Јас сум многу отворена, едноставно не можам да си помогнам, веднаш почнувам да зборувам што дури и станува awkward но мислам дека имам фобија од тишина кога запознавам некој нов
Правам муабет по малку ама општо, гледам да нема ќутење и непријатност но не се опуштам при прво запознавање одма да се правам другарка или пријателка, или како цел живот да јас познавам таа личност. Од секогаш ме нервираат особи кои при првото запознавање со некого се понашаат како од градинка да се заедно, тоа е глумење лудило.
Епа бидејќи секогаш сум отворена и директна прва ќе почнам со разговор, ќе се запознаам со личноста и ќе почнам со една тема па друга и така ...
Зависи со кого се запознавам. Зависи и каква е личноста со која се запознавам. Во зависност од тоа, некогаш сум опуштена и сум јас, таква каква што сум, будалеста, некогаш сум тивка и повлечена, внимавам на впечатокот што ќе го оставам. Со некои личности можам уште веднаш да се поврзам но со други не можам ни тема на муабет да најдам.
Правам муабет отворена сум порано повеќе бев ама многу се имам изгорено од луѓево и малце се опаметив и сега умерено правам муабет не откривам премноггу работи.
Многу сум непосредна и отворена, се однесувам како цел живот да се знаеме. Ако таа личност повтрно ја сретнам на улица или било каде имам чувство како да ми е најдобрата пријателка. Можеби за европски критериуми тоа е пренападно ама ова е сепак балкан. Не лугето им приогам со отворено срце и без предрасуди и затоа очекувам и од нивна страна да бидам така прифатена. Дури и со мажите така се однесувам, не сум некоја која ќе глуми дама и само ќе трепка.
Obicno otvoreno gi prifakam novite prijatelstva. Davam na znaenje deka sum otvorena za druzba. No posle dve-tri sredbi samata si pravam selekcija,isto i drugata strana. Vo zreli godini tesko se sklopuvaat dlaboki prijatelstva.
Природно, опуштено, без некоја гримаза, дали со смеење или гласно зборување па да се направат важни, како некои што прават, тоа што сум тоа е на тацна, па ако ме нејќат АЈМО СО ЗДРАВЈЕ
Нај нормално како и секогаш само што не искажувам никакви чуства се додека не сфатам со што чоече си имам работа . Премногу сум дружлива : D и без влакна на јазикот
По природа сум срамежлива личност така да повеќе си ќутам, ама зависи и од личноста некогаш и зборувам, па ги изненадувам тие што ме познаваат
При нови познанства не сакам да се наметнувам или да се правам другарка или не знам што од прво видување. Муабет од чиста култура, ако каже нешто се трудам да бидам слушател, да климнам со глава, да се насмевнам и доста е. Многу отварање, брблање уште при прво запознавање било со машко или женско мене ми е безвеза и ми остава лош впечаток, срцка, душо, ај се гледамее паак лилааа кафе да пиеме, ....ај гитла
Не сум личност шо шири познанства, па не преферирам да запознавам непознати насамо туку во друштво каде шо би ги набљудувала да видам дали ми се допаѓаат или не, па уште неколку пати да ги видам, за да можам да се опуштам околу нив ... Сепак преферирам да бидам во друштво на познати.
gi nabljuduvam, ako mi se dopagja za drustvo se opustam i pocnuvam podolgi razgovori, ako ne mi se dopagja si kjutam si iskazuvam ne zainteresiranost.