На прв поглед вршам проценка со каква личност си имам работа и сум дружулубива секогаш наоѓам тема за разговор и секогаш се вклопувам со непознати
Па искрено ми треба време да се опуштам со личност која не ја познавам доволно. Но се трудам да бидам најприродна онаква каква сум навистина и нормално да оставам убав впечаток кај спротивната страна
Јас секогаш ја вртам работата на смеа кажувам вицови гледам што можи понасмеан да бидам,скоро секогаш ја вртам работата на смеа и се разбира како сите др сакам да оставам позитивен впечаток, расположен за соработка,ако е девојка носам или купувам чоколада ако е машко,кафе или било што.
Ќутам во најголем % од случаите, а многу ретко сум опуштена. Опуштена сум била кон еден другар, и колешката од факултет. Со другарот едноставно муабетот ни трга, а колешкава ја знаев на фаца уште од средно и се имавме неколку пати поздравено ради заеднички пријател, па кога соодветно се запознавме на факс - ни тргна. И трет пат кога сум била опуштена кон некој бил дечко ми кога се запознавме и ... Си почнавме. Со се останато сум сталожена и набљудувам да видам што да очекувам и колку сакам да се зближам со тој човек. Не ја преминувам границата на колку сакам да се зближам.
Сè зависи од човекот со кој се запознавам. Повеќе преферирам на почетокот да си ќутам и да им дозволам на зборовите, делата и енергијата да оформат целосна слика и впечаток за таа личност. Ако увидам дека би можеле да кликнеме и да имаме нормален муабет, тогаш многу полесно се опуштам и нормално се трудам да се покажам во најдобро светло. Во спротивно не се ни трудам да ги запознаам, ниту пак да оставам било каков впечаток.
Љубезна, но и резервирана додека да проценам со каква личност се запознавам. Ако ми делува ок, се опуштам во дружбата, но онака умерено со одредена доза на резерва ко за почеток, а после ако е се’ во ред, се зближувам.
Јас сум многу комуникативна и секое запознавање со некој ми е добредојдено. Не знам како ама скоро секогаш успевам да се спријателам со сите што сум ги запознала, сакам нови луѓе секако зависи и до човекот, некогаш колку и да пробувам да најдам заеднички јазик со некој небидува. Но во глобала сум опуштена, комуникативна и насмеана, ама пазам што зборувам пред убаво да запознаам некој.
Ќутлива сум . Не само кога се работи за нови познанства , туку и обично по природа сум таква . Полесно ми е да се искажам на писмено отколку на усно.
Скептично. И тоа трае, трае, трае..Многу ретки исклучоци имам кај што се осеќам слободно (треба да си имаат емоционална интелигенција).
И јас не сум многу по муабетот. Ми треба многууу време за да се опуштам и да правам слободно муабет. Понекогаш, со некои личности не можам да се опуштам и да разговарам иако можеби над 10 пати сме се виделе. Како јазикот да ми се врзува, и не знам што муабет да правам. Ми треба време, многу време, и самата ова си го мразам кај себе.
Јас па зборлеста сум, се правам за тој/таа што е до мене да се осеќа пријатно . Барам заеднички теми , сослушувам , давам совети. Ако некој сака да си направиме муабет тука сум си
Молчелива сум по природа, повеќе слушам а помалку зборувам. Во главата ми се вртат неискажани мисли, затворена сум и кон долгогодишни пријатели и познаници, а замислете па како ми е при нови познанства. Затоа, луѓето некогаш стекнуваат погрешен впечаток дека не ми се симпатични или дека имам нешто против нив, а не е така. Тешко се опуштам и оставам впечаток на ладнокрвна личност, а вистината е друга.
Природно, нормално, не се трудам да фасцинирам иако ми оди тоа и без да се трудам. Најчесто, тие познанства завршуваат тука, не знам зошто...
Зависи со кого е познатството ако си пронајдам заеднички работи зборувам многу, но ако некој воопшто не ми одговара многу сум тивка и не ми се зборува.
Зависи од личноста,но сум страмежлива и претпазлива се додека не се опуштам.И мислам дека треба да го променам ова да бидам поопуштена.