1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се однесувате при нови познанства?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Ivu4, 15 септември 2011.

  1. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Незнам дали има ваква тема,но ако има канта!
    Еве викам да започнеме една тема која досега не ја најдов...
    Кога се запознавате со некој сакате повеке да се здружите и кажувате вицови некои глупости смешки кои сте ги направиле или сте сосема спротивна личност од тоа?
    Јас би се ставила во вицкаста кажувам вицови но прва не почнувам со таа тема :D :D :$
     
  2. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Како се однесувате при нови познатства?

    Мене ми треба повеќе време да се опуштам пред некој што не го знам или прв пат седам со него. А кога ќе почнеме со муабет тогаш се опуштам, се зафркавам, кажувам и виц :)
    Многу ми е полесно и поарно кога другиот прв ќе започне некоја тема и натакај е полесно.
     
    На Ivu4 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Како се однесувате при нови познатства?

    Немам гајле и онака 90% од нив нема да ми станат блиски пријатели така да ни глумам ни се препи*авам пред нив. Каква сум, таква. Не се срамам најнормален муабет за пристојни теми и тоа е тоа. Ако се видиме некогаш пак, ако сум расположена ќе се дружиме :D Ако не пристоен поздрав и секој на своја страна.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Кратко и јасно: се однесувам дружељубиво...пошо тоа сум јас :)
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Играм пајдушко на една нога, се нервирам што не ми иде баш и се обидувам да го имитирам извикот на пауните од Св. Наум :wasntme:

    :D

    Сосема природно. Значи ако некој не ми „легне“ народски кажано, се повлекувам и седам тивко на маса - ако сме со друштво. На само, хм па се мачам некое време и потоа се повлекувам, т.е. си одам.
    Резервирана сум на почетокот, доста. Но ако е сосема ок човекот таа резервираност ми поминува за 5 минути и потоа станувам друштвено ѕверче, а таква и сум. Се во име на љубовта и пријателството.
    И да, зборлеста сум многу. Тоа ми е маана. Ако ми тргне со некој муабетот, аууу, нема крај.

    Ма што знам, нека кажат феминките шо ме упознале, ваљда не сум до толку тапа а? :D
     
    На Водолија, LittlePinky, hunny-bunny и 2 други им се допаѓа ова.
  6. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Нормално сосема природно! Лесно се вклопувам во друштвото!
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Пристојно,дури и не се осеќам опуштено при прво познанство.Но затоа второ видување-и јазикот се одврзува до бескрај-Близнак :lol: Особено кога со некого ќе си најдам заеднички јазик и заеднички интереси.Многумина откако ќе ме запознале подобро,секогаш знаеле да ми кажат дека првото видување сум им делувала ладно и дигнато,а потоа се покажало сосем спротивно :lol:
    Ме нервираат оние стереотипни прашања при секое прво познанство-Од каде си,што работиш-студираш итн... :worried:Не можам кога со некој не ми оди муабет.Не ми е ќеф.Јас ќе го прашам нешто-он си ќути |( Со такви не сакам дружба.Нити пак со оние кои секоја реченица ја почнуваат со јас,јас,јас.....
     
  8. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Дружељублива личност сум. Лесно се вклопувам во сечие друштво (така и беше за во гимназија).
    Се разбира не го напаѓам човекот веднаш, ама можам да направам еден нормален, фин муабет со некој нов познаник.
     
  9. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Секогаш со широко отворени раце. :)

    Многу сум комуникативна и мислам дека со секакви луѓе,да не речам секаква фукара можам да се разберам. Јас сум многу социјален тип,но не се трудам да се изблаботам ко празна воденица или да кажувам вицови. Тоа не. Не се трудам ниту пак да му се допаднам на некој. Не кажувам безвеза работи или бош муабети,не лажам за себеси..
    Едноставно,сум јас. Ако тече муабетот,ако се дојде до некоја моја тема,кажувам работи,не тропам глупости,не се смеам ко уапана од пајак,не сум намќор ниту арогантна,не. Се имам забележано прашувам многу. Се интересирам. Не љубопитност,ами повеќе оноа што реков и погоре,сакам да запознавам луѓе,карактери,повеќе заради тоа. Се смеам. Односно,се насмевнувам секогаш кога запознавам нови луѓе.

