Отсекогаш сум сакала да имам две деца. Мм сака и повеќе, ама тука не се согласуваме. Денеска гушкајќи се со првото и си помислив колку многу го сакам и дека не можам да сакам никој друг како него. Па од тука ми дојде и прашањето, што кога ќе дојде ред за второ дете? Ќе успеам ли да ја поделам љубовта на две? Ќе успеам ли да му ја пружам истата љубов и внимание како за првото? Има време за второ, не планираме да биде за брзо ама така ми дојде мислава денеска и цел ден тоа ми врти низ глава. Срам ми беше дури и на мм да му кажам
И јас така размислував како тебе и баш прашував другарки со две деца претходно. Мислам дека на сите им се врти тоа прашање Дури и дента на пораѓајот кога заминував за на болница, ќерка ми беше 4 и пол, доволно голема за да и објаснам колку време ќе ме нема и што ќе се случува, таа ме испрати со плачење, и цело време дури чекав да ми делува провокацијата и да одам на бокс зборував со неа на вибер. Цело време плачеше без престан. И воопшто не ми беше убаво што треба да ја оставам неа и да бидам три дена со "некое непознато бебе". Глупаво, знам, ама и со двете не ми се развија некои чувства на мајчинска љубов за време на бременоста. Е сега следува почудниот дел. Откако се роди точно на вториот ден (не знам дали доењето играше улога) се заљубив наеднаш, толку многу што дури и се опседнав со бебето. Таа љубов беше нешто што не можам да го опишам и што не ми се случило со првата ќерка. Чудното е тоа што љубовта за поголемата ми се намали, ништо не ме интересираше освен бебето. Поголемиот дел од времето дури и се прашував дали воопшто ја сакам . Тоа ми траеше некаде до четвртиот месец, за постепено да се изедначат. Цело тоа време се обидував вешто да скријам од неа, барав на гугл дали постои вакво нешто, зошто никогаш не сум слушнала. И навистина не најдов ништо слично. Ужасно се чувствував, ужасно лошо. Сега, по една година, можам да кажам дека ги сакам подеднакво. Верувам и сакам да верувам дека и кај сите е така. Мене повеќе ме интересира за родители на големи деца, зошто во текот на животот сум заприметила двоење на децата од родителите, посебно наклонетоста на мајките кон синовите за сметка на ќерките. Среќа па моите ќерки се двете инаку вака ко што сум тргнала ќе се заплашев богами . Инаку во врска со насловот на темата се одлучив само ради првото дете. Не сакав да биде сама, сакав да си има некој, некој со кого ќе може да сподели се, некој од кој ќе побара било што, некој од кој ќе добие најискрени совети, некој кој ќе биди тука за неа, некој на кого ќе може да се жали од мене и да ме оговара , некој што ќе и прави друштво на задното седиште, пријател за цел живот. Така и сакам да ги воспитам, најтешко би ми било ако не се најдобри и најблиски другарки.
Тешка ми беше бременоста, шо не поминав пораѓањето беше брзо ама болно анастезија доцна ставена имав многу болки, така да не можам да заборавам колку панично ми беше се, хормони во дизбаланс, плачење ненормално, одгледувањето на бебе тешко, не знам како ќе се одлучам за второ.
После првото, мислев никад веќе. Еве го, спие второто. Тешко е, и со едно, потешко со две. Убаво е, и со едно, и со две.
Убаво вака искрено што одговори.. многумина би ја сокриле вистината. Мислев дека само јас не сум во ред што ми идат вакви мисли во глава ама ете хормоните што ли не прават
Како викаат стравот лозјето го чува И јас имав тежок прв пораѓај, ама за второво не го сетив, мислам да подзачистев уште малку дома ќе го родев и сега сакам уште десет деца да имам дома ( знам дека финансиски е невозможно) ама барем за трето женско сакам да го убедам мм. Тој повеќе се плаши како ќе ги гледаме, што ќе јадат, па кога ќе пораснеле и бла бла бла. До тогаш се надевам ќе помине оваа криза, па ќе живнеме малку повеќе. Замислете си, јас сум единец исто така и сопругот. Моето дете нема тетка, чичко, вујко, братучеди. Нема кој да му донесе пакетче за нова година. Па и уште да го оставам само дома, не никако. И ние сме единци ама имаме многу први братучеди, имаше каде да одиме, со кого да си играме. Ама сепак кога ќе си отидеш дома пак си сам. И немојте да се мислите и да стравувате, што побрзо тоа подобро. Кога се мали е тешко со мала разлика, ама ќе си најдете начин ќе успеете. За кратко време ќе почнат да се играат и нема да им бидете потребни да ги занимавате цело време. Поздрав и почнете да се размножувате побрзо, баталете кариера. Кога ќе ми текне на колега од работа, се оженил на 45 години, и накај 50 добива дете. Ама важно има кариера. И оди да го земе детето од градинка, другарчињата му велат дедо ти дојде да те земе. На децата не му е важна нашата работа, тие треба да имаат здраво и среќно детство.
