1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се одлучивте за второ дете? (за помалку одлучните)

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 26 април 2021.

  1. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    791
    Пол:
    Женски
    Вас што растевте сами убаво ли ви беше? Не. И мене, јас пораснав сама. Знам дека цело време ми беше досадно.
    Не му е убаво и на твоето дете. Твоето внимание сега, во споредба со она што ќе го има кога ќе добие брат/ сестра ќе се намали. Ама за некое време тие ќе станат блиски, ќе си играат, па кога ќе пораснат ќе има на кој да си ги кажат маките.
    Оти другар/ка и брат/ сестра не е исто.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.518
    Допаѓања:
    10.613
    Пол:
    Женски
    Ново дете после трета година велиш? Што се промени, зазборува убаво?

    Инаку, во градинка кога почна?
    И второто ти беше помирно?
     
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Во последно време сама си се измачувам во моите мисли околу оваа тема. Се преокупирав. Никој не ми збори, се уште, ама јас си размислувам веќе. Сама си се убедувам, си се негирам, си се тешам хаха...

    Имав лесна бременост, пораѓај царски ама јас лично многу лесно поминав, брзо се опоравив, од болница излегов како да не сум родила. Ништо од тоа не ми е проблем. Не дека многу сакам да сум бремена, јас бев од оние трудници што едвај чекав да се породам зашто да не можеш чорапи да си облечеш е хаос, ниту па мислам дека бременоста е "блажена состојба". Мене лично ич не ми беше убаво да мочам на секој пола саат и ноќе да не можам да спијам. Ама ќе стиснам заби за уште едно валда, ќе пројдам пак низ тоа. |(

    Ќерка ми има скоро 2 години, генерално кога ќе опфатам она е доста разбрано дете, не е многу захтевна. Од 1 година си ја преспива цела ноќ, си има ред за храна, хигиена, спиење и до сега не ми се буни. Се ме разбира, збори, веќе поврзува реченици и тоа е нешто што многу ми олеснува зашто ми е како другарче, си правиме муабет, никогаш не ми е досадно. :D

    Проблемот е што јас не можам да замислам да имам друго дете, не можам да замислам времето што и' го посветувам на ќерка ми да го делам и на друго дете. Не сакам ќерка ми да се осеќа дека мајка и' треба да ја дели со уште некој.

    Второ што ме предомислува е што некогаш си се запрашувам дали воопшто сакам во светов каков што е моментално, да родам уште едно дете. И тоа најискрено го мислам.

    И трет проблем е што мм е многу отсутен од дома со работата, сама ја раснам ќерка ми, така би било и со второ и не знам дали сум способна физички сето тоа да го издржам. Дали ќе можам на сите страни да постигнам. Зашто буквално од куќа, двор, пазарење, сметки, кола, чистење, дете растење, се е на мене. Сега со ќерка ми ми е доста полесно отколку кога беше бебе, а јас бев сама со неа.

    Што е до мене лично, мене ќерка ми ми е доволна, мм сака второ ама остава на мене јас да одлучам кога ќе биде, ќерка ми е мала за да бара братче или сестриче ама јас размислувам место неа за понатака во животот. Сите околу нас си имаат братче, сестриче, она се дружи, сака деца, ама дома си оди сама. Сакам да си има некој на кој ќе може да се потпре во животот, ние родителите не сме вечни.
    Секогаш викав, да се помала разлика, кај едно, таму и две, двете да ги израснам одеднаш, ама некако сега не ми се збори на таа тема. Со ќерка ми си фатив една комфорна зона, кога ќе замислам дека пак треба се од ново, бременост, пораѓај, доење, заби, храна... аууу коса ми се крева. :@
     
    На LucyLu, Осе, Ema.Sk и 5 други им се допаѓа ова.
  4. MikicaBt

    MikicaBt Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.167
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам брзо се решив за второ..сакав ќерка ми да има братче или сестриче и бидејќи сум повозрасна немаше многу време за мислење и немаше простор за поголема разлика во години. 2 год и месец се разлика. Тешко ми е. Двете со пелени, бебето плачка за во раце плус и на доење...некако немам многу време на големата да и се посветам. Криво ми е ама па покриво ќе ми беше да ја оставев сама. Ја сака сестра и, ја гушка ама и многу ја гњави. Ја стега, скока преку неа, неколку пати ја има каснато, ама и ја занимава и се смее. Малата само по даде се врти.

    Се надевам дека со време ќе стани полесно, ќе почнат двете да играат заедно и така.
    Лепенки ми се двете, корона бебиња и не сум имала шанси навечер да подизлезам заради короната и сертификатите па големата се навикна дека јас морам да сум цело време со неа и сега не можам нигде да мрднам сама. Денес ќе одам кај другарка на роденден и двете ќе ги носам со мене.:@:drunk:
     
    На Mnik, Maca Macka и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.180
    Допаѓања:
    47.302
    Пол:
    Женски
    Тешко ептен се решивме да почнеме да работиме на второ, т.е јас тешко се решив, мм сакаше многу одамна. Син ми во август наполни 6 години, ние почнавме месецов со обиди, па ќе видиме дали ќе биде за брзо. :D
    Инаку јас раснев сама 11 години . Син ми нема братучеди од страна на мм, не верувам ни дека ќе има, од моја страна брат ми е уште многу млад, па така да со братучедите може и да е над 15 години разлика.
     
