1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се однесувате кога сте вљубени?

Дискусија во 'Сингл' започната од Dora123, 2 јули 2013.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Има разлика помеѓу заљубување/затресканост и љубов.

    И како оди тоа со заљубувањето? :)
    Прашувам бидејќи хормоните се лачат 24/7 а филингот на заљубеност не е присутен 24/7.
    Дали хормоните се лачат под дејство на одреден субјект (машка особа) или пак тие си лачат цело време и така рандом машка особа само доаѓа под нишан (како lock on што има кај авионите-ловци)

    Заљубеноста трае колку што трае, во зависност од човек до човек, од неколку недели месеци па до макс. две години и може да се доведе во врска со хормони, иако и тоа би било бесцелна редукција.
    Љубовта никако не може да се доведе во врска со хормони, бидејќи е сосема друга ситуација.

    Чудно е инсистирањето на редукција.
    Како сега за твоите пишувања некој да каже дека се само резултат на куцање на прсти составени од коски, зглобови и кожа врз пластични типки кои праќаат електричен сигнал низ процесорот и РАМ-от на сметачката машина која пак преку модем праќа сигнали составени од нула и единица до серверот а оттаму тие одат на Ксенфоро платформата со адреса forum.femina.mk/рандомблабла и остануваат меморирани со кирилично писмо.

    И што сум опишал за твоето пишување, твоето искуство? Ништо.
    Значи ти пишуваш за заљубеност на темава, споделуваш свој став и сето тоа, да се сведе она што го пишуваш на лутање на бинарен код низ бакарни или оптички жици не би било нешто пожелно :D
    Како што тотално ништо не се опишува со поимите "абе хормони се" за да се опише искуството на заљубување или љубов.

    Да не почнам сеа со патот на некој фин коњак или виски од устата до меурот, или некоја вкусна храна од устата до дебело црево :D . Се надевам дека сега е појасна залудноста на инсистирањето на биохемиска редукција при муабет или доживување.

    А човек доживува љубов како последица на дејство на окситоцин или прво треба да постои субјект кон кого се покажува емоција за да почне да се лачи окситоцин? Кокошката, јајцето? Како оди тој процес?
    Дали може со инјектирање окситоцин врз одредена особа таа да почне да сака друга особа?
    И зошто не? :D
     
    На blueeparadise и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Окситоцин се лачи и при порагај и при маструрбирање и покрај тоа што не постои објект од спротивен пол. Окситоцин треба да е предизвикан од нешто, ако ти стават инекција таква ти ке го почувствуваш дејството на хормонот но нема да знаеш од каде доаѓа. А кога си заљубен си знаеш. Не е окситоцин = љубов , туку окситоцинот е дел од промените што се случуваат со љубовта. Секако се вклучени други хормони.

    Иначе Розо и Ружо, и покрај тоа што чат пат забегувате по темите, јас многу сакам да ве читам. Ви благодарам на убавите дискусии, иако ретко кога се сложувам со вас.
     
  3. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Да, само што тој не се лачи постојано и не може да се доведе во врска со поимот љубов после да кажеме...9 години заедништво или брак.
    Никаков окситоцин не спасува од проблеми коа ќе дојдат сметки, рати за кредит или усрани пелени.:party:

    А што е љубовта или како да се дефинира е fools errand :devil:
    Можеби и не мора да се дефинираат сите феномени на човековото искуство при релативно краткиот престој во оваа реалност, нешто може да се остави и на субјективен доживљај. :party:
     
    На blueeparadise, kikikikirika и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  4. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Се однесувам како загубена во простор...Заборавам,трескам глупости,возбудена,со богата фантазија,што е чудно за мене како рационална личност.Само на него мислам и често не ни слушам што другите ми зборуваат,иако сум физички присутна :rofl:(facepalm):angel:.Ах љубов :inlove::l:
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Никој овде не вели дека е човекот машина без свое јас. Имам разум да одлучам во кого ќе се вљубам, логично, треба да ми се допадне, како физикус, но и како личност. Знам, кога си вљубен, сакаш да веруваш дека вие двајца сте посебни, дека сте резултат на предодреденост, дека е тоа нешто големо. И така со секоја наредна љубов, не е само една сродната душа :D Немаат врска тие преувеличувања со стварноста. Не ми е толку чудно кога @Briar Rose вели дека никогаш не била вљубена, зашто, гледам по себе, во споредба со некои девојчиња од средно, секоја недела опседнати со нов, јас многу ретко се вљубував (сега не можам да споредам, зашто не знам што си прават во животот. Дел се и омажени рано). Па зошто е невозможно некој воопшто да не се вљубува? Се е во главата. Друг пример, никогаш не сум осетила привлечност кон некоја бараба, а одредени жени, иако мирни, кротки, успеваат да заглават со таков. Kраток памет, не резонираат. Ете дека некои се вљубуваат и во рандом лик.
     
