Барав, но не најдов ваква тема. Кои се, според вас, најчестите ,,симптоми'' дека сте се вљубиле во некого, или сте на пат тоа да се случи? *Споена дупла тема
Мислам на него постојано. Бројам минути до наредно гледање. Треперам кога го мислам, кога ќе го видам, кога ќе ме допре. Како анксиозност, but in a good way
Е баш така, потполно се согласувам. Постои некое позитивно чувство на возбуда, треперење, побрзо лупање на срцето. Пеперутки во стомакот разлетени кога и да го видам или добијам порака од него. Исто така се чувствувам и кога некој ми збори за него.
Јас да додадам, не ми се спие воопшто, легнувам касно и станувам рано. Што се вика, реалноста е подобра од сонот За ништо друго не ми е гајле, светот може да застане или да се сруши, мене пак ќе ми биде сеедно. Слушам романтични песни и постојано имам некоја глупава насмевка на лице. Едно од најубавите чувства, ако не и најубаво
Леле! Глупавата насмевка бе!! Додека зборувам со оној во кој сум заљубена, нон-стоп сум оклештена ко несалам. Не можам да се уозбилам и да сакам. Ко некоја тинејџерка се осеќам во тие моменти и ептен ми е глупо. Дури и да не ме гледа додека зборуваме... (онлајн/телефон) Море од кога не се имам така осетено... Ептен ми е убо чувството. Допамини ти пукаат в гла. Кај има поубо од природна дрога
@WildMk Така е. Сите тие симптоми се предизвикани од хемиски реакции во мозокот, баш како дрога е, само што е сосема природна и корисна Те разубавува и барем за некое време и целиот свет изгледа поубаво. Друго: -намалена концентрација, не можам ни да работам ни да учам -можам да зјапам во тоа лице со часови и денови... -малите несовршености не значат одбивност туку уште поголема привлечност, лошите и чудни навики изгледаат слатко -зборувам многу иако сум молчалива по природа, одеднаш добивам таков наплив на енергија што мислам дека светот е мој
Хаха, само што ја прочитав темава се сетив одма на првиот пат кога почнав да се заљубувам, како одма светот почна да ми се гледа розев, пред секое излегување толку трема и возбуда ме дрмаше што мислев дека срцев удар ќе добијам, срцето ми лупаше пребрзо, во стомакот сите црева ми се превртуваа од возбуда, и кога стасував на местото и кога ќе го видев насмевка од уво до уво, и после не ја ни тргав, седев и го гледав така насмеана како теле. И кога не бевме заедно постојано го мислев баш со таа глупа насмевка што е спомната погоре, со душа го чекав да ми пише или да се јави. Иако сеуште се осеќам вака како да сме на почеток од врската иако веќе сме во брак, дури веќе му здосадив и ми вика сакам малце да се релаксирам, а јас му викам јас сакам само да те гушкам. Пред некој ден кога се врати од работа јас така се стрчав и го гушнав цела насмеана, и ми вика ваква беше на почетокот, секогаш кога ќе се видевме трчаше и ме гушкаше.
Станувам најдобра верзија од себеси. И не сакам само да си легнам да спијам, туку и да се будам покрај саканата личност.
-Спиеш до телефонот, едвај чекаш да се јави. -Дрхтиш кога ќе те допре. -Во неговите очи, во зеницата го гледаш најдоброто од светот. -Едвај чекаш да го видиш и не те интересира ништо друго. -Ти иде да го бакнуваш по цело тело. -Сакаш да бидете во прегратка цела вечност. -Се чувствуваш како да си се качил на највисоката карпа и си го освоил светот. -Кога ќе заспие, го гледаш и во себе си помислуваш колку е само прекрасен. -Не можеш да мислиш на ништо друго, трапава си, те интересира само ликот да го видиш. -Едноставно си зависен од хемиските реакции кои настануваат во телото и бараш уште и уште. Да си заљубен и да љубиш е едно од најчистите и најпрекрасните чувства кои го одржуваат духот во една хармонична рамнотежа.
Мислите ми се само кај таа особа и на ниедно друго место. Не сум можела ни да учам, ни да слушам во школо ни муабет да правам со другарките од што ми се вртеше у глава.
Губење на чувство за мирис ( се мириса како неговиот парфем , како него ) . Дезориентираност и губење на сенс за времето ( кога сме заедно , ми се чини времето ми лета , кога не сме - еден час е цела вечност ) . Понекогаш се чувствувам како да сум на најјаката дрога што постои .
Ништо и никој не може да ме изнервира, зашто во глава имам само едно нешто и сите нервози и проблеми изгледаат толку мали и ништожни, во споредба со тоа прекрасно чувство
Кога сум вљубена, партнерот ми е приоритет. Се посветувам на него и сум недостапна за други ликови. Постојано мислам на нас и измислувам некои нови планови. Нетрпеливо чекам момент да бидеме заедно. Кога сум со него сум вистинската јас. Кога ќе го насмеам, ми се продолжува животот.
Кога си заљубен не мислиш на нито друго освен на саканата личност.Како гулабче си мислиш цело време на тоа