@Црна Ружа еден од многуте симптоми на PTSD кој ги имам е и појавата на апатија; Така, веќе немам што друго да додадам во врска со ова ... Ова е една од причините поради која мразам луѓе - никогаш не можат да прифатат нешто што е различно за нив.
Е па тоа е сосема друго во тој случај Но со тек на време, со намалувањето на симптомите и последиците од ПТСД ќе си дојдат ствари на свое место, не значи дека ќе биде исто засекогаш, ништо не е напишано на камен Има огромна разлика помеѓу апатија и физиолошка неможност за осеќање емпатија. За другото, така сме еволуциски изградени, ХСС е такво битие, социјално и секако дека тешко прифаќа особа која што, така да се каже...квари атмосфера Но и тоа не е страшно во денешно време.
@Briar Rose Сакам да те прашам нешто. Ако толку мразиш луѓе и ако не ти треба никој, како што спомнуваш во скоро секоја тема на форумов тогаш зошто воопшто си овде? Форум е место за комуницирање и споделување мислења. Очигледно имаш потреба да комуницираш со некого, да размениш мислење и некој став иако го тврдиш спротивното. Ако не ти е гајле што некој мисли за тебе зошто се објаснуваш?
@SofiMar_ би рекла дека многу луѓе не ја разбираат длабоката психолошка суштина на мизантропите, односно веднаш создаваат одредено пластично, непрецизно и површно мислење за нив. Реалноста е дека зборот "мразам" е насочен кон карактеристиките кои луѓето ги поседуваат. И поради ова мизантропијата како прво подразбира избегнување, недоверба и одбивност кон човештвото генерално, а дури потоа омраза. Вистината е дека иако имам исто мислење за скоро сите луѓе на оваа планета, сепак тоа не ме спречува да имам и почит за одредени луѓе, што дури и за мене е навистина ретко да кажам ама тоа не значи дека тоа кај мене не постои - бидејќи имам поставено одредени критериуми. Хаха, ме потсети на една поговорка од Аристотел која гласи: "He who is unable to live in society, or who has no need because he is sufficient for himself, must be either a beast or a god" Се согласувам со тебе дека форумот е место за дискусија и поради тоа секој има право да го искаже своето мислење, дури и ако тоа е различно од останатите. Проблемот лежи во луѓето кои само бидејќи нешто се коси со нивните мислења, не значи дека тоа автоматски е погрешно.
Јас кога се вљубувам, се осеќам самоуверено, одлучно, мотивирано и расположено, повеќе од вообичаеното. Како на дроги. Што не прави да се однесувам надвор од рамките на нормалата. И се разбира дека се хормони во прашање, да не мислите Купидон и Амор ве гаѓаат со стрелите? Возрасни луѓе, а не ја разбираат сопствената природа.
Го сфаќам твојот став, но сјдго, има личности што и на 90 години се сакаат а не се толку хормони во прашање колку посветеност, верност, љубов. Или кога се работи за болест...
Мене ми се чини, или кога ќе се спомнат хормони, ве асоцираат строго на сексуален однос? Прашањето не е наменето само за тебе, затоа употребив множинска форма.
Па и не, зборувам за срцебиење, за пеперутки, што не вклучува (секогаш) сексуален однос. Таквите нешта, знаат да избледнат со тек на време, останува нешто друго, приврзаност, пожртвуваност, заедница и во добро и во зло. Но во ред ако не се сложуваме.
Затоа што за време на секс/оргазам се ослободува повеќе окситоцин и ендорфин кој ја намалува болката. Овие хормони се познати и како љубовни хормони затоа и се вели дека многу жени се приврзуваат емотивно после сексот, точно заради тие ослободените хормони. Можеби затоа ме асоцираат на тоа.
Кој хормон те врзува за одредени пријателства до крај на живот? Кој хормон е задолжен за пожртвуваноста и лојалноста која ја чувствуваш за близок роднина? И зошто да не можеш исто да чувствуваш и за партнер? Или хормонот знае дека не ти е пријател и не ти е роднина, па не се лачи на него?