    Последна измена: 19 јануари 2018
    На КикиМаус, Someonespecial, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Види, јас не реков дека не треба да постои субјект. Далеку од тоа. Само го кажав хормонот на љубовта, уште познат и како хормон на поврзување. Погоре имаше едно прашање кој е тој хормон што поврзува врз основа на роднински, пријателски врски итн. Овој хормон има дејствување и во врската мајка/дете.

    Ова е биолошко објаснување и според истото, љубовта е невролошка состојба и повлекува низа хормони кои се излачуваат и ја одржуваат, феромон, допамин, серотонин, окситоцин. Ова се невротрансмитери и задолжени се за чувството на еуфорија, задоволство итн. Кога ќе дојде до нивно стагнирање или прекин на лачење, љубовта престанува. Фазата на вљубување, не е љубов. Почнува со привлечност, но повторно како резултат на хормони, а зависно од критериумите кои ги имаме поставено за една личност. Оти, не во секој се вљубуваме, нели. Со тек на време, нивото на окситоцин расте и ете ти љубов, занес, полет. :l: :D Од истиот зависи и чувството на болка. И се разбира дека не се излачува цело време. Ама неговиот процент, може да биде доста долго одржан. И истиов создава зависност и поврзаност. Затоа партнерите се уште се заедно и покрај прекин на лачење од истиов.

    Е сега, за рецепторите на клетките да почнат да го излачуваат ова, потребна е дразба, односно нервен стимул, кој најчесто доаѓа од надворешната средина. Субјект, што би рекол ти. А чувствата и емоциите, сите знаеме дека се резултат на лимбичкиот дел од мозокот, каде што важна улога има амигдалата, а во која се наоѓаат невроните за истите.

    Од други аспекти, љубовта може да се објасни како феномен во рамките на социолошки, теолошки, филозофски и останати дефиниции. Таму, нема хормони. :D

    Заборавив да те означам. @Црна Ружа
     
    На sjdgo, Someonespecial и Црна Ружа им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Тоа што упорно ви се вели е дека, за да лачењето има врска, имаш надворешен тригер - друг субјект кој ти предизвикува што ти предизвикува и никој друг, или неколку други.
    И другото што се вели е, сведувањето на емоциите до обично лачење на хормони, колку и да звучи паметно е ригидно, особено ако човек е убеден дека животот треба да се мине „свесно“ дека љубовта е само хормон/-и и ништо повеќе. Ама со тоа, не ми прави штета мене или на нас, останатите будалетинки кои се заљубуваме и љубиме ко будалетинки, туку себеси си прави штета- се лишува од живеење, бидување (ова не се однесува конретно на членката, туку генерално). А, таквото будно, кобајаги живеење е само штит - одбранбен механизам кој е добар до одреден момент. Лош е кога те спречува да уживаш во животот. И човек, кога е веќе свесен за процесите во телото, треба да е свесен и за тоа кои делови од мозокот му се виновни за блокадите....треба да е доволно умен и да ја рационализира потребата или не од такви блокади, и да го најде начинот да ги надмине, кога веќе нема потреба од нив.
     
    На HoneyBun, blueeparadise и kravce им се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Јас не го оспорив тоа дека е потребен надворешен стимул. Само ја објаснив биолошката дефиниција. И како тоа еве на пример јас, се штитам и правам одбранбен механизам со тоа што ја знам оваа дефиниција? На кој начин се доведувам до блокада? И покрај тоа еднакво уживам во љубовта. Ова, не ме спречува да уживам во истата. За други не знам, зборувам од сопствено искуство. Лачењето хормони не е обична работа. Напротив, лачењето на овие хормони, предизвикува совршенство од чувства и емоции.
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не знам која е причината да осетиш дека мојот коментар се оденсува на тебе (и што точно спориш), кога пред тебе, страници, страници се испишаа на темата. И Лиана, не си единствената која прочитала за хормоните и функциите на мозокот и телото. И како и тебе, и нас останатите кои знаеме за тоа, не не' спречува да живееме, чувствуваме и бидеме будалетинки.
    Ама, дискусијава што ја водите тргна од едно такво, ригидно минимизирање на емоцијата до степен на ништовност (кое не ни е видено за прв пат) кое на нас, кои исто така сме читале и психологија и плус други нешта:) и плус не има на Земјава подолго време ни е јасно оти е тоа така - plain and simple одбранбен механизам, толку. Така што, на што точно ми реплицираш и што точно од мојот коментар оспоруваш? Да знам за што да дискутирам.
     