Многу. Посебно со пркнато бебе. Оброци и за него плус. Внимание и игра си бара и тоа. Посебно сама со двајцата. Во секој случај изводливо. Ваљда ќе преживеам. Не знам.
И јас мислев дека нема да го сакам второто како првото. Дури кога се роди, кога го видов, не ми беше убаво бебе, ми се плачеше( оти не личеше на бато, а бато е убав на мајка). Ама еве го порасна, заличи на човече и толку многу е насмеано, сака да се гушка и да се гали, чиста спротивност на првото. И го сакам . И бато го сакам. И двајцата ги сакам. И го избравме тато во друга соба, јас спијам со двајцата Љубовта на мајката не се дели, се зголемува.
Сама си? Тешкоооооооооооо Едно плаче, друго плаче, едно спие друго јаде. Едно кака, друго моча. Едно болно, па друго. Ама времето летаааааааааааа. Не осетив дека поминаа шест месеци. И за уште 6 или може 16 би ми било полесно. Ама радост се, ништо друго не ми е важно
Плус бели влакна, па некое расипано запче, ( оти за мама нема време ) да нема кој да ти ги почува ти да се истушираш. и мама ќе скине едно 25 кг за три месеци, и сите мислат дека нешто е болна, па јади ти велат, а не да ти зготват нешто да одмориш ти, или да сработат нешто. Ама мајки сме ќе успеемееееееееее
Јас искрено не ги осетив децава како пораснаа. 5год и 2 год се. Од бебиња и двете цели ноќи преспиваа. Те на цицка дур доеја, после сами. Болни нешто многу не ми биле.. Е за јадење тука нерви искинав, и двете со сила јадат. Може дека со сопругот сите овие години заедно ги растеме, од дома работиме и двајцата и цело време сме заедно. Помош од никој, ептен кога идеме некаде сами мајка ми да ги причува. И трето сакам, не сега но би сакала. Аман, така и за второво кога посакав реков па веднаш ми се исполни желбата
Тоа е супер, што имаш од сопругот помош. Мојот почесто е на работа отколку дома, и баш сум сама. И двајцата се родени јуни, и цело лето сама ги бањав секој ден. Сега не знам како сум пристигнувала. А сега бато веќе си ја свати улогата, и со него го бањаме бебе дур тато спие
Мене не ми е тешко затоа што се разлика 4 и пол години и плус малата ми е умна многу (за разлика од поголемата кога беше бебе). За споредба, поголемата кога беше 1година ми беше многу потешко отколку сега со две од 1г и 5г. Значи најмногу од самите деца зависи. Инаку по цел ден сум сама, немам помош и никогаш не сум ни имала. Да беа помала разлика ќе ми беше потешко, тоа сигурно. Ама големата е веќе самостојна, сама се облекува, оди во вц, ако сум со малата во спална сама си зема за јадење. Плус ми е од голема помош, ја чува, си игра со неа, ја рани за јас да за завршам некоја работа.
И моиве деца се умни, колку што нели може да се умни деца. 4 години се разлика. Ама дека е лесно - не е. Посебно на породилно, ме уби осаменоста. Баш на 4 ипол години и не може да дофати сама со се да се послужи. Е сама иде во ВЦ. И сака внимание. Нормално.
Се пронаоѓам целосно во напишаново. Малиот ми е многу напорен, захтевен и доста тврдоглав. По породувањето паднав до депресија од која сеуште немам излезено целосно. Од една страна не сакам ни да замислам за второ, од друга страна некако не сакам да го оставам сам. Мислам дека се можам повторно да преживеам и тежок пород и непреспиени ноќи, ама незнам како да ги пребродам деновите кога се болни. Добивам секој пат страшна тахикардија и премногу паничам и никако да ги пребродам тие моменти.
@TeddyGrey Е не реков дека со се ќе се послужи што сака, ама кога и се јади, а не сум таму, си зема за јадење. Мие овошје, од фрижидер зема нешто отворено што е веќе на столче се качува ( има нејзино во кујната), имаме ножеви за мачкање мачка, кашкавал сечен, такви некои работи. Сега е 5 и пол и на нејзини години точно почнав во забавиште. Јас сама си одев во забавиште, се враќав дома сама со клуч околу врат и седев сама, јадев. Не сум имала ни баба ни дедо и морало така, ниту пак имаше престој како сега. Е сега да имав две деца во пелени друго ќе беше. Затоа и ја правам компарацијата. Ќерка ми до 3 и пол беше презахтевна, се чувствував ко 10 деца да гледам. Осаменоста за време на породилното е друга приказна.
Мене ми е потешко со две,може дека немам помош,а децата се 4 години разлика и мислам е уште потешко.Различен пол,различни потреби,различни интереси.Од скоро почнаа заедно да си играат по малку,па здивнувам некогаш инаку се растргнав овие три години .Не се жалам да се разбереме ,дупло потешко но и дупла љубов.Единствено би сменила разликата во години да е помала,но тоа е што е.Растат па полесно станува