Точно, треба да сакаш ама како единица на мама и тато, мене ми беше ужасно сама, сега нели голема и не е толку страшно ама па има моменти кај што ми е тешко.. мајка ми е сама, јас сама, од татко ми страна сме голема разлика, кога гледам каков однос имаат маж ми и золва ми, како се собираме сите полна фамилија, деца.. многу ми е криво што немам никој најблизок, некок кој ќе му се пожалам или кажам нешто од доверба. Золва ми ми е како сестра ама не е тоа тоа. Јас од таа причина сакав/м многу деца, со маж ми сакаме 4, второто е сега на пат и не беше воопшто размислување, сакавме да се 3 години разлика и така ќе биде. Првото ни е многу темпераментно, пргаво, кенкало ама тоа не ни беше пречка, разговараме со неа за бебето уште од прв ден и сега секок ден по 5-6 пати вели како го сака и како го чека,она ќе си остане полна енергија ама кога ќе го видам двете заедно како си помагаат, срце полно.
Не е темата за тоа, ама и јас сум единица и од секогаш викав дека сакам повеќе деца. Растев сама, за среќа со многу први братучеди во време кога нѐ оставаа кај баба и дедо сами со месеци. Игра, делење, искуства со други деца никогаш не ми фалеле. Тогаш мислев дека ми недостига брат/сестра, па кога пораснав не толку многу. Иако секогаш ми пречеше товарот со кој растев како едно дете. Кога станав родител уште повеќе ми недостига брат/сестра, како стареат родителите исто така ми треба некој близок за разговор на тема "Што им е бе на нашите?". Три идеално, минимум две сакав да имам. Е сега, фаст форвард во реалноста, задоцнив со многу работи и природата замеша прсти, за малку ќе имав близнаци и кога ги изгубив (по два месеци) видов дека стварно, ама вистински сакам второ дете. Точно е дека прво викав дека големиот мора да има брат/сестра за да не биде сам, нема ни први братучеди, ама секое дете е дете за себе, од исти причини треба да дојде, с тоа е љубов кон новиот живот а не потпора на постоечкиот.
Вчера слушнав муабет дека за комплетно семејство е она со две и повеќе деца. Таа е нели сликата што се покажува. Кај мене првото е уште премало, сепак во дилема сум дали сакам второ, дали ќе имаме услови и финансиски и ние да сме физички и психички спремни за тоа. Некако како на раскрсница со ова прашање сум.
Јас и мм одлучивме дека во оваа вукојебина ( да не се навреди некој, за мене Македонија е вукојебина ) нема да имаме второ дете. Најглавно е финансискиот аспект. Друго, се по ред. Образование, здравство. Сигурно и на други места не цветаат рози, ама ова пак да го живеам со мало бебе у Македонија, не Ама затоа сум пукната за уште едно девојче Маж да нема мир 3 недели месечно
Хахахах не е се во парите, искрено.. Ма да битни се и финансиите, ама ќе се снаоѓате и најважно да расте во љубов .. Јас имам огромна желба заради син ми што е сам по дома, се радува на малите деца па некако би сакала .. сега за сега ќе видиме да потпорасне малку , убаво би било да се мала разлика доколку здравјето на мајката е добро Ние имаме огромна помош од моите додека се во тие години така да немам никаков проблем тука.
Комплетно и идеално семејство е петточлено, двајца родители и три дечиња, ова ми останало уште од школо некој од професорите ни го кажал. Јас уште сум на исти став едново ми е доволно, амаа го гледам како расте и сака дечиња, друштво бебенца, во глава ми излагаат сцени од розеви градини како си играат двете, се смеат, се радуваат…. миг подоцна си велам излези од тој филм и врати се во реалноста, бременост, финансии, нерви, непреспиени ноќи, стрес, држава дно…
Абе не е сѐ во парите, ама скоро една година од нејзините 15 месеци ние сме под стрес за пари. Дали ќе има месецов јакна да и купиме или ќе нема. И малку ми е шкљ тоа. Се снаоѓавме, не дека не. Ама верувај дека ми е веќе преку глава од "снаоѓање". Башка сами сме. Колку е добро толку е и лошо. Помош имам еднаш на 2-3 недели ако ја земат моите за да направам генералка и да испазарувам на раат
Дури е малечко второто и не е некој трошок како што пиша зошто веќе имаш ствари од првото ќе си ги префрлиш на второто, ама до кога така? Тешкото е подоцна кога ќе израснат, да ги школуваш, да му овозможиш ништо да не им недостасува … а не гледам дека државава оди на подобро, напротив се полошо и полошо. И ние сме сами и знам дека е претешко, психички и физички замор, стресот ме уби мене
Ние коа ќе се загледаме слики кога била бебе си викаме "леллее што викаме дека тешко во брзо време уште едно, види ја какава била, дај второ ќе праиме". И после ќе се заседнеме со Нетфликсот и сме као дај отвори виното, не се заебавај со муабетиве, ти текнуе ли детево година дена дека не спиеше...и така во круг 3 месеци више
Од една страна чувствувам олеснување што веќе е потпорасната (уште малку 3 год.). Станува се' повеќе независна и не толку захтевна за гледање. Конечно можам донекаде да се вратам на животот од претходно. Убав ми е периодот и имам чувство дека ќе станува се' полесно како што расте. Од друга страна, убава ми е глетката кога ќе видам мајка со две деца. Уште од мала сликата за комплетно семејство ми е тоа со две деца. Сакам да има брат/сестра, некој со кој цел живот ќе се имаат еден со друг. Но... помислата да го ставам животот повторно на пауза... минимум една година пак дома, овојпат со две, без помош од страна... некако ме одвраќа од таа идеа, барем за некое одредено време. Се тешам дека имам време до 35-36год. (не дека не може и покасно) за уште едно... па да искористам до максимум..
Кај мене па поголемиот си побара братче. Кога почна прваче си дојде еден ден и тажен рече: Сите на училиште имаат по некој, а јас немам никој. Претходно бев убедена дека не сака, а можда и сама сакав така да мислам (поради стравовите кои ги имав) , дека убаво му е сам, па има се што сака ништо не му фали (а сега гледам дека му фалело и тоа многу). Не е се до финансиите, и да му обезбедиш материјално на децата. Тој сега доби нешто што не се купува со пари, горд е, среќен... Убаво ми беше кога бевме тројца, ама сега ми е уште поубаво. Можам да замислам како му е на оние со 3
Јас решив за 2ро кога фрливме пелени и стана независен. Сега кога го чекаме второво малку повеќе ми е страв како ќе биде се пак отпочеток со бебе .
Честитки за бременоста те прочитав низ темиве ама заборавив да ти пишам. Да ти биде како по книга Мене ми е страв не можам никако да се одлучам а многу сакаме. Се ме плаши и бременост и пораѓај и како со две прашања милион
Фала мајка, да се враќа се што сакате, кога сакате. Мене ме плаши newborn фаза само, па све до 3години. Нема ни бременост ни пораѓај.