1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се одлучивте за второ дете? (за помалку одлучните)

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 26 април 2021.

  1. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден наидов на тазе новоотворена тема (Родители на едно дете), па забележав дека има многу кои се уште се мислат дали да имаат второ дете, па затоа ја отворам темава. Што конкретно ве двоуми и предомислува или ве охрабрува за да имате второ дете? Причини може да бидат повеќе, и баш би сакала да размениме мислење па можеби на некоја од нас баш оваа тема ќе и помогне да ја зацврсти одлуката. Конкретно за мене, имам 4 годишно дете и баш веќе е "времето" да се мисли на темава. Она што ме двоуми е делумно и ситуацијава со короната искрено, потоа си се прашувам дали сакам пак низ истото или слично да поминувам уште 3 години мин, дали сакам кариера или не, и не знам не е кликнато сеуште а штом не е кликнато у мојата глава како да фали нешто за одлуката да е донесена конечно. Мајки на едно дете каква е ситуацијата кај вас?
    За притисок од страна не ме интересира и никогаш не сум ниту ќе дозволам тоа да ми влијае.Како може некој да ти се меша во интимата и како воопшто луѓево се дрзнуваат да поставуваат такви прашања еве стварно не ми е јасно. Сеедно не ги ставам на памет и не ми влијае.
     
    На Maja z, Филотеа, Traveler91 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Како се одлучив?
    Прво, многу сакам деца, првично мислев дека ќе останам со едно заради страв од раѓање, после лошо првично искуство. Друго сакав на првото да му обезбедам се што можам, не сакав да го делам ни времето ни парите за никој освен за неа. Не ни беше решено станбено прашање, си мислев, како нас никој не ни помогна, не сакам да раѓам ако не можам и јас да помагам. И си се убедив и ми беше доволна нејзината љубов, таа си беше и уште си е совршено дете за мене нели.
    Викендите, обавезно доаќаа кај нас скоро по цел ден деца на братучедки на другарки јас си ги чував, така се обидував да и надокнадам што не и раѓам брат или сестра.
    Имав и лош период , со мајка ми по болници, некако бев убедена дека животот е тежок и дека не сакам да родам уште едно дете што ќе се мачи во овој живот.
    Приговорите од страна не допираа до мене, се додека мене сам не почна да ме јаде црвот.
    За тешкиот живот, една пријателка ми рече, колку и да е тешко секогаш ќе одберам да се родам и да живеам. Почнав да си мислам дека некој ангел чека на мене за да дојде на овој свет.
    Имам неколку колешки на работа, албанки, сите имаат 3-4 деца,тие секогаш кажуваат дека секој се раѓа со своја среќа. Почнав да мислам на тоа и сфатив дека е точно, колку и да се трудиш да му обезбедиш на детето услови за живот, не можеш ти да му ја створиш среќата.
    Многу ме погоди еден случаен разговор со едно девојче од улицата, кажуваше во школо разговарале со кој ја делиш детската соба, нешто така и таа кажува како едно девојќе рекло дека не ја дели зошто нема брат ниту сестра, и реакцијата на девојчето што раскажува беше, лелее многу беше жално. Тогаш сфатив дека ќерката нема сестра и може нема да и фали, но тие што веже имаат знаат кое богатство се браќата и сестрите.
    И уште нешто, ова од филм :0 кој гледа вовед во анатомија,овие двете жени докторки, имаа една ќерка, едната сакаше уште другата не сакаше. Оваа што не сакаше, демек се предомисли и рече, не сакам ќерката сама да не закопува. ММалку језиво, но така мене овие работи ми влијае да се предомислам. Зошто дали сакам деца како деца, да секогаш сум сакала.
    така сега си го родив и второто ангелче и за мене точна е мислата, можеш да се каеш за децата кои нема да ги родиш, нема да се покаеш за децата што ќе ги родиш
     
    На Mother of 2boys, Anomis11, Bubish26 и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми ќе прави 1 година во јуни,со маж ми размислуваме за второ.Еве ќе прееоди,ќе се осамостои малко ќе пркнее,сакам максимум 3 години да ми се разлика
     
    На Mother of 2boys, Филотеа и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    Мене ме премислува син ми кој е премногу темпераментен. Ај да е само тоа, ама кога ке соберам се од почеток, грчеви, нејадење, слабокрвност, темперамент, тантруми, вадење заби, не сум сигурна дали сакам и можам пак да поминувам низ истото.
    Ни од бременост ми е страв, ни од пораѓај иако бев царски, ни доењето ми е напорно, еве дојам 21 месец. Ама се останато е многу напорно. Физички не, уште една година и ке е полесно (или не?) ама нејадењето ми е кошмар.

    Всушност јас сакам уште едно дете, ама не сум спремна. Можеби нема ни да бидам.
    Финансиски не би требало да имаме потешкотии, само што се преселивме во нов стан со доволно соби за уште едно. Поддршка од баби и дедовци имаме за се што ни требало до сега.
    Ке покаже времето.
     
