Прилично молчалива и претпазлива, не сум друштев тип а нималку опуштен во непознати, не дека до толку сум срамежлива ама едноставно таков карактер сум, еден збор една лира
Јас прва не се пуштам за запознавање, а и обично не сакам да се запознавам. Ако имаш прашање, прашај ме ке ти одговорам инаку не ме зимај за озбилно Можеби изгледам многу прчеста вака али тоа е затоа што сум разочарана од многу луѓе и не сакам една иста грешка да ја повторам 2 пати И за тоа имам мал круг на пријатели (и тоа искрени пријатели)
На почетокот сум срамежлива, ако ме питат нешто, ќе одговорам. После сум најдосадното суштеството на планетата, не можам да си ја затворам устата.
Многу сум зборлеста и тоа посебно со нови луѓе. Со некој што го познавам и имам муабет можам да си дозволам момент на тишина. Но, од друга страна тишината со нови луѓе ми е непријатна. Константно мозгам што следно треба да кажам. Не знам, ми имаат кажано дека имам прилично добри комуникациски вештини, но зависи и од соговорникот од другата страна. Некој може едноставно сака да си ќути и ме гледа мене како некоја ненормална, радознала и нападна.