Како се одлучивте за второ дете? (за помалку одлучните)

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 26 април 2021.

  1. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Јас втора бременост не планирано ама се случи .До 13 недела нормално функционорав кога ми ставија серклаж морав да лежам.Цела одговорност за малиот беше на ММ и на моите родители со мене само гушкање.Искрена ќе бидам стресно беше ама па еве откако се породив се заборава .Само мораш да бидеш психички спремна и да имаш помош затоа што ако лежиш ќе ти треба.Ама па сега ми е мило што баткото не е сам и има дада ,затоа што мислев ќе останеме само со едно дете.Првото го родив на 36 ,второто на 37 години уште малце 38 не сакаше женската да славиме роденден заедно.
     
    На Cloverrrr и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.840
    Допаѓања:
    9.232
    Пол:
    Женски
    Уф, не прашувај. Мудро си молчам на темава! :D Бидејќи мислев како расте ќе биде поумна и ќе смени ама бетер е. Инает е и непослушна, никого не слуша. Што ќе правиме вака не знам само мојата ли е ваква :^) Вие како сте, батковците :D
     
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.867
    Допаѓања:
    7.414
    Пол:
    Женски
    Еј Вециии, колку се израдував кога те прочитав :l: честитки! Ти брзо си завршила и со другава бременост - да ти е жива инздрава ќеркичката :inlove: кога ќе ми текне колку си пишувавме двете со ризични бремености :sun: темава ја отворив за да се осудам :rofl::rofl::rofl:
     
    На Veci@123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    6.835
    Ја се секирав дека само кај моите така и некаде сериозно грешам, ме утеши малце :D
    Кај нас едниот батко покажува знаци на поголема зрелост ама другиот мајко мила, тврдоглав ко магаре, ништо не слуша, едно време само се расправаше како адвокат, сега почна тотално да ме игнорира како да не постојам што е уште полошо. И многу глупости учат од градинка, кај едниот има влијание ако му збориш и објаснуваш дека тоа не е умно, другиов ко од инает се поише изводи и ми е криво што едниот е колатерална штета кога се даваат рестрикции и казни, а не секогаш е изводливо само едниот да добие...неам памет веќе
     
    На Mumoftwo30, Erika.greeneyes и Baby warrior им се допаѓа ова.
  5. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Фала :l:.Не му ја мисли мој совет ако сакаш и си спремна за 2ро .Само да знаеш не е лесно ,хаос е ама ќе пораснат брзо поминува времето.
     
    На Mumoftwo30 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  6. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.840
    Допаѓања:
    9.232
    Пол:
    Женски
    Мојата пак е инает ама и нешто фикс идеи бара пр иста фризура како некое девојче и ја правиш истата дури и мајката од девојчето се понудува да и ја направи. и мојата почнува да плаче не била иста. Па после веќе ни сама не знае зошто плаче ама плаче до тој степен цела е водена по блузите. И никако не се смирува и трае тој напад може пола час горе долу. Вакви примери имам многу бидејќи дневно ги има по најмалку три. Се си мислам девојчево мое бара изговор за плачење. За памет и живци не збори подобро. Не можам повеќе...
     
    На Jana Sandevska, Mumoftwo30, Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    7.291
    Пол:
    Женски
    Не се одлучив баш лесно :D
    Имав некои планови зацртани, кои бев решена дека треба прво да се остварат, за потоа да одиме на второ дете, па така и бидна.
    Со првото ќе се поголема разлика, што до некаде ми е жал дека досега го оставив само, но од друга страна ми е и мило, бидејќи ги имав сите овие години за комплетно да му се посветам. Сега имам поголемо, посамостојно дете, кое навистина ми е многу тргнато со голем дел од обврските, па се чувствувам спремно за да се посветам на бебе^_^
     
    На Erika.greeneyes, Baby warrior и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  8. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    2.663
    Пол:
    Женски
    Браво :clap:
    Која возраст ти е големото?
     
  9. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    8.381
    И јас не се одлучив лесно имав и спонтан измеѓу затоа и разликата е поголема. Тешко е не дека не иако се голема разлика едното од другото се со различни приоритети ама се сакаат премногу се бараат цело време, се гушкаат и само сакам љубовта да им е цврста и искрена засекогаш.
     
    На Erika.greeneyes, Mumoftwo30, Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.627
    Допаѓања:
    5.969
    Кога земам во предвид станов ,
     
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    7.291
    Пол:
    Женски
    Големото ми е 5 :inlove:
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.281
    Допаѓања:
    7.614
    Некако си планирав дека сакам две, ама да бидат околу 4 години разлика, под тоа ми беше мала разлика, над тоа голема, во меѓувреме немавме решено станбено прашање, кога го решивме и тоа веќе бев одлучена, на 3тиот роденден на ќерка ми имав позиитивен тест, 3 години и 8 месеци се разлика, што ми е сосема океј, големата веќе беше горе доле посамостојна и поразбрана.
     
    На Jana Sandevska и Baby warrior им се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    9.440
    Пол:
    Женски
    Кога направи 4 големиот добив желба за второ. Претходно 2 години бев како изгубена, со релативно мала помош не се осудив брзо за второ. Сепак, 1 година од Х причини не бидна, па второто ми е зачнато најверојатно на 5 роденден на првото. Разлика 5г9м. Голема разлика е реално, ако имате помош од баби подобро е наеднаш да се изгледаат две, не дека сами не може, ама мене на памет не ми паѓаше второ додека големиов малце не се потсмири и не стекна имунитет од чести разболувања. Две мали постојано болни деца не можев да замислам да имам со работа во приватен сектор и со баби на работа. Јас таман све заборавив, сега јово на ново. Ама повеќе уживам некако во секоја фаза, поопуштена сум зошто знам колку брзо растат и колку брзо се поминува. Големиов не ме рецка баш веќе, сега имам уште некоја година со малово галениче да се изнагушкам. После машко друштво ќе ме откачат скроз :D.
     
    На strelec231992, Erika.greeneyes, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. monn9

    monn9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Прекрасно е ова што го читам ❤️ во дел од приказната и можам да се пронајдам... до оние моменти на носење одлука за подготвеност, бидејќи јас се уште сум таму.
    Кај мене ситуацијата е што сум со девојче моментално, 5 годинки, прекрасно зрело девојче за нејзина возраст.

    Кога го прочитав ова, забележав дека е од минатата година, па сакав само да прашам како сте сега? Како се одвиваат нештата со среќниот батко и девојченце бебе?
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.