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Тоа не го спречува лачењето на хормоните. Затоа прашувам како.
    Абе не ти цитирам ради тоа што мислам дека се онесува на мене. Што е одма рипање? Ниту пак сум единствена што сум читала. Па таман работа. Само ме интересира зошто го мислиш тоа што го напиша. Затоа цитирав. Немам потреба да го објаснувам поводот за мојот цитат, ама очигледно не се разбираме. Не те оспорувам. Прашав зошто според тебе, ваквото дефинирање значи ова:
     
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не рипам јас, туку ти.:D
    Сериозна ли си со потребата да ти објаснам нешто што е просто ко грав? :D Ме прашуваш, оти е ригидно човек да ги негира емоциите и да живее во ла ла ленд дека не чувствува, нема да чувствува, оти да чувствува кога сето тоа е само хормон?:D Плиз. Поштеди ме од понатамошна дискусија.:D
     
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не е така едноставно :)
    Сепак ова е обид за биолошка дефиниција. За да биде дефиниција е потребна примена на научниот метод при што со помош на собрана евиденција ќе биде извлечен заклучок, а такво нешто немаме.
    На прво место што самото вљубување не е рандом туку зависи од 666 фактори од кои некои имаат а некои воопшто немаат врска со биологија.

    Друго, да се тврди дека окситоцинот варира со интензитетот на она што некои би го нарекле љубов и со тоа влијае на изразувањето на истата не е баш...научно. Кој и каде тоа го измерил? За да тоа е валидно потребно е децениско следење на брачни или остали парови, постојано мерење на нивото на окситоцин, маргина на грешка, забележување на нивниот левел на посветеност (или остуство на) партнерот/партнерката, елиминирање на тотално субјективните изрази на блискост или отсуство на истата... и на крај на база на тоа да се изведе статистички издржан заклучок.
    Настрана географските, културолошките, историски драстично различните перцепции и начини за изразување и доживување на љубов.

    Трето нивото на сосема субјективни и арбитрарни одлуки (настрана Несвесното :devil: ) на кого и зошто да му се подари љубов, зошто на таа особа а не на друга (поубава, посекси, поваква или онаква) и милион други варијабили не` носат кон сосема други води, каде што ништо не е сигурно.:party:
     
    На blonde_supergirl, Bridget и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Пак бе не се разбираме. Не, не те прашав тоа. Ама сега ми е јасно за какви блокади зборуваш, како резултат на негирање емоции. Тоа е веќе нешто друго. И тука имаме исто мислење. Се објасни со една реченица. И не рипам бе. Само сакав да знам што точно мислиш, оти горе напиша за љубовта како обично сведување на хормони. Па затоа реков дека тоа нема да го спречи лачењето на истите.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Па не си ме разбрала, и јасно ми беше дека не си. Затоа и те прашав: што од мојот коментар спориш, ц :) затоа и ти реков , не само ти, туку и други сме читале за хормоните (не за да ти речам,не паметувај ма!), ама сепак, чувствуваш/чувствуваме и не сме (вклучително и ти) ригидни во однос на емоциите.
    Едноставно... зборам за кога човек го користи знаењето како изговор за да се одржи во одредена состојба/место каде е сигурен. Толку. Кога сме паметни за процесите во телото, треба да сме паметни и за овие работи. Оти правиме што правиме. Дури и кога ги сталкаме луѓето, пробуваме да им влеземе на фб, им ги хејтаме биФшите (понеубави се од нас, attitude).... одеднаш стануваме колекционери на сметки од што не (оти не потсеќа на тој ден кога:inlove:, а такви денови едно 193884747783992 претходно имало,пак и сметка складирана прописно) итн.
     
    На Lianna Anna и Bridget им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
     
    На blonde_supergirl и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Јас за да се заљубам мора физички да бидам привлечена од убавината на дечкото.
    Многу пресуден е неговиот глас. Ако има длабок машки глас, да не е како зарипнат добро е.
    Сакам полни усни, убава насмевка и топол поглед. Коси очи ми се многу секси.
    Ако е со вакви физички карактеристики и има карактер како мојот, се гледаме често, не само што ќе се заљубам туку и ќе го засакам.
    Ова било и никогаш нема да се повтори.
     
  17. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Прекрасен филм. Ликот на Џеф е кома. Барбара како и скогаш паметна и цврсто стои на земја. Убав филм што баш учи за љубовта и врската со хормони, физички изглед и сл, како и што претставува таа.
     
    Последна измена: 19 јануари 2018
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Инспирирано, енергично, надежно, романтично и кјут понекогаш и до граници преку кои инаку (кога не сум заљубена) истото кај други ми е лигаво и малце патетично... :$
     
    На Scott Weiland, Amellie13 и PinkCactus им се допаѓа ова.
  20. PinkCactus

    PinkCactus Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    807
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно - ненормално :wasntme: