секогаш постапувам прво со муабет и дружељубиво,заинтересирано,гледам да го/ја запознаам во најдобро светло понатаму доколку сме во контакт,или близина,па и доколку не сме за дружење,би се обидала пак да бидеме,али ако не иде тоа е тоа
Воздржано и дистанцирано. Онака студено оставам другата страна повеќе да зборува, да се открие за да добијам слика со кој си имам работа и како идеално да се поставам. Во текот на таа почетна фаза се детектира вокабуларот, говор на тело, самоувереност, интелигенција и ред други фактори, се оформува првичната проценка за компатибилност со таа личност и од таму настапувам во акција со Спојлер или Спојлер ретко, но сепак се случува почетната проценка да не ми е на место, и затоа оставам простор и за грешки. До сега излегле и неколку пријателства и по некоја врска од погрешни проценки
Ја сум малце повлечена при нови познаства и се мразам поради тоа на мене значи ми треба мн време да се опуштам, се десило нешо да зборнам али после кје кутам зш незнам шо да казам у моментот зашо се срамам едноставно не сум комуникативна уфффф шо си се мразаммммм
Абе, зависи од личноста со која се запознавам. Често знам да бидам арогантна на прв поглед, со носот во облаци, а тоа најчесто го правам за да изградам одбранбен ѕид околу мене и да не и‘ дозволам на дотичната особа да влезе во мојот живот и да дознае нешто повеќе за мене, како би ми наштетила. Но еве денес запознав една личност, толку позитивна и опуштена, што направи и јас така да се однесувам и да се чувствувам како да ја знам со години.
МНогу сум срамежлива Зависи од човекот спроти каков е. Ако и тој е срамежлив, јас брзо се опуштам и врзвам интересни муабети, за да го опуштам и него. Правиме си муабети за се и сешто и брзо се сприателјавам... Но ако другиот е надуен и ќута, немам што да му кажам. Ќутам и јас...Како да се спријателјљ со него, кога не ме допушта до себе...
Немам некој 'увежбан' став при нови познанства, зависи до расположение најмногу, влијание на полна или полумесечина, станување на лева или десна нога, но во секој случај фино и културно... Без потсмевање или превртување очи ќе ве молам, но скоро сум сигурна дека понекогаш можам да го прочитам човек уште од прво познанство :geek: ...на некој начин де... Често пати кога запознавам некој кој е тотален странец, без да го знам отприлика или да имам слушано за него, па да веќе на некој начин имам некоја сугестија за него, ми прелетува мисла уште при првото подавање рака која многу подоцна ќе се покаже како вистинита...Пример дека ќе ми помогне таа личност во нешто, или ќе ми наштети...мисла поминува за секунда, и толку, не обрнувам внимание...Претчуство некое, силна интуиција...но никогаш не погрешила... Ви се има и на вас случено или да почнам да гатам?
Како помала бев многу срамежлива, ама веќе одамна го надминав тој проблем и сега немам тешкотии при ширење познанства. Во друштво кое ми е познато сум ептен опуштена и често знам да кажам шала на туѓа сметка. Ако некој не ме познава, веројатно би ми се налутил, а и другарките не знаат некогаш да препознаат кога се шалам, а кога сум сериозна. Во друштво на непознати или помалку познати личности внимавам некого да не навредам несакајќи, особено затоа што на моменти знам да бидам ептен зборлеста. Обично при првото запознавање се трудам да ја оценам личноста, да дознаам нешто повеќе за неа и да најдам заедничка тема на разговор. Прилично сум флексибилна и знам со секого да се најдам во ист муабет, тоа воопшто не ми претставува проблем
На почеток тешко да извлечеш збор од мене.Најчесто само слушам, набљудувам и го "запишувам" најважнот.Е откако ке ја направам потребната анализа (а ми треба доста време) стапувам на терен Но пријателство уште на прва, втора средба, тешко! Едноставно не можам да се опуштам и да бидам искрена пред луге кои ги гледам прв пат во животот. A не можам да правам муабет ради реда и да вртам низ 10 села додека да зуцнам нешто. Е сега секако дека има и исклучоци, зависи со кога се запознавам.Кога се во прашање луге кои не се знