Епа ајде малце мислење за ова... како се однесувате кога ви е допаѓа некое машко? Дали нормално како да не го сакате или поинаку?
Eх па посебно го искажувам тоа имам посебен сјај во очите и лутам со мислите летам во облаци се осеќам исполнета и се чувствувам жива .Mоже само една личност да ми предизвика такво нешто,тој е љубовта на мојот живот
Ех па тоа и неможам баш да го опишам но еве ќе пробам да напишам 2-3 реченици. Во моите мисли постојано се врти неговиот лик, насмевката постојано е на моето лице среќна сум. Несакам ништо друго, само сакам да бидам со него, до него, во неговите прегратки. Му го посветувам сето свое внимание и му ја давам сета своја љубов. Го гледам со посебен сјај во очите...
Јас на посебен начин го покажувам тоа, и многу лесно го приметуваат само оние кои добро ме познаваат. Имам притаена насмевка, црвени образи и очи кои постојано ми шараат лево-десно. Постојано гледам во телефонот, го држам во рацете и нетрпеливо очекувам повик. Обично сум палава личност и се смирувам само во неговото присуство. Не знам зошто, но кога сум со саканата личност го менувам и однесувањето.
Зависи од личноста и од неговиот карактер. Не се однесувам со сите исто. Колку даваат толку и ке добијат. Ама затоа пак ако се осетам сигурно и сакано, нема нешто што не би го направила за него. Но, само ако заслужува.
Природно Како што всушност сум.Обично луѓето се сурови така што пред нив покажувам цврстина,инаку кога сум вљубена-сум најромантична,најспонтана и се нај
Вљубена не сум била никогаш, а веројатно нема да бидам уште долго време. Па така, не знам како би се однесувала.
Хаха итересноо Најчесто кога сум вљубена се однесувам глупо хаха, срам ми е и го избегнувам "среќникот", но кога сме заедно и нема излез, кажувам смешки и ја поправам атмосферата. Иначе доста сум расеана во тој период.
Си летам во облаци,се губам,си зборам сама со себе кога размислувам за него,без да сум свесна дека некој е до мене,паметот ми е само кај него и како тогаш што го имав тој сјај во очи веќе никогаш повеќе
Се однесувам ко будала, буквално. Летам во облаци, само на него мислам, среќна сум без никаква причина, на другарките само за тоа им зборувам цел ден - тој вака тоја така - тешка им душа , расеана сум па и неколку пати ми се случило да заборавам да ручам од шо само на него мислам.. Ама сепак, најубавото чувство е да си заљубен