Детално им опишувам на другарките што всушност се дешава и што муабет сум праела со него , тоа е период коа престанувам да јадам , и барам секаков начин да стапам во контакт со него а коа сум во негова близина иако цел ден сум спремала говор на крај се заборавам и почнувам да трескам глупости
Кога сум вљубена,а моментално сум, па цело време мислам на него,неможам да учам,да јадам и било што да правам без да мислам на него..Значи цело време ми е во мислите..Кога ќе го видам зацрвенувам целата...
Расеана сум со мислите.Од возбуда не можам да јадам(тоа ми беше прв пат кога требаше да излезам со душата моја).Среќна сум и тоа пресреќа,сите тоа можат да го забележат. Расположена за се.Мислам 24/7 на него.
Цело време мислам на него (24/7 што би се рекло), не заспивам без да видам негова слика (и затоа цело време телефонот ми е заклучен, но џабе, брат ми ги виде сликите), пред спиење обавезно слушам некое мјузи4е што ме потсеќа на него, неможам да се сконцентрирам да учам ко чоек, а сеа полугодие иди ... А сеа кога ќе се сетам дека доаѓа зима,па снег ова-она и едвај чекам да дојде Нова Годинa за да го видам! Се надевам дека оваа зима барем нешто ќе се смени...
Евентуално Шала на страна,што знам.Се однесувам природно,вообичаено. Добро и малку збунето,отсутно,расеано
Се скротувам. Онаа дивата страна што ја имам несвесно ја ставам на стенд бај и некако срамежливо станувам.. збунето, па дури и јазикот ми се заплеткува понекогаш.. како заљубено тинејџерче.
Малото перниче ги трпи последиците навечер, преку ден си го криам длабоко вомене не се фалам, не се жалам. Ама ако го видам изгледам вака па почнувам да се смешкам ама онака возбудено, најискрено што може. Како мало детенце пред сладолед
Многу сум замислена, реагирам безгрижно затоа што секоја катастрофа тогаш мене не ми изгледа толку страшно и не знам како да објаснам.. Кога не сум заљубена се потресувам за ситници и многу се грижам што како и дали воопшто испаднало добро, а кога сум заљубена не мавам рецка на ништо затоа што единственото важно нешто кое може да ме натера на било каква реакција е тоа што го чувствувам.
Образите ме болат од смеење. Цел ден скокам се радувам на се.Секого сакам.Немам гајле за ништо, се чувствувам безгрижно.Само го чувам фб уклучен во очекување дека ќе ми пише. Прекрасно чувство.
Јас не можам да се опишам со зборови, туку со дела. Хахаха порано лебдев ама сега не толку. Заљубена но и симната на земја. Слободна и среќна. Добра самоконтрола имам што ми е најважно во љубовта. Со фб не се замарам.