Пoсебнa нaсмевкa, пoсебен сјaј вo oчите, пoсебнo пoзитивнa енергијa, среќнa. Чекaм пoвик. Чaт-пaт пo фб гo гaлaм сo мaусoт Мaлку oтсутнa, тoлку и рaсеaнa ххх Се дoтерувaм пoиќе oд штo требс хммм. Ми фaли тoa чувствo.
Паѓам во несвест, се боцкам во вена се опивам од љубов... Ок не. Најнормално, му ја сталкам цела фамилија.Дознавам адреса со кого учи каде искача број на телефон роденден омилен број/спорт/клуб. Ако тренира нешто што и каде колку време и со кој.Кои му се бивши и од кога. На еден и пасворд од снап му дознав му влегов Морам сè да знам и обавезно да имам муабет со него.
Ко теле во шарена врата ко говедо напасено марихуана или било кое топлокрвно животно под дејство на психотропни супстанци. Сама си се смеам ко будала , си праам филмови во главата , од баирот на амбарот ситуации си поврзувам , ништо друго не ме итересира само тој што го сакам . Среќа брзо ми поминува првата фаза на болеста, кога ке ми влезе болеста во втора фаза, постабилна сум малце исто исклештена сум се смеам ама не 24/7 туку онака чат пат само кога ми текнува.
Никогаш не сум била вљубена и многу е мала веројатноста дека воопшто ќе се вљубам во иднина ... Но во поглед на науката, според дејствијата на хемиската реакција на хормоните која се случува во мозокот, би рекла дека теоретски знам кои се фазите на вљубувањето и нивните смешни, апсурдни карактеристики и ефекти врз луѓето.
Ќе биде и тоа, и ќе ти биде незаменливо чувство, после ќе се сетиш на постов и ќе си речеш "ееее арно викаше еден лик Црна Ружа на еден форум коа пишував порано" Инаку нема врска поимот Љубов со хемиски реакции, хормони, хидраулики и електрохемии, нема ништо апсурдно, напротив тоа е триумф на човечката посебност и посветеност. Љубовта знае да биде најпрактична и прагматична ствар, само и имаат извадено лоши муабети
@Црна Ружа се сомневам во твоите зборови ... Она кое останатите луѓе го нарекуваат,,љубов,, е само хемиска реакција на хормони ( адреналин, тестостерон, естроген, допамин, серотонин, окситоцин и вазопресин) која се случува во мозокот, принудувајќи ги животнските видови, вклучувајќи го и човековиот вид, да се размножуваат за да останат живи на оваа планета и да го забават процесот на еволуцијата. Со други зборови, претставува систем на природата. Можеби ова не е од големо значење за останатите животински видови, но сепак е мошне важно за човековиот вид бидејќи homo sapiens самиот се прогласил за најинтелигентното суштество на оваа планета и секако не би сакал во скоро време некој друг вид да ги ископува и проучува неговите коски кога може да постигнува уште многу достигнувања и развој. Инаку, јас лично за себе од психолошки аспект знам и сум потполно свесна дека сум отпорна на оваа хемиска реакција од хормони бидејќи сум мизантроп, макијавелист и скоро и не чувствувам емпатија и сочувство за другите луѓе, туку сум главно фокусирана на своите животни цели и потреби.
Како дебил Тресам глупости. Често се понашам и глупаво, како мало дете. Кога сум сама се навраќам на убави моменти, се смешкам, се топам. Му досаѓам со муабети, стојам обесена на него, 24/7 сакам да се гушкам, не оставам да дојде до збор . Ама не му пречи, навикнат е .
Не е тоа љубов, и тоа е лесно да се провери. Минувајќи низ улица летно време човек може да забележи десетици фини госпоѓи и госпоѓици во оскудна облека кои му предизвикуваат лачење на разни хормони, но во ниту една од нив не се вљубува, значи тоа е нешто повеќе, фактор икс, 1000 миљи Ле Ман, имаш страшно фасцинантни причи како еден пар кој се барал низ Амазонија, типот се загубил низ прашумата за време на географска експедиција нешто, но неговата сопруга имала интуиција дека сепак е жив и наспроти сите совети организирала експедиција која лично ја предводела со мачета во рацете пробивајќи си пат низ растителниот пекол и го пронашла навреме и преживеал, а не се имале видено 10 години или така нешто. Редукционистичкиот поглед не ти дава никаков одговор на ова прашање, сепак треба да се проживее, не може да се сфати со читање на книги во областа на биохемија и психологија. Е сеа ако навистина не осеќаш емпатија и сочуство за никого, тогаш тоа не води во областа на социопатијата или дури и нешто потешко, но не верувам дека е така, скраја да е, може да се некои неразрешени противречности или само таков период (а и малку се во мода тие ситуации, демек гледам Декстер и си викам чекај иам и јас нешто така...лош сум )
@Црна Ружа искрено не ме интересира кој што мисли за мојот недостаток на емпатија и сочуство за другите луѓе (кој, патем, трае веќе со години) и исто така сметам дека не сум под никаква облигација да објаснувам зошто имам вакво мислење и кои се причините поради кое тоа е така.
Очекував ваков одговор од тебе. Те читам и по други теми и за секое едно нешто имаш научно објаснување и воопшто не се радуваш на животот. За тебе се е без везе, досадно и глупо или пак една обична хемиска реакција. Ослободувањето на хормоните се случува кога двајца прават секс. Како го објаснува твојата наука тоа кога двајца луѓе се сакаат а никогаш немале секс? Дека си отпорна на таа 'реакција' не си, ќе биде се во свое време.
Како будала Сите ми кажуваат дека веднаш сум имала некој сјај во очите и сум била разубавена природно. И се смеам на се. Пеам, скокам, играм. И се ми е таман у животот. Едвај чекам негови пораки, кога ми текнува на него се смешкам така неприметно. Па се ме потсеќа нешто на него. Одма се приметуваат кај мене промени кога сум заљубена. Во се гледам нешто позитивно и полна сум со енергија. Некако одеднаш се има смисла :
Потребно е време помеѓу 90 секунди и 4 минути за да одлучиме дали потенцијално ќе се вљубиме во некого. Главни фактори овде се и говорот на телото, тонот и брзината на гласот, како и нивните ставови и начин на размислување. Освен тоа, "љубовта" има три фази : 1. страст 2. привлекување 3. поврзување Како и да е, јас оригинално го изнесов своето мислење согласно отворената тема. Доколку некој не се сложува со моето мислење - тоа не е мој проблем.
Тоа кажуваат психологијата и психијатријата за феноменот на недостаток или отсуство на емпатија, имаш научни трудови и медицински наоди кај раја каде што извесен дел од мозокот не се "пали" при интеракција со други луѓе, тоа се мал процент на раја, јас само пренесувам и немам некој впечаток дека си лишена од емоции или од емпатија, тоа ти е само некоја фаза Психопатите на пример се лишени од еден куп емоции, не е само отсуство на емпатија, е сеа филмчиња како оној со Хопкинс јагнињата или како беше или Декстер ги прават психопатите нешто кул, јаки, фраери а нивното постоење е дно на дното, неможност да се ужива во ништо, да се опушти, да има релации со луѓе...тоа е пекол а не нешто кул. Емпатијата се појавила кај ХСС со причина низ еволутивните процеси, не е тоа нешто ново или измислено од емотивни и жалостиви особи во 18.век. Ќе ни кажеш пак коа ќе се заљубиш некогаш, вака испаѓа како жител на Медина да објаснува за вкусот на квалитетна пржена сланина или некоја од Калкута за својствата на телешки стек со рузмарин на скара .