Роуз, драга... морам да ти шкртнам збор-два вака, како некој што знаеш дека овде те почитува, и како особа што на возраст (мислам дека) некоја година поголема од тебе – подолг период олку ѝ се дешава на љубовно поле , ама што осетила и и тоа како верува во емоции, дополнителна енергија, сјај во очи и желба да играш и се смееш на сѐ кога си вљубен... Точно е дека љубовта (како и страста, среќата, тагата и сите емоции) е поврзана со работата на хормони, не треба претходно да си нихилист, апатичен или мизантроп за да веруваш во тоа – ама од тој факт не следи нихилистички поглед на истата и заклучокот дека е бесмислена, туку баш напротив – дека љубовта и сите тие емоции и научно е потврдено дека постојат како нормален дел од човекот, со нивното непобитно природно и нормално влијание врз нашиот организам и ум. Ти уживаш во уметност освен во науката, во книги, филмови. Сигурно ти предизвикуваат некаква емоција Не може да немаш воопшто никакви чувства и сочувство, само имаш длабока причина поради која ги потиснуваш и ставаш штит пред тебе, причина која еден ден ќе ја надминеш Послушај го Ружа што ти вели, многу е во право
Па сето тоа се должи на хормонска активност - сите функции во телото, расположението, емоциите... нашето однесување, е условено од ендокриниот систем, заедно со нервниот. Затоа ве прашувам како тоа хормони ве асоцираат строго на секс @HoneyBun. И оставете ја @Briar Rose на мира, може и вашиот пристап не му се свиѓа некому, па премолчува оти знае дека нема право да се меша кој што ќе пишува на форумот.
Оставете го девојчето. Излегувате надвор од тема, не е таа предмет на дискусија. Он топик. Окситоцин е хормонот кој е задолжен за речиси сите емоции, вклучувајќи ја и љубовта. Секој го поседува. Но потребни се рецептори за него. Ги нема истите, нема негово дејствување. Нема дејствување, нема љубов. Кај мене изгледа премногу се излачува. Летам. Порано кога бев во љубов, глумев лудило од типот, ич не те сакам. Што ми било господе боже.
Верувам дека темава се нарекува: "Како се однесувате кога сте вљубени" а не "Ајде да плукаме по членката која има различно мислење од нас " Јас пристојно, без да навредам никого, го дадов своето мислење - проблемот е што простиот македонски менталитет мора да реагира на нешто што е различно. Само бидејќи луѓето не знаат или не можат да разберат нешто, не значи дека тоа автоматски е погрешно. Тоа е всушност маната кај овој народ - премногу сте фокусирани на другите, отколку на самите себе и константно мислите дека сте во право, како и дека можете да осудувате некого кого не го познавате. Hahaha! Bless your delusional hearts ... Во реалноста, кои сте вие да го осудувате моето мислење и моето гледиште? Бидејќи што се однесува до мене: - јас со вас не сум приврзана ни на емотивен, ниту пак на било кој друг начин, - на никаков начин немате влијание врз мене и мојот начин на размислување - не ме интересираат вашите мислење, менаталитет, психа како и коефициентот на интелигенција Искрено, научив нешто од вас, а тоа е дека во Македонија во 21 век еден поединец едноставно не може да размислува поинаку, да има различно гледиште кон нештата и да има поинакво животно искуство од останатите. Претпоставувам тоа е една од причините што остатокот од планетава не го ни смета ова парче земја за држава ... Немам намера да ги анализирам вашите "експертски дијагнози" бидејќи потсвесно и го очекував ова како нормална реакција од народ со сличен менталитет како вашиот. Сепак, луѓето се премногу емоционални, приврзани за нивните ставови и мислења кои во реалноста можеби им значат на нив, ама во поглед на се останато, не вредат апсолутно ништо бидејќи немаат никакво значајно влијание. Но дали можам да се пожалам во врска со тоа? Не - бидејќи светот е полн со луѓе кои не разбираат што е навистина важно. Упатувам мое извинување до модераторот @Dust за моите off topic коментари кои сум ги напишала по моето прво изнесено мислење во оваа тема. Ваша е одлуката ако сметате дека е правилно и соодветно истите коментари да бидат избришани.
Како ви се пишуваат реферати на ваква тема, напорно малце... Кога сум вљубена.. како во филм walking on sunshine
Дечки ако не престанете да ја анализирате членката, целата дискусија ќе ви ја избришам затоа што е офтопик, а членката не е предмет на дискусија. Вие сте и онака делумно офтопик, но сепак пишувате од околу на темава..
Кога сум вљубена ептен се смеам. Многу. На се и сешто. И правам глупости. Пробувам да воспоставувам контакт со очи со личноста и да се смешкам. Ама никогаш не почнувам да зборувам прва, чекам личноста тоа да го направи после моите сигнали. Кога личноста е во близина или зборува со некој од друштвото, си ќутам и си црвенеам. Во контекст на социјалните мрежи, сталкам и лајкувам неколку слики со ред за да знае личноста во која сум заљубена дека се интересирам, па оставам на неа да одлучи дали ќе биде нешто. Вака барем беше ко бев сингл, сега сум си навикната веќе.