1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се одлучивте што да студирате?

Дискусија во 'Образование' започната од Kicky, 2 ноември 2011.

  1. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Јас се наоѓам пред оваа тешка одлука. Што понатаму? Ова е можеби најтешкиот испит во животот.
    Се двоумам меѓу два факултета и двата ги сакам. И многу тешко да се одлучам што сакам повеќе. Тука е и преспективата иако силно верувам дека таа лежи во самиот човек..Сепак Како падна вашата одлука, дали се двоумевте или пак едноставно го знаевте тоа.? Меѓу што беше вашата дилема? и Зошто одлучивте тоа што одлучивте? Дали и дадовте предност на преспективата или љубовта?
    (ако е дупла или не ви се допаѓа,клуч или избришете ја )
     
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Јас сум за тоа да се одбере она што најмногу ни лежи на срце а не она што е најперспективно. Ако го избереш тоа второто, тогаш тешко оди учењето, може да ни створи и одбивност. А секогаш може да се најде начин да се работи она што се сака. Јас кога требаше да изберам факултет, сите ми велеа мисли со своја глава а кога ќе кажев што сум одлучила ми велеа тоа не било добро, немало да најдам работа. Татко ми најголем притисок ми ствараше во однос на тоа. Првично сакав да учам некој јазик, а тој велеше дека професори и наставници имало со лопата да ги риниш и нема да најдам работа. Се премислував неколку пати за на крај, кога веќе немав ни избор, да се запишам на социолигија. Не е лоша наука, можам да се вклопам, но често имав а и уште имам тешкотии и одбивност кон некои предмети. Ова не е она што со љубов сум го одбрала и затоа не можам да очекувам добри резултати.
     
  4. Njad

    Njad Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2021
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.И јас сум сега пред носење на оваа одлука за кој факултет да се одбере.Лично за мене но и за сите други би рекла најпрво да тргнете од самите вие,што ви лежи,кој предмет го сакате,преиспитајте се зошто баш тој предмет.Потоа веќе следува прашањето дали има доволнп работни места за таа професија.И секако за се е потребно голема желба,посветеност,амбиција,учење и успех.
     
  5. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Не можам да се одлучам, си земав gap year. Не знам што е исплатливо кај нас да се заврши.
     
    На Sabrina444 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Пиши ми доколку сакаш, можеби можам некако да ти помогнам. :)
     
    На en5 му/ѝ се допаѓа ова.