    На sani99, Mnik, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.325
    Допаѓања:
    38.048
    Пол:
    Женски
    И мене долго ми требаше за второ да се решам и некогаш мислев дека нема да имаме, ама потајно секогаш сакав и замислував две деца дека се. Не беше причината што ми беше тешко со бебе, напротив со синко многу лесно поминав тие први години и ова до сега е мирно, спанка е исто ко него, се надевам нема да се смени. (fingers)
    7 години се разлика и не ми е тешко и сега од тој аспект, со помала разлика е потешко секако. Тој е многу самостоен од мал, дури и помош имам сега од него.

    @anastasijaki и кај мене слично, со брат ми сме 10 години разлика, девер ми е исто помал, први братучеди здравје ќе имаат многу помали од нив.
     
    На Mnik, mal.ecka, Lisandra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    791
    Пол:
    Женски
    :l::l::l::hug::hug::hug:
     
  8. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    791
    Пол:
    Женски
    И сите вие што барате мислење за второ, чекаме во најбрзо време да ни пишете +. Гушки:l:
     
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.064
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Јас одсекогаш сум сакала 3 деца. Ама кога го родив првово си реков несакам веќе, едно доста е. Е сега скоро 4 години има и менувам мислење, и самиот ми вика да ми родиш бебе. Ама проблемот е што сега ич не е време, ама ич, се надевам дека до крајот на нареднава година ќе можеме да планираме бременост. И криво ми е. Зошто имаме одредени планови, а реално првото ми порасна на ад, знаеме колку кошта сето тоа, и жива се јадам дека децата ќе ми се голема разлика,т.е. сигурно барем 6 години. И да е уште полошо, сите околу (со исклучок на неколку блиски луѓе), ми прават притисок да родам, демек да си играат, после ќе се караат ако не биле помала разлика, да си имал друштво, да не бил сам, детето само си носело среќа и пази "пари само си носи", демек да не сум се мислела од финансиска страна, само ќе си пораснело тоа:@ И мене сето тоа ми долева да имам грижа на совест.

    Значи со луѓето општо и нивното зборење знам да се снајдам, ама со сама себеси неможам, од притисокот што ми се собира,зошто ем сакам, ем неможам сега.
     
    На elimkd, MeowMeow, Lisandra и 4 други им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.006
    Допаѓања:
    22.578
    Јас не растев сама и пак не споделував маки со никој и се дружев со децата од маало и школо. Нема врска тоа, туку ете не сакам уште деца. Сакав да станам мајка, си родив детенце, станав. Некако работата е ако се решиш да бидеш родител, по дифолт како да мора да родиш 2. Или 2 или ни едно, за да не било само едното.
     
    На Puffy2019, anngelique, Emy867 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    791
    Пол:
    Женски
    Не, не. Оваа група е за оние што сакаат второ дете, ама не можат да се одлучат. Секој си има свое право, дали ќе роди и колку. Тебе никој не може да те присили ако не сакаш. И не треба.
    И не си растела сама, не знаеш како му е на твоето дете, и како ќе му биде. ( Ти имаш брат/ сестра сигурно за нешто си помагате).
    Или како што имаше пишано некоја мајка ,, Не сакам моето дете само да ме закопува'' .
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.064
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека со мислењава на темава по малку осудуваш? Знаеш дека темава ја читаат жени што неможат да родат едно не па второ? Или што се борат со секакви емоции? Многу е глупо да наметнуваш така, не си и била на членката дома. Од кај знаеш како е растена? Ако кажува дека е така, не е наше да оправаме како е вистина, има различни судбини. Еве јас имам 2ца браќа, ама едниот исто ко да го немам, ни се слушаме, ни се гледаме, децата не ни се познаваат. Од деца кога бевме беше таков, потпорасна дома не се прибираше, спиеше дома кај баба ми и дедо ми, со постариот брат сме 8 години разлика, дур бев мала памтам дека ни по 2 саати не го гледав, после веќе и него ич, почнав во школо он од 18 години на работа и ја буквално сама растев, сега со него сме блиски, ама далеку сме, еднаш годишно дали се гледаме.
     
    На Emy867, Carpe Diem New, unearthlysarah и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.640
    Допаѓања:
    4.203
    И јас сум една од тие што сакаат да има „друштво“ моето и затоа ми е насеана бубачката в глава.Ама од други причини мене не ми се тргнува за второ во моментот, иако во мојот идеален замислен живот има 5 деца.

    Но, огромна грешка ви е ако мислите дека тоа друштво е загарантирано. Ја знаете поговорката сложни браќа куќа градат, е не сложни две градат. Така да, животот е долг, децата ќе пораснат, не знаете животот по кој пат ќе ги однесе. Многу браќа/сестри не си помагаат и не закопуваат родители заедно за жал. И нема врска ни разлика во години ни воспитување, карактерот на човекот не го градиме ние.
     
    На Puffy2019, IRBBB, Emy867 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Калатеа

    Калатеа Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    1.861
    Допаѓања:
    6.199
    Јас имам едно и не размислувам за второ, ама причиниве "ќе родам уште едно за да има друштво" не ми се верува дека уште се кажуваат.

    Раѓате личности со различни карактери кои не знаете како ќе се изградат понатаму, а не кутриња за друштво да си прават.

    Ќе родам АКО бидам психички и финансиски спремна за две деца, на кои сакам да им понудам стабилни родители кои ќе имаат нерви за 2 деца, и солидни услови за живот.
     
    На Puffy2019, st-el, anngelique и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    791
    Пол:
    Женски
    Во право сте и едната и другата.
    Ама јас сакав да ги охрабрам оние кои бараат поддршка, бидејќи за секоја работа има некоја препрека во животот што не кочи во моментот.
    Затоа си пишуваме тука, да се олесниме и да побараме поддршка од некој.
    И мене ми е тешко, во лош период го родив второво, останав без работа, ама ќе преживееме нема назад. И не сакам да жалам за тоа, детето не можам да го вратам назад, ама работа ќе си најдам. Мора да бидеме храбри.
    Можеби затоа што јас сум сама нЕмам ми брат, сестра, мајка, мислам дека моето дете треба да има. И се надевам дека ќе бидат сложни браќа, па макар и да ги раздели животот.
     
  16. Калатеа

    Калатеа Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    1.861
    Допаѓања:
    6.199
    И јас те сфаќам која ти е поентата, ама исто морам да кажам дека на форум не се бара ваква поддршка за толку голем чекор во животот.

    Може да се искажеме, да се советуваме за пелени или каши, ама да бараме совет дали да имаме второ дете тука, :shake:.
     
    На Emy867, elimkd и Black girl им се допаѓа ова.
  17. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    791
    Пол:
    Женски
    Не ја измислив јас темата :(
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Karmina1989

    Karmina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Од секогаш моето идеално семејство било со две дечиња. Откако ја родив ќерќичката која беше доста темпераментна од бебе не помислував за второ. Како што растеше таа кога направи две години и веќе беше доста самостојна почнавме муабет како би било со две деца и така нешто меѓутоа ништо официјално дека се договоривме да работиме на случајот бебе, кога при еден однос мажотми сврше во мене и јас така зачудена бев некако ама си мислев нема шанса и така долги месеци се обидувавме за керќичката па сега ќе треба кизне колку време да пробуваме дури останам бремена. Наредниот месец ми доцнеше ама не сфатив ништо сериозно со моите проблеми со хормоните и претходно ми доцнело, кога помина скоро два месеци јас се решив за тест и погодете тестот позитивен од еден единствен обид за бременост, јас неможев да си поверувам. Вторта бременост малце ми се искомплицира при крајот ми се скрати грлото на матката и лежев месец и пол и успеав да родам терминско бебе во 37 недела. Сега синко има година и керќичката 4 и си играат заедно се бркаат низ дома, може да има и лутење и тегнење за коса ама никогаш не се покајав што родив второ детенце, првин за да го реализирам моето идеално семејство замислено со две дечиња, второ за да има друштво керќичката, трето јас да имам и машко дете. Синко пак само за пофални зборови е едно мирно бебуле е од мал, си спија ноќе, за јадење не прави проблеми. Ми се чини поке ако размислував можи и ќе се премислев за да имаме второ дете а вака се бидна наеднаш и искрено немав ни време мн да размислам добри лоши страни. Меѓутоа посреќна сум со две дечиња и воопшто не осекам дека на првото дете му кратам нешто, и двете имаа т посебно место во моето срце, за двете ама посебна љубов.
     
    На Осе, mKdevojce, mace89 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    72.360
    Пол:
    Женски
    Реално ама најреално, муабетот дека второто го родив поради првото ми е последен на листата, ама сепак го има.
    Прво, можев финансиски.
    Второ, можев физички.
    Психички мислев дека можам ама еве терам:rofl:
    Сакав уште едно.

    Сакам и три. Ама ако може проодено и прозборено. Бебе пак, не. Доста беше.
     
    На Осе, gjoker4e, Iki lepi и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    791
    Пол:
    Женски
    И јас сакам женска ама не сум сигурна дали ќе биде трето, па женско. Да се стабилизира ме малку и би сакале да посвоиме детенце, ако ни дозволат.
     
    На Freckles., Mucika и TeddyGrey им се допаѓа ова.