    На RAK91, Филотеа, Lady*Bug и 3 други им се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Тешко се одлучив, навистина тешко...уствари не се ни одлучив, едноставно се случи што и јас незнам како. После 2 операции останав само со половина јајник и запечатена дијагноза дека ете ке останам со едно дете. Се помирив со тоа и не ни размислував воопшто, но потајно чувствував некоја празнина дека не сме комплетни. Никогаш не ни калкулирав дека разлика меѓу децата треба да биде толку и толку години, па дали имам услови и остали глупости, па да се осамостали првото дете - ахам кога на 18 год. :D. Едноставно, проблемот :D доаѓа и го решаваш. И никогаш не заборавив на долгите непроспиени ноќи, самиот пораѓај и сл. но тоа се сеќавања кои ке останат засекогаш во мене.
    Потајно не сакав првото дете да остане само. Знам дека ќе си створи своја фамилија но со кого ќе ги дели радостите и слабостите низ животот ?!
    После 10 год јас останав бремена и сега можам да кажам дека сме комплетни :sun:
    п.с никогаш нема да го заборавам муабетот на една колешка ,,вторите деца сами раснат,, и навистина е така. Некако и ти како родител си поопуштен, тоа гледа од сите да порасне побрзо :) и вторите деца навистина побрзо растат.
     
    На DarkStormm, Mother of 2boys, BY<3 и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Во период на финансиска нестабилност, тешкотии со првото дете, промена на работни места и живеалиште, се решивме на второ. Баш сите тешкотии во тие моменти ме натераа да размислам дека најмногу од се ќе се каам ако не добие другар за навек, за низ животот да има со кого да сподели за тешкотиите, како што имаме и јас и татко му.
    Плус, многу емотивно го доживував моментот кога ќе видев две или три братчиња и сестрички да си играат, и колку и да моето дете беше вклучено во забавата, ќе си отидевме дома и ќе беше пак само. Сфатив дека сакам да се обидам и тоа додека е мал, се случи веднаш и сонот се оствари.
    Не можев да замислам колку е тешко, ама точно сум замислила колку е убаво, особено што се релативно мала разлика во возраст, па растат заедно.
    Со слична логика посакувам 3то, повеќе години разлика ама да се случи. Сепак, има големи шанси желбата да не прерасне во намера, затоа што рационалниот а не емотивниот дел ќе преовлада овој пат.
     
    На Mother of 2boys, Veta, Ava.84 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски
    Не сакав второ дете. Доволен ми беше. Не сакав да го делам. Не дека беше бебе нешто како по книга мислам и напорен беше но му бев целосно посветена
    Опседната со него сакав да биде само тој и ништо друго и никој друг.
    Е се деси пресврт од еднаш останав бремена после само 9 месеци.
    Шок буквално. Ке лажам ако кажам дека не помислив да абортирам.
    Но пресврт беше муабетот дека за првото дете буквално молев да го добијам а сега останав бремена од нигде никаде се одлучив да го родам.
    Сакам да кажам може најмалце кога кога се надеваш тогаш и одлучуваш.
    Мислам да седнам да мислам кога е време за второ бебе ке речам никогаш.
    Секогаш ке има нешто што кочи.
    Било наврајќање од неспиење плачење биле финансии итн...
     
    На Mother of 2boys, slavica999, Bella* и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.235
    Oва за советот од колешките донекаде е точно. Јас имам колешка Албанка, тие се 7 деца, а ние 2. Ние немаме ништо повеќе од нив, иако сме биле две. Убаво е да се има повеќе деца, но треба сериозно да се сфати работата, грижа за нив, и трчање да им се пружи максимум.
     
    На SkarletOHara му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    Како може да е исто 2 и 7 деца?
    Јас само за памперс давам 3000 месечно, а памперси се потребни околу 2 години, некогаш и подолго. Храна, витамини, облека, козметика... Како растат децата растат и трошоците. И некој момент тие деца ке бидат средношколци и на факултет. Тогаш пари од каде? Ке сакаат гости да викнат, ако се 7 каде ке се сместат?
    Некој муабети немаат допирна точка со реалноста.
     
    На Anaksunamoon, Vojdana, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Ние сакавме уште кога ни со роди првото, и двајцата бевме едногласни дека сакаме второ дете, само чекавме малку да порасне за да почнеме да се обидуваме со второ. Почнавме кога првото беше точно една година, но 6 месеци не се фаќаше и како што поминуваше времето се повеќе бевме убедени дека сакаме второ, зошто на секое добивање имаше разочарување од двете страни. Сега чекаме второ, па дај боже да биде се во ред ќе видиме како ќе биде со две.
     
    На Mother of 2boys, Autumn_, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    И јас потајно сакам второ но со скратено грло сум на матка и првата бременост ми беше многу тешка неможев емоционално да ја издржам покрај тоа што строго лежев со месеци.. на два ума сум дали да ризикувам, јас сум млада маж ми е 35+ и сака што е нормално. Малата ми е 15месеци па ке видиме во која насока ке движат работите. На сите што можат им посакувам 2 - 3 деца да имаат, тие се нашата светлина.
     
    На lia22, Lisicko и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.256
    Допаѓања:
    124.739
    Најголем страв ми беше дали ќе можам нормално да си ја износам бременоста,пошто малата само со мене сакаше.
    Среќа се помина во ред,цело време бев активна.
    Второто дојде непланирано,малата имаше 1год.5 месеци кога забременив.
    Едно инаетливо,своеглаво,врискаво,
    неразделно од мене.
    Да планирав никогаш немаше да се решам.
    Иако непланирана,беше добредојдена и со радост очекувана и пречекана.
    Среќа ми е најголема.
    Со неа сме комплетни:inlove:
     
    На Mother of 2boys, slavica999, Mitrovska95 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    7.359
    Пол:
    Женски
    Јас сакам второ дете. Првото го родив на 25, имавме уште работи нерешени, станбено прашање, јас не бев задоволна со моето работно место, сакав да магистрирам.. Сега полека се редат работите и мислам дека догодина може да почнеме да се обидуваме, но скоро сум сигурна дека нешто пак нема да излезе по првичните планови.. Како и да е, верувам дека работите ќе се наредат онака како што треба. Синчето ми е 200 на саат, темпераментен, до година дена стануваше скоро на секој саат, но ништо од ова не ме предомислува мене да сакам второ дете. Мм се пишмани, не можел низ ова пак да поминува ама мислам тоа му е моментална реакција. Јас би имала уште 5 деца, тие се љубов чиста безусловна. Ама и голема обврска се, особено ако сакаш и кариера да имаш во меѓувреме. Затоа се надевам уште едно детенце барем да добијам, поскоро.. Зошто ако чекам подолго ќе излезам од колосек па нема да сакам да родам :lol:
     
    На Mother of 2boys, Lady*Bug, elenaklasik и 2 други им се допаѓа ова.
  14. MACKICA1902

    MACKICA1902 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Керка ми беше и сеуште е мирно детенце па кога наполни една година нејзиниот темперамент и мила природа беа пресудни да се одлучам за второ. Мала разлика се (22 месеци) но се другарчиња и уживам да ги гледам како си играат но од друга страна кога ке се степаат чурам целата од бес....интересно во секој случај е секој ден...е сега посакувам и трето зашто имав лесни бремености и породувања но сопругот превртува очи и не сака да чуе...
     
    На Mother of 2boys, cresa-jagoda и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.235
    И јас се чудам. Може се помагаат цели фамилии, не знам. Инаку, мене би ми било срам да кажам дека сме 7, а таа се гордее и иако е млада вели дека сака во иднина да има 3 или 4 деца.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    Зошто срам? Не си гола да ти е срам.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.086
    Пол:
    Женски
    Сакавме... од никогаш не се замислувавме со едно, сакавм 2. Ете ги, живи и здрави да се, многу сум и горда/среќна, не би сменила за ништо, иако ми доаѓа некогаш да скокнам од пенџере, хахахха. Шала на страна, мачно е и со едно, а камо ли со две... ама па вака си играат, се занимаваат заедно, и тоа ми е олеснителна околност. Единица бев, многу се осеќав осамено, може затоа сакав 2 дечиња. :)
    Инаку никогаш не е погодно време за ново бебе, секогаш ќе си наоѓаш причина зошто не е сега добро време, да се почека. Ама вистината е дека за второ сме поискусни, знаеме што да очекуваме, и некако побрзо минува тој бебешки период, скоро не го ни сетив.
     
    На Mother of 2boys, kukla21, Lady*Bug и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.235
    I
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.202
    Допаѓања:
    23.963
    Како помала сакав две дечиња, едвсј се решив за едно. Имав лесна бременост, работев до 39 недела со бебе од 4.5кг во стомак. Породувањето исто не ми е никаква траума. Е после цел живот сменет, додади на тоа пандемија.. некад си викам со едно не можам да истерам.

    Ама како расте некако е полесно, иако е неверојатно темпераментен. Па сега пак почнав да се вртам по секое девојче со кики :Dда знам дека сигурно е женско,одма го раѓам
     
    На Mother of 2boys, TeddyGrey, slavica999 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.786
    Имавме едно и со мм одлучни бевме дека сакаме уште едно.
    Кога имаше 2 години останав трудна со втоото и по 9 месеци си ја родив најубавата принцеза.
    По нејзиниот прв роденден , ни сама не знам како ( уште ја доев и немав менструација) јас пак забременав со трето. Шок! Решена бев за абортус , но во последен миг се премислив и ми е најдобрата одлука. Малите го обожаваат бебуш а јас уште повеќе се топам од љубов кога ги гледам како се кикотат.
     
    На Acika12, Mother of 2boys, slavica999 и 14 други им се допаѓа ова.