Веќе некое време размислуваме за второ, сопругот сака а јас неможам да се одлучам, малата е 3 и пол год , немам почнато на работа цело време сум со неа повеќе е дома него в градинка. Некако сум преоптоварена со мисли како ќе престигниме, да ја остам сама несакам а од друга страна ако чекам да средиме со се - кој знај кога ќе биди. На два ума сум дали да чекаме или да се решам додека сум дома. Овие денови посебно разговараме на оваа тема и серизно размислувам и стално сум неодлучна …
NEMA poubavo.....Jas posle 10 godini ostanav povtorno bremena,Denes pravi 1 godinka a golemata ima 11.Nasata familia sega e kompletna I posrekna.Se se postignuva ne se grizete samo opuateno
детево ми е 14м. си мислам и сакам искуства совети дали е ред за 2ро,како тоа да го знам? се двоумам малку
Ако сакате зошто да не е ред? Според мене најидеална разлика е 3-4г, поразбрани се, љубомората поок се контролира и ти си порастеретена, во смисла посамостални се за Вц за јадење за заспивање.. ама тоа според мене. А за прво,второ трето дете кој кога мисли дека е спремен
Сакавме второ дете и планиравме да бидат на блиско растојание, но малку порано ни стигна од очекуваното бебето, ама топ сме. Беше страшно да се замисли на почеток како ќе изгледа темпераментен тодлер од година и пол и бебе. Тешко е на моменти, ама второво само си расте. Немам стрес што како со бебето, оти знам, немам ни толку време да се потресувам за ситниците околу неа. Најмногу ме плашеше реакцијата од поголемата, ама супер е, ја гали, ја сака. И дефинитивно сум убедена дека ако чекавме повеќе време повеќе ќе влијаеше психата и можеби и ќе се обесхрабрев. * сега сакам уште едно, ама морам да се задоволам со овие две, 2 царски за нецели 2 години стварно беше напорно
Кога мојот беше колку твоето, јас веќе бев породена 14м ми се разлика, не дека е лесно, ама боље наеднаш, отколку поголема разлика.
Јас да бев со овој памет сега, по една година ќе се решев за второ. А многу чекав за жал ај да потпорасне и пројдоа годините .. Сега големата ќерка е 14 години, втората е 5ипол и немаат ништо заедничко, ниту да играат , малата бара од големата да ја игра,да ја занимава ова е во пубертет си гледа нејзини работи. А ако се мала разлика заедно ќе пораснат, ќе си играат , тешко би било што двете се мала возраст и ќе треба повеќе да трчаш. Јас по за помала разлика сум , си ја увидов грешката. А љубомора секогаш може да има, ќерка ми 8 години беше кога малата се роди и плачеше кај бабите како со бебето седам со неа не, а секако не беше така, беше многу тешко мислев ќе ми помогне ќе се,радува дека поголема , ми беше страв да не ја повреди и сл
Они немаат сега ништо заеднично, но кога ќе пораснат разликата ќе е скроз неприметна. Моја другарка со сестра и се 7г разлика, најдобри другарки се буквално, маж со сестра му исто 3 и пол години разлика, а се ептен блиски иако како помали не биле, а знам по една што се и близнаци, ма ни роденден не си честитаат едвај. Така да.. како ќе се поставиш ти во воспитувањето и градење на блискост измеѓу децата без разлика на разликата во години е според мене. Нормално нема да имаат исто друшто, исти интереси додека се мали/ тинејџ, па и тие што се 1г разлика ама како возрасни е битно колку ќе си се поштоваат. Спремност и помош е многу важно да се има ако се мала разлика. Јас пошо не сакам никој да ми се плетка дома тоа не ми иде во опција иако планираме трето дете, 3-4г со второто пак ќе темпираме да се разлика