Ајде девојки споделете каков вкус има вашиот партнер и дали ви се допаѓа неговиот стил на облекување....и може некоја фотка да падне слободно слободно
Дечко ми се облекува како што се чувствува така, битно комотно да му е, широка маица, дуксер, пошироки фармерки со црни патики... Битно не се облекува во тесно Едноставно си го сакам таков каков што е
Па се облака кежуал, онака лефтерно. Патика, ова она. А за навечер знае да се среди со сако некое спортско
хах и на дечко ми битно му е да му е комотно обично фармерки и маица или дуксер али не сака воопшто саати ланчиња или нешо слично а незз ја па баш сакам машко што знае да стаи саат ланче некое ама овој па баш спротивно на тоа е
Може за мм да кажам се облекува онака како што јас ќе му кажам ...мала шала, понекогаш е таква флегма и мрза за одбирање што и како ќе носи , така што се задоволува со тоа што јас ќе му дадам.. Кога одиме на шопинг за него ептееен е тУпек, знае да ме удави и цел ден да го изгуби дури и ако треба само на пр. една кошула да купи...бетер е од женско...се` него му е широко, па тесно, па крагњата не е убава, па моделите на кондурите биле како на дедо му, бојата била поштарска, шумарска Има некој си спортско-елегантен стил, но сепак се` зависи од пригодата. За свадби, крштевки, матурски, класичн гардероба -одело со машЊа нели или класична панталона со кошулка. Летно време-спортска маичка, бермуди, патики, апостолки, внимава боите да се кладни, зимно време-фармерки, џемпер со колшула одоздола или блузони, за по дома тренерки, има неколку спортски јакни, а нема капут, што е најтрагично не сака ни да купи Не носи тесни припиени маици, сака комотна и удобна гардероба, сака и земјени и светли весели бои, не сака шарено, повеќе преферира еднобојни парчиња на пр. блузони или џемпери. Во глобала заедно го креираме иако веќе си има некој изграден имиџ, голем фактор сум и јас...знам да промрчам ако не ми се допаѓа како изгледа дури и да се заканам-не одам ако не се пресоблечеш Што се однесува до накит, не носи ништо дури ни бурма, ни саат (му сметаат кога работи), само еден златен ланец со крст-од моите поклон за веридба што му го купија, сам си го одбра, но го носи внатре под маица..и летно време носи наочари Ми се свиѓа како изгледа, затоа и го зедов нели
аах мојот секогаш во тек со модата,онака фармерчиња маички добри патики и тоа е само што не обожава кошули ама добро е, се навикнав
Јас постојано го терам да си купи една жешко пинк кошула, по можност подречава, со многу џепчиња и задолжително нешто навезено позади на грбот со светљушки, да ми светка ко лампион, ама он не се дава. Плус, оние кондур-патичиња со лепенки, како малите дечиња, само бројка 43 па нагоре, и тие по можност да бидат дел демек кожа, дел лаковани, да светкаат, и тие не ги сака. Многу работи што мене ми се допаѓаат на машко, он ги одбегнува и морам да се задоволам со неговиот избор - адидас патики, фармерки и кошули во нормални бои. Ах, ќе заборавев, каков мерак им имам удрено на оние јакните, демек кожа (повторно), со милион лепенки, како подвижно рекламно пано, де бројка, де натпис, де шљокици тук-там. И тие не ги сака, ама планирам една таква изненадување во некоја пригода.
Спорско се облекува онака блуза , фармерки ,патичина понекогаш ќе стави некое кошулче ама ретко оти јас не сака не носи белезици ,сатој и некој др. работи иако јас би сакала да носи но тоа е го сакам онаков каков што е
Мора да го пофалам, многу внимава и посветува време на гардеробата. На работа мора да носи строго кошули, пантолони, сако и кондури и многу ми е згоден кога ќе го видам таков скоцкан. За на кафе и прошетки, нормално дека си е по опуштен и си облекува маичка, фармерки или кратки пантолончиња со патики, а поретко и апостолки. Значи зависи од пригодата. Фетиш му се часовниците и наочарите, ги носи во секоја пригода и ако треба гол ќе иде, само од нив не се откажува.
Дечко ми е ептен по модата. Секогаш стокмен од глава до пети. Посебно на школо...( случајно да не го ареса некоја ) Целата гардероба му е од марки а заштитен знак -патики од најк годишно по 2/3 пара купува др не става на нога инаку обожава да носи кошули и преку ден и на излегување. секогаш обрнува внимание на боите. Фенси стајл...најубав ми е кога облече спортско сатен палто пошто е висок и баш убаво му стои. е сега па баш секој ден да бидеш топ цакум пакум малку и ме нервира посебно на школо јас во обична маичка фармерки врзана коса а тој кога го гледам од модно списание излегол па ме срам да застанам до него ми се чини сите ке зборат леле види го овој каков е а она....
Дечко ми се облекува најчесто спортски! Ако нема патики на него, безразлика дали се работи за свечен настан или не, се чувствува нецелосен и цело време прашува што му фали! Тоа се има случено само еднаш, за една свадба, мораше да облече кондури некои така посвеченки! Иначе најчесто носи фармерки, патики и кошули за вечерно излегување кои најчесто се сиви, тегетно сини и бели. Баш пред некој ден го убедив со триста маки да земе карирана на црвено кошула! Срце, ме послуша барем! Преку ден носи тренерки кои мора да се сиви со маички на Адидас.. И да, преубаво му стои се! Или па мене така ми се гледа, незнам!!
Моето маже секогаш и во секоја прилика носи фармерки . Морам да се пофалам себеси ,откако е со мене ,доста му се истенчи вкусот за гардероба ,што ми е особено драго Нагоре - лесна ти ш'ртка ,најчесто нијанси на сина ,знае да забега со сивилото ама го карам ,за прошетка ако е поладно - дукс , за најелегантно парче видено на него се смета кошулка. Многу ретко . Секогаш носи патики и купува скоро секој месец ,право оди и прави ножиња има ,ама многу брзо ги кине Уште не е утврдено до што е проблемот
Кооо Дејвид Бекем, ма какви, кооо Бред Пит, ма какви, коооооо Долче и Габана и брат му! Харалампие увек ме пречекува у бела, дебела чарапа со тениски рекети (вкрстени), влечка лајнарка, адидас светлуцава тренерка на 4 риги нали, орГинал батка од Немачка! а доле на патент се откопчуваат ногавиците, и дебел џемпер плетен од тета збутан у тренерка. Дизелаш бејбе! Спојлер се зае*аам Личен е бе. Лоши моми со кратки миничи ми го буљат и обавезно го сликаат за ЗаЗабава, ама нон стоп, на сите албуми го има Спојлер се зае*аам
Па класично се облекува таков му е стилот,а и таква му е работата,е сега не секогаш меѓутоа поголем дел од времето е така.Летно време е поопуштен маички,фармерчиња,патичиња или некои кошулчиња што одат со патики.Е не носи тренерки освен дома воопшто и ме нервира малку,сакам некогаш така да излеземе накај парк двајцата во тренерчиња,мерак ми е,ама ќе го натерам како и да е убав ми секогаш е скоцкан,значи повеќе и од женско се замара за облеката,не е тип што ќе облече што и да му е при рака
Се пронајдов во постот на Трендафилка, ќе му речам ај бе земи шарена кошула и ќе ми даде еден поглед ко да сум му рекла оди рипни во Вардар Едно 80% од моите предлози категорично ги одбива, он си сака поспортско и поеднобојно што е можно, фармерчиња, патичиња, шорцеви еден куп, фармерчиња (недај боже некои помодерни да се пу пу скраја да е), има кондурчиња онака поспортски и најбитно од се пола и јаче гардаробер му е плав Одиме да купува и само гледа плави блузи, мене притисокот ми се крева, се му е плаво мислиш иста блуза носи. Ал не го замарам за облека многу, само давам предлози за посвежи бои да носи, иначе како што јас мразам некој памет да ми соли за облека така не сакам и друг да замарам, совети нормално добродојдени се. Несака лилјаково, кога му купив од странство лила блуза сакал неќел ќе ја носи Исто и со розева блуза, ал и тука го заебав! Мразеше блузи со В израз за да не му се гледа богатството на грудите, ал и тоа му купив Е само неможам да го натерам саат да носи му сметал (ал ќе му купам хуху) и оделце. Ма јок на свадби носи темна фармерка ил панталона и кошула, а јас пустата колку сакам едно убаво оделце да има Кога купи дреч жута преубава блуза го пипнав температура да не има, чудо е тоа. А исто и кога сам си отишол му текнало и си купил 5 кошули . И тоа е чудо. Ги памтам тие денови Него битно му е да е исперен и испеглан и да има нешто плаво на себе
Онака кежуал.. Патичиња, фармерки, блуза некоја со откачен натпис.. Ме нервира понекогаш за в кафич навечер знае да си се облече ко за на плажа, а јас дотерана...А си носи и кошулчиња така навечер, освен ако не го мрзи да е дотерува како што претходно спомнав.
Слично ко горниве слики Сака маици со интересни натписи, сака кошули, особено карирани (лани кога видов дека дал 3000 за карирана кошула ќе го отруев), сака потесни фармерки, старки или патики какви што нема пола Македонија , а старки демек нема цела Македонија. Зимата си купи капут и се воодушевив Убав ми е милиот тој, ама не попушта кога за некаде треба поубаво да се дотера. Ми се допаѓа тоа што во неговиот плакар можеш да најдеш од секоја боја, а и има премногу рабти.