Па побитно ми е да му е чисто тоа што го носи одколку да е во мода или асрономско скапо. Што фајде од скоцкан од горе до доле, кога испотен ке те гушне, или кога 20 пати по ред ја облекува истата блуза Инаку стилот му е фармерки, Пума патики (голем фан им е), и некоја штосна блуза. Во лето некоја со натпис, а во зима некоја со риги, или карирена, или со јака нешто. Во главно блузи, кошули мнногу ретко.
Зависно од пригодата но во галвном е спортски стил! За секојднево излегување си носи фармерки (најчесто поедноставни,без многу џебови и многу украсни патенти), блузи и маици (не многу шарени но може во некоја поупадлива боја,како на пр.лила, розево, портокалово) и патичиња! Има еден куп тричетварт панталони разноразни тексесни, карирани(скоро исти како тие горе на сликата од претходната страна), бледи,потемни... и преку лето ептен си ги носи комбинирани со едноставни маички! За излегување си носи кошулчиња (поспортски) и ги комбинира со некој поспортски кондури! За свадби,веселби и сл носи обична црна класична панталона со кошула, а во одело сеуште го немам видено но во план му е за наредната свадба да си купи костум! До скоро време не ме замараше мене со неговиот избор на гардероба но во последно време почна да ме влечка и мене по излози и машки бутици за да му помогнам во изборот! иначе тешка педнатерија е,дури на моменти ме нервира оти претерува!
Охх мажево мое од кошула не е излезен. Дури и ми има речено најбитно кај жена ми е да знај да пегла кошули,а јас обична крпа не знам да испеглам До сега можам на прсти да избројам колку пати сум го видела по обична блуза на кратки ракави и шорц. И да не заборавам еднаш по трењерчиња адидас (зелени). Срцка моја преубав ми е како и да се облечи. На рака обавезно носи саат и двете белезици. Кога ќе го видам некогаш така стокмен. Кошула,саат белезица ми изгледа ептен авторитетно,го гледам како некој претпоставен. Ама па и таква му е работата. Ех пусти директорски живот хаха
На Петко мој стилот е попрепознатлив од мојот, мене денес ме гледаш во црнила, утре во нешто дречаво, еден ден сум натнала нешто винтиџ, друг ден нешто поспортско...но кај него нема така. Мрази да оди во шопинг, а сака секогаш да е скокцан од глава до пети, и секогаш кога се враќам од шопинг ме пречекува со прашаењто:„Ми купи нешто?“. Во главно има некој лежерен стил. Летно време најчесто носи куси три-четвртински шорцеви, едобојна маичка и некоја раскопчана карирана кошулка. Некогаш не носи маичка само кошула и три-четири копчиња му се раскопчани и му се гледа долната маичка, ама не и љубавниот тепих, зошто го нема .На нозете апостолки поретко, почесто носи патичиња. Но ова му се дневни комбинации, а боите кој преовладуваат му се земјените нијанси(крем, кафена...), бела, црна/тегет/сина и по некоја зелена маичка. За вечерни излегувања најчесто е во патики, или мокасинки, најобични фармерки без никави џебови/патенти/циркони/натписи по нив и некоја убава еднобојна маичка, и таа без ништо на неа . Зимно време, стандард џемпер, фармерки и капут, или некој дуксер, тренерки или фармерки и спортска јакна. Во свечени прилики е скокцан со фармерки и кошула и патика/кондури има неколку пара такви кои неможеш да ги дефеинираш, но одговараат и на кошула и на некоја поедноставна маица. Аксесорис не обожава нешто особено, но секогаш носи часовник, има еден Тисот му е омилен, не го вади од рака, а има уште два,три но тој најчесто го носи. Алки и прстени не носи, но има едно интересно ланче кое го носи, особено со летни и опуштени комбинации. Наочари за сонце носи, има неколку пара и ги менува зависно од прилика. Досега не сме биле на некој посвечен настан на пр.свадба, или такво нешто каде би требало да облече одело...Но подобро е, зошто срце ќе ми застане кога ќе го видам така скоцкан, има две одела и двете фантастично му стојат на неговото складно тело, прав мушкарац а јас кога ќе го видам во одело, се препотувам и добивам желба да го силувам во истиот момент, многу ми е сексоповикателен тогаш. А моја неостварена желба ми е да го видам во розева маица, џабе е да му купам кога нема да ја носи , сам да купи нема шанси, пред некое време саат време се натегавме во Ла-коста само да ја проба немора ја купува, ама он инат е не па не, и се откажав... Па и на крајот на краиштата не е битно што ќе облече, туку кој ќе го соблече .
