две години разлика. Некаде кога малата направи 7-8 месеци отприлика, почна да ми олеснува од една страна. Почнаа да си наоѓаат заеднички игри, да се имитираат меѓусебно, да се смеат... Е сега, сами не ги оставам никогаш без надзор, ама интервенирам само доколку гледам дека има шанси да се повредат. Сама ги чувам двете, што значи не ги делам никако, дури и да сакам. Толку се навикнати еден на друг што кога едниот станува од спиење одма го бара другиот. Знаат и да се закачат или да се лутат, ама не е нешто страшно. Често си размислувам како не можам сега да си го замислам животов само со едно дете. Маката е голема, ама среќата уште поголема.
Јас немам ваков проблем,но брат ми има.Пред некој ден му се роди второто дете,но поголемото дете плаче и не сака кога мајка му е со него.Дали вашите деца биле тажни или среќни кога се роди другото дете.
Беше среќен првиот ден го бацнуваше и го гушкаше. Кога виде дека бебето веќе живее со нас беше лепак за мене и неќеше да го види на бебето. Ако почне да плачи плачи и поголемото до зајдвење. Пополека се средува еве 3 месец на подобро одиме со помалку плачки и пак почна да го бацнува.
На почетокот го игнорираше, после почна да глуми бебе големото и да сака во раце кај мама, сега му дава играчки, ама уште не е во фаза да си игра со него
Моиве се скоро 4 год разлика и големава од прв ден го прифати одлично. Просто си го Обожава братчето.
Моите се точно три години разлика, од прв ден кога ја донесовме бебка дома баткото неможеше да и се изнарадува, ја сака многу
Јас кога бев бремена со второто, првата ќерка беше среќна иако не знаеше како ќе биде. Но се случи да се породам предвреме и минав доста време во болница и кога си дојдов дома без бебе не и беше јасно, иако и кажавме каде и е сестричката. Да порасне малку и ќе ја земеме. Имав време уште да ја гушкам само неа. Башка со таа ситуација се поштедив да и објаснувам до ден денес од каде идат бебињата Кога додје дома бебето беше пресреќна. Уште си ја гледа како капка во рака. Разлика се 3,5 години.
Разлика се 7 години и од прв ден се неразделни, се обожаваат, се галат, се бакнуваат, како расте малата го сака се повеќе и го бара, неопислива раџост е да ги гледам и двајцата такви гушнати, убави, златни деца на мама
Се е до детето, ама и работата со него во текот на бременоста .Јас сега сум бремена за второ дете и уште сега и објаснувам дека мама ќе ги сака двете деца исто и таа се радува кога и го кажувам тоа и објаснувам многу и дека тоа е мало мора да му помогниме да порасни и таа сака да ми помагала за се. Се надевам дека нема да имам проблем искрено се надевам... Не очекувам да имам потреба да барам совети како да се справам со ситуацијата ама ептеннн се надевам Mислам дека најбитно е психичка подготовка на детето уште во текот на бременоста да знае чисто со што ќе се соочи и како да постапи
Моите се разлика 8 години , иако голема беше кога се роди малото , првите недели многу беше љубоморна , плачеше како само бебето го држам , неа не ја ни погледнувам , да бидам искрена ми беше претешко бидејќи не очекував вакво нешто, но среќа помина брзо
Oд прв ден преубавo прифатенo. Акo бебе плаче трча му нoси цуцла, гo гали пo главче, гo гушка, нoси трoпки за бебе. Кoга гo бањам пoдава бањарка за бебе. Разлика се 1 и 7 месеци.
Моите се точно 5г.разлика. Од прв ден е се како подмачкано. Големиот батко ептен е внимателен и грижлив за бебушко. Љубомора ниту еднаш не покажа.
Ајде да се загрее темава. Давајте искуства и совети за поглатко прифаќање на бебе од страна на помалото детенце. Ова за мене е научна фантастика, а прашалници имам милион!
Мојата од почеток беше како пољубоморна, иако не покажа директно нешто, туку низ постапки и кажувања се забележуваше дека го сака целото внимание. Така беше околу три недели отприлика, потоа пак во градинка, па дома, и сега се навикна (речиси два месеци). Јас постапував така што постојано бев со неа, а помош кога имав од блиските ги оставав повеќе со бебе. Ги правевме работите што ги правевме претходно, а кога игравме, во некои улоги ја ставав и сестричката. На пример, илустрираме роденден, па правиме место и за сестричката..... Првите недели бебето повеќе спие, така што ќе се најде време и за поголемиот член. Инаку се разлика без малку 4 години
Ете ме повторно, сега со реални случки. Почна епизодата на љубомора кај поголемиов. Изразена е преку надвикнување на плачот на бебето, одвреме-навреме. Започнува, пример, да кемка бебето и поголемиот почнува да имитира како што го слуша. Ок си ќутам. Првите минути не реагирам на плачот, демек сум опуштена и во тој момент му кажувам на големиов бато од кои причини може да плаче братчето. Ако почне посилно да плаче, овој го зголемува тонот на гласот прави неее (изгледа така му звучи плачот), малото плаче посилно, големото уште посилно. Не знам кај кого да се завртам. И прееска имавме случка. Влегува мајка ми, овие плачат, и таа како попарена. Јас се изнервирав повеќе и се свртев накај малово и големиов зајде, со солзи, едно навредено и болно плачење. Одма го оставив бебето и го зедов во раце поголемиов, во друга соба, го гушкав неколку минути дури се смири. Потоа влеговме во дневна и си ќутеше. Инаку, го имитира и за други работи бебето, значи со рачето како ќе замавне, некои грлени звуци, плазење на јазичето и нели ова плачењето најсилно. Како да влијаам да не писка толку кога плаче бебето? До кога трае оваа фаза? Многу ми е жал за големиов, којзнае како се осеќа. А го вклучуваме во помагање, почнавме да го фалиме како е голем брат и ќе го учи бебето да шутира топка. Си го бара нашето внимание цело време, ајде мама вози мама вози ти, мама вози ти или со татко му. И многу се контра, за голем дел од активности си сака тактики, молење и попушта потоа. Едвај чекам да пркне бебево, да затопли времево, па да го оставам со друг, а ние тројца сами во природа, со точаци како порано. Искрено, некогаш срце ми се пара. Дали сум силна да издржам
Се ова сум минала. Сега мислиш дека ќе го оставиш малото ама после нема да ти се остава Немам време да пишувам,ќе мине и ова.
Не ни знаеше дека бебе е во прашање кога ја родив втората Бебе и бебе си имав и си се навикна уште од мала дека има нешто и без проблем си ја прифати. Е кога малку подпораснаја знаеа некогаш да се закараат за играчка моја твоја ама ништо страшно. Си се навикнаја цело време заедно. Третото па кога го родив тие веке пораснати и го гледаат како поголеми сестрички