Како ништо да не е.. Не се преоптрретувам со тоа.. Уствари со ништо не се преоптеретувам. Се ми е кул. хЗ Се разбира, покажувам чуваства, но не зборам за него цело време. Мразам кога зборам за него, не убаво се осеќам..
Па нема нешто многу поразлично, освен што можеби помислувам на него 200 пати во денот Некогаш несвесно кога разговарам со други луѓе ќе го спомнам, или ќе почнам да викам „ние“ за работи што ги правам со него, но штом ќе се освестам престанувам, не сакам да им досаѓам на луѓето поради тоа што сум заљубена преку уши
Едноставно летам со умот. Постојано мислам на него. На другарките постојано им зборувам за него. Си фантазирам. Ама јас стално сум заљубена во некој, што значи се сум ваква.
Живеам на небето кое постои некаде и само во мојата глава,живеам во сто различни светови. Сонувам бескрајно. Љубам. Кога останувам сама често претурам по моментите,минати заедно. Делам. Дарувам. Живеам.
Кога сум заљубена имам некоја посебна насмевка. Исполнета сум, радосна, како дете сум, но ако се појави некоја друга тогаш лесно менувам расположение. Отворена сум кон него и дрдорка, почнувам да се грижам за него. Често всушност го игнорирам плашејќи се да не насети нешто во случај кога тој не ме сака мене. Не би го признала тоа по никоја цена освен ако тој прв каже.
Највеќе се мразам во тие моменти али трпам хахах... Прво као симбол ми е тоа шо многу се смеам ама ептен многу, второ несмасна сум у некои работи , и барем тогаш така среќничка сум поише од пред тоа ))
Зjaпам нон стоп во телефонот и на секоja порака, звук се притресувам, aко некоj ме праша за него, почнувам да зборувам ко навиена кога ќе ми текне на некоja наша интересна сличка или разговор си се смеам ко блесава. Колку пати во друштво ќе ми текне така нешто и ќе почнам да се смешкам сама и другите ме гледаат чудно
Цело време се смеам и ништо не може да ме натажи. А и се чувствувам многу храбро и како цел свет да е мој. Се ми е полесно тогаш. Освен спиењето. Кога сум заљубена, патам од несоница.
Се ми е како што треба кога сум заљубена.Помалку се закачувам и дома,помалку пари барам,па дури и не ме интересира што немам баш нови алишта.И да,цело време се смееш без причина,како некоја дрогирана.
Искрено, јас кога сакам, сакам највеќе.. и не постои нешто што ми е побитно од него, тој ми претставува приоритет. Можда грешам ама така е
Јас сум тој тип на: cute annoying girlfriend, шо сака само да се гушка, да се гали. Буквално некогаш неќам зборој, ако ми е тешко сакам само да ме гушни и ме смирва. Во слободно време знам да си читкам и стари разговори со него да си се смеам, кога сме заедно знам дека сум малце досадна ама секогаш ми вели дека тоа воопшто не му смета и дека сака шо си сум таква. Ко ќе сум заљубена, го сакам со цело срце.
Ладна сум си како и обично . Не сакам да знае тој или другите дека сум вљубена , ако продолжи така да ме пази и да го засакам повеке само на него има да му кажам. Нејкам да знаат што чувствувам и што сакам , другите луѓе се сурови.
Обично коа ќе ми текне на него , или кога ми ѕвони или пишува , колку и да сум нервозна , ми се расцветува денот т.е се смеам сама со себе си или со телефонот во раце а срцето , друга прича . Спремно е да излета и да му се залепи во лице ама ова само за мм . А додека ми беше дечко , ладнокрвна бев , однадвор , а одвнатре на почетокот сеедно ми беше , и ни на крај памет немав дека еден ден ќе ми биде сопруг и ќе имам две ангелчиња со него
Ко дете. Глумам лудило и го бројам секој ден, час, минуа, секунда... уште колку остана до неговото доаѓање од странција.