    Насмевката навистина,ако е искрена и пријатна,може многу работи да заврши. :)
     
    На angie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Колку и да не ми е погоден денот, секогаш кога и да запознам некој сум со широка насмевка и расположена за муабет. Се случувало со некој што сме се запознале да се размуабетам како цел живот да го знам, ама има и такви со кој не можеш ни 2 реченици да размениш - е со таквите си играм табла, карти или плејстејшн :D
     
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Тотално сум незнаинтересирана каков впечаток сум оставила.Воглавно не сум расположена да глумам а и кога го правам тоа глупаво се чувствувам.Знам да бидам мразокршач и ако во особата има потенцијал за убав муабет давам свој придонес дружењето ќе тргне.Ако не .. во тој случај не ми смета и јас да си дремам или да и дадам неколку шанси и прилики да покаже иницијатива во најмала рака да биде културна и да размени збор два и на поставените прашања да одговара навремено и по можност опширно.
    Важното е првата средба со мене дефинитивно ќе е за паметење, никогаш незнаеш во какво сеќавање ќе то остане.Само за пример од скоро, морав да се запознаам со другарка на другарка на мажот
    мој
    за која знаев дека во мое отсуство
    краток перод на нашата пауза
    му се пуштала а сега лицемерно ми глуми како да сака да сме BFF |( Ахам да само што јас инсистирав да ја држам на дистанца и со тоа на дамски начин да и покажам дека не сум идот.Си разбра таа ;)
     
  12. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Се држам на дистанца , на луѓето им треба време за да ја заработат мојата доверба , не е секогаш лесно , понекогаш ова луѓето го гледаат како повлеченост , некои дури и како ароганција , што нема врска со мојот карактер , едноставно сакам добро да ги запознаам луѓето пред да почнам да се однесувам отворено .
     
  13. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Доста опуштено ,комуникатвина сум ,гледам да отворам некоја добра тема на разговор ,ако наидам на преки од спротивната страна најверојатно веќе никогаш рецка нема да му удрам на тоа суштество :D

    Никогаш не се отворам околу приватниот ми живот ,досега никој не заслужил толкава доверба ,а и таква сум ,јбг.

    Секогаш си имам по некоја добра шала или некој занимлив факт ,па луѓето во принцип ме обожаваат.

    Имам исклучително осетлив нос на лицемери ,можам да ги надушкам уште при првото "Здраво" ,условно земено , такашто не оставам простор за дилема дали вреди да продолжам со дружењето или не.

    Не се трудам да му се допаднам на луѓето ,ако некој ми е драг тоа едноставно извира од мене.

    Ако не ми се допаѓа било што кај новиот познаник ,е тогаш се однесувам арогантно без пардон ,па нека му ја мисли ,јас нема потреба да се замарам. :devil:
     
  14. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Се однесувам најнормално пријателски,дружељубиво! Секогаш приоѓам со насмевка и желба за комуникација..секако многу е важен и ставот и карактерот на оној со кој се запознаваш и каков фид-бек имаш! У секој случај си се понашам природно!
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Па јас се трудам да не бидам досадна или на познаникот да му е непријатно.. Се трудам да најдам соодветна тема на разговор и тоа е.. ако оди работата ќе оди ако не ќе молчиме и ќе се гледаме :rofl: :rofl: :rofl:
     
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    При нови познаства.. ах, ама си имам мака со ова.
    Глас не ми се слуша. Многу сум повлечена и тивка и со луѓе со кои се познавам одамна, а не пак со нови.
    И сите до сега добиле впечаток дека не сум друштвена, а уствари сум само многу повлечена и да речам, срамежлива..
    Ама зависи и до тоа каква енергија ќе осетам од новите. Со некој пак многу лесно ми оди муабетот и немам ни срам ни ништо..
    Зависи.
     
  17. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Паа,секогаш насмеана,малку во почеток сум напета,нервозна(во себе,со помилата дали добар впечаток ќе оставам..)но подоцна , тоа не е онаа што прв пат ја видов,ако нем=кој ме надума или надвика..во се јас прва :lol:
     
  18. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Многу сакам да запознавам нови луѓе и да стекнувам нови пријатели. Да бидам искрена се случува многу повеќе да ми тргне муабетот со личност што прв пат ја гледам отколку со долгогодишна другарка со која се си знаеме па нема шо да си кажеме веќе. :lol:
    А за однесувањето се обидувам да не бидам многу нападна со зборување и избегнувам разговори на чувствителни теми на кои лесно може да дојде до несогласување и караница...
     
  19. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Па не сум многу опуштена. Зависи и од карактерот на личноста која ја запознавам. Значи дали таа е опуштена или не, кажува нешто интересно, нешто што за мене е досадно...
    Најважно ми е дали личноста почнува некоја тема на муабет прва или сепак јас би требало да сум таа што треба да го направи тоа. Но обично не ми е баш така лесно да се вклопам БАШ со секој. Може да зборуваме , да најдеме заеднички теми на муабет, сигурно нешто муабет, школо, ако е девојче и можеби шминка , мода...., ама за второ -трето видување зависи од повеќе работи :)
     
  20. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Зависи од новата или новите ...

    Како и да е од старт секогаш сум резервирана , посматрам ситуација сега не дека зјапам во луѓево него онака дискретно колку толку да видам за каков тип се работи . Ако не ми се допадне осетам не сме на иста фрекфенција , тогаш еден збор еден алтан ми е :!: .
    Ако осетам дека се ок , тогаш акција :D онака пријателски расположена со некои рандом муабети нејќам на старт да откривам премногу за себе ( а вакви многу ги знам ) нејќам ни да се жалам ни да се фалам и да прашувам божем интервју им правам .

    Таман се на се .