Многу ме нервира ова. Сега скоро бевме на роденден и една мајка со 3 дечиња ми вика ајде што чекаш мене првото и второто ми се година ипол разлика, поубаво здравје двете се изгледаа заедно. А нејзиното трето и моево се 8 дена разлика, после следи муабетот "немам време за ништо, само со децаваи дрн дрн жалење." Само реков има време. Ама искрено луѓево треба да олабават со тоа ајде кога второ/трето па и со кога бебе.
Веќе и на работа се во фазон, ајде сите по 2 имаат, ти кога второ? Нормално само се насмевнувам и викам има време. Пред некој ден се најдов во ситуација со познаник со кого се знаеме цел живот ама не се дружиме нешто многу, разговараме и викам се брзам да земам дете од градинка. Спонтано прашање од моја страна дали ти имаш деца? Се најде човекот во незгодно, викам немам сеуште ама само една година има поминато од свадба. Мене уште понезгодно, оти може имаат некој проблем, може сосем 10та причина имаат за немањето деца.
Јас со закон би забранила да се праша "ајде кога бебе второ/трето дете?". Милион примери имам околу со 300 проблеми дури и после прво дете.
А уште непородена ајде 3 тото машко ,затоа шо сум носела девојче... На темава ,не се рашив сама дојде. Јас сум била секогаш во филм се да е погодено па бебе... и за првото така целев тоа што не беше дозавршено го средивме во тие 9 м бременост. Сеа со ова имаме други проблеми кои шо сакав да се средат пред да имаме второ. Ама испадна обратно... Тешко е ,ама тоа е. Само да се тие здрави и живи ништо друго не ми треба
Е ова ме нервира и мене сега, имам 2 машки ајде сега женско ама нејќам женско му велам, јас сакав 2 машки за да не се мачат ко мене крај нема поќе коментари хахах
Море син ми сега дека ќе има брат уште не сум се породила со второво вика мама сакам сестричка следно. Ќе се јавиме на штркот на тој и тој број кажува некои броеви и вика сестричка ќе нарачаме. А и јас сакам женско едно, за едно 7-8 години ако успееме (а може и машко да е како што тргнавме), ако не здравје. И ако сме во поголемо живеалиште зошто овде нема теорија .
Ако си имате желба зошто да не, децата се благослов Моето сакаше братче и ете му братче Ама вака од страна коментари нервираат демек ако имаш 2 машки мора и женско и обратно, гледајте си го дворот и ајт таму нека се живи и здрави доста се 2
Сега ја гледам темава..да пишам и јас збор два Јас отсекогаш знаев дека сакам да имам две деца. Дечар сум невиден, сакам дечиња ептен зборевме со маж дека ќе правиме второ, кога малава ќе направи годинка. Па така и бидна, некој месец после нејзин роденден почнавме со обиди. Не очекувавме, изненадување беше дека природно останав затоа што со малава останав со ин витро. И шок..не ми се веруваше, почнав со прегледи, дочекавме срце и..немам зборови да опишам што е мајката. Имав интуиција дека нешто не е во ред..мајчински инстинкт..крварење со денови и погледот на докторката и зборовите нема да ги заборавам! Ова бебе не било за нас...така си се тешам со денови и денови не можев да се опоравам, солзи и тага, ама имам детуле нај сакано, па полесно со неа пребродев сè. Ете си пишав..да ми олесни! Не губам надеж дека пак ќе се израдувам првово маста ми ја извади (кукав по др теми дека не спие, еве ја и сеа, торнадо по дома) ама си сакам уште едно тоа дефинитивно