и мене не ми е битно што ќе облечи, се додека јас го соблекувам , а мојов срцуш и обожава јас да го слекувам зошо си е мрза голема. иначе облекува фармерки, маица, патики, на лето 3/4 и ништо повеќе. облеката му е едноставна, ама типска, зошто јас му ја одбирам
За на работа има една облека, за прошетки има друга, за спортување трета, а за спиење нема облека Елегантен е на работа со одело ама не носи кравати. После работа е полежерен, си носи фармерки, маици како кошули, кошули и џемпер (не од чичковските со копчиња) и патики. Знае и капри со маичка да облече, ама фала му што не сака рамбовки! Саат менува во зависност од тоа дали е елегантен или поспортски. Колекционер е на саати и си ги менува. Друг накит не носи. И розево не носи
АУУ катастрофа се облекува. Многу мразам хип хоп стајлинг крајно сељачки ми е а овој мојт наместо да го истакне своето убаво тело носи шатор блуза и вреќи панталони. Срека ланци и марами не носи и фластер како Нели. Затоа под хитно го соблекувам гол кога сме насамо.
Мене ми се допаѓа неговиот стил, лежерен е, спортски, а сепак многу внимава на себе, облеката да биде чиста и средена. Најчесто го гледам во фармерки, маица и патики-и во потемни и во посветли бои. Тренерки исто така носи доста често. Исто така носи и кошули, џемпери... Знае како да искомбинира, многу ретко му се случува да направи некоја утка.
Ако прошетате низ Широк Сокак сигурно ќе не препознаете.Бетер од Бекамовци сме.Сега ме фати мерак да ставам некоја слика, но подобро не Конкретно за него, добро е граден и е едiнствен мушкарац кој знае да износи стреч маичка а да не изгледа сељачки или во најлош случај-геј Ептен има вкус, само што повеќето се сведува на темни нијанси.Работиме за случајот просветлување.Дури му купив розова маичка која со задоволство ја носи.Real man ware pink !Носи добри чевли и пред се скапи.Има мал фетиш кон модата иако не признава.Секогаш се труди да изгледа добро. Спојлер И ќе ви откријам мала прљава тајна , со брат му го викаме Мадона- него му текна затоа што наводно во плакарот имал повеќе градероба од неа
Класика си е. Несака карирани кошули, има само една. Несака шарени кошули и маици. Највеќе носи црно и сиво, среќа има една блуза во риги розево со лилјаково Сака едноставни работи, најчесто носи фармерки и патика-кондура и кожула или џемперче. За излегување секогаш ми е скоцкан у ципела, панталона, кошула и задолжителниот каиш и секако капут или сако. Многу мрази да носи сако, ама јас го терам, обожавам мажи во сако. Никогаш не носи кравата, носи лептир машна кога одиме на свадби Летно време најчесто носи од оние панталона-шорц до над колена малце што се, носи карирани или во риги и ми се темни кога ќе го видам со крарираните панталончиња и карираната кошула и милан апостолката не го можам кога е таков Значи носи едноставни и уникатни парчиња на облека и што е најдобро од се, ништо не му е купено од Мк (блазеси му)
Нашава работа е човек со сто лица За на работа црна елегантна панталона, бела кошула, вратоврска и сако. Слободното време е веќе голем проблем. Поради недостатокот на волја да се опули подолго од 3 секунди во огледало и да погледне подалеку од тоа што му е на дофат на раката во плакарот често шета во комбинации кои се вонсериски и уникатни . Овие моменти на бунтување му се дозволени кога е без моја придружба Ако сме на дневна прошетка, кога вадам од плакар моја комбинација ги вадам и неговите ствари (џеанс со маичка и блузон) а навечер најчесто џеанс со кошула(најчесто карирани) а сето тоа е проследено со коментарите дека маицата која ја носел пред да се тушира нема флека и дека може барем уште еднаш да се износи, дека фармерките му се уште арни и не дава да ги фрлам некогаш се тегнеме и за чорапите, дај не дај е работата. Е за специјални пригоди(затоа се специјални де, оти се ретки) да не беше толку голем е да го грабнеш и да бегаш. Му бирам типски панталочиња, каиш, еднобојни уз тело кошули и мантил, сако, капут а он без пропратни коментари си ги облекува и он задоволен и јас задоволна. Таман кога ќе помисли човек дека е флека и целосно незаинтересиран за мода, ќе се изненадите кога ќе ви кажам дека колекцијата на обувки му е поголема од мојата а плакарот подеднакво голем. НА жалост најчесто е во два три пара исти обувки. Но обожава да си ги гледа , па ми ги покажува да сум ги пипнела како бил добар материјалот, па кажува фирми и нивната реткост и како тоа он лине дури ги нашол. Најчесто купува он лине, или на мое упатство одиме во конкретен дуќан му кажувам во кое коше се наоѓа тоа него што му треба а јас веќе предходно сум го бендисала, пробува купува ...и да не нема. Никогаш не гледа цена или да бара попуст, купува најскапо, и само звучни имиња. Саат има, лупна еден куп пари а не го носи Бурма или друг накит не носи Се на се ...алишта еден куп, туку за кого Да не заборавам, во наша куќа нема трењерки, не носиме и не поседуваме
Ми се допаѓа неговиот стил. На работа си оди со фармерки или панталони, со кошулчиња и џемперчиња во најразлични бои, освен розево, строго му забранувам а сега си купи и капут, уффф многу ми е сладок Така е најчесто облечен и за искачање навечер. Преку ден е во поопуштена варијанта со маички, дуксер, патики. Иначе не сака да носи ланчиња и алки, ама затоа има најубав саат и го носи секој ден
Стандард како што опишаа детално неколку феминки да не повтрувам обични фармерки или 3/4 шорц и кошули и маички...Интересно ги комбинира боите и тоа му го прави стилот интересен.Од аксесорис носи саати и капчиња.. Патики..опсесија.Машка Кери Бредшо кога станува збор за патики,претежно Nike и Jordan-ки,но и платнени лесни летни патики во разни бои.
Мене секогаш ми е убав како и да е облечен бидејќи е спортски тип. Обично обожава светли боја, а најмногу портокаловата. Му имам купено неколку маички по кратки ракави - плава, портокалова и една во есембе боја со мешавина на портокалово со риги, џемпер темно лила боја кој многу ми се допаѓа. Кога сме излезени некаде во свечени пригоди облекува кошула, фармерка и убави ниски патичиња. Носи само часовник и капа кога излегува. Во лето стандард 3/4 пантолончиња, лесни маички и платнени патичиња. Не сака премногу упадливи детали, па некогаш се караме околу мојот избор ако сакам нешто да ми шљоцка Нема премногу облека, ниту пак е опседнат со маркирани парчиња бидејќи купува тоа што ќе му се допадне во било која продавница. Обично заедно одиме на шопинг, најчесто јас го гњавам повеќе па на крај е преморен од толку шетање и после одмараме 2 дена Во секој случај секогаш е среден и прекрасно мириса и си го сакам најмногу
Имавме проблем со тој негов стил... И потоа решивме да одиме на одмор... ...се разделивме,се прашувам сеуште,зошто?!
Мене право да ви кажам повеќе ме интересира да го соблекувам, што знам никогаш се сум се замарала со опаковката на Киндер Сапрајз, но играчката и те како ме интересира
Па најчесто се облекува спортски, тренерчиња и патики како што му прилега на професијата. Кога излегуваме носи фармерки најчесто, кошулче со сако или па со некое џемперче одозгора. Еве во прилог слики како отприлика се облекува дечко ми Спојлер