Па најчесто спортски со тренерки,а кога иде некаде фармерки,кошула или некој дуксер... Во секој случај спортски тип е.
Прекрасно...кога е за по дома обавезно маскирни панталони (те дигиталка,те пустинска,те америчка,те грузиска....итд), со маица прикладна кон панталоните. Одело му стои феноменално,бидејќи е висок, како командант Последната пригода носеше кошула,мене мнооогу ми се допадна Сакам да речам, се си носи и се му стои....
Многу специфичен човек си е, и ретко да му погоди некој друг освен тој самиот. Преферира бела боја на маички и кошули, розева и црна боја на маички, црна и плава боја на кошули, еднобојни и без натписи и апликации, едноставна тексас фармерка, темни панталона-фармерка, поретко бели. Преку ден е во маичка и фармерка, навечер 99% кошула и панталона-фармерка или фармерка,теретана и тенис шорцеви и маичка, по дома тренерки долни со широка маичка на кратки. Еве дел од неговите парчиња исти скрос.
Не ми е партнер, ама морам да го пофалам тука. Дури му се восхитувам како секогаш е среден. Од глава до пети, за него! Да ти е милина да го гледаш. За секојдневие-маички, маица-кошули, фармерки и патики. Патиките и маицата мора да бидат во иста боја! Сето тоа зачинето со некој моден додаток, саат, наочари итн. Во поопуштено издание носи дуксери, тренерки и патики. (Сите маички, дуксери, патики и тренерки му се од Nike, Adidas и слично, јас не сум го видела да облече нешто што не е од поскапите работи) За посвечени пригоди (ахх се молам да ги има почесто), кошула, панталони, панталони-фармерки, сако... Делува толку секси и маженствено, едноставно се двои од сите други. Кога ќе го видам таков среден, дотеран ммммм се ежам... Навистина премногу внимава на облеката, тоа многу ми се допаѓа кај него.
Дечкото мој најчесто си носи фармерчиња кошулче ако е поладно и џемперче некое тој е многу висок и ретко си наоѓа кај нас облека за него адекватна и пазарува надвор од Мкд.
Поубаво од мене. Ммм, спој на preppy стил со нешто полежерно. Скејтерски? Не, не е скејтерски. Не знам како да дефинирам точно. Знае да искомбинира кошула и џемпер со различен принт, па да паднам на газ од што е добро сторено. Една од омилените комбинации ми е џемпер во риги од пастелни бои, и сиво бела каро кошула. Ама затоа некогаш ќе никне со широки фармерки, дуксер и широки патики.
претежно спортски, фармерки, блуза, блузон и сл.. е сега кога одиме на шетање, ме прашува како ќе се облечам за да се ориентира по мене. Претежно е пак спортска кошула и фармерки. Додека за на гости и нешто по сериозно, се облекува по елегантно.
Најобично. Претежно некогаш мене ме прашува за некои комбинации. Но, си се облака најобично, маичка и фармерки. За изкачање со кошула.. Сеа му текна да си купел чемпер за да комбинира со кошулка
па претежно спортски, блуза, фармерки, патики кога излегуваме некогаш кошула и фармерки со кондур-патика, или блуза и фармерки за посвечени прилики оделце или црна фармерка со кошула.. летно време исто фармерка и маичка или тренерки и некоја маичка 3/4 и маичка и што е најбитно маичките да не бидат тесни , да му е комотно на човекот.. по дома често е во тренерки или шорц ..
Никогаш не е едноставен со маичка и фармерка.Си има стилче ала Џастин Панталони/фармерки,маиче,сако,саат,ланче,марами си носи се зависи како му одговара.Многу сака маички во ве и да нема натписи и чуда.Носи и кошулчиња раскопчани и доле маичка,а носи и со џемперчиња во зима. Зимно време никогаш не носи јакна,си носи капут. Во одело го имам видено еднаш и ептен ми е секси,предобро му стои Си има изграден стил,што одлично му прилега,а и знае да го носи лепотан мој
Скоро секоаш ме прашува што да носи Важно сите парчиња што ги има се убави и лесно се комбинираат и е убаво облечен во секој случај. Срцка моја убава.
На мојот дечко му треба буквално еден час за да одлучи што ќе облечи, каде и да одиме. Ама секогаш е одлично облечен Фармерки во боја, убави тренерки, тесни маички, карирани кошули, преубави шалови.... И не знаете какви само комбинации на бои прави! Дури и моите пријателки го посочуваат како пример за многу добро облечен маж Лично најмногу сакам кога е облечен во крем-плава комбинација - предобро му стои!
хахах мојот дечко се облекува нормално спуштени панталони долги тесни блузички едноставно стилот на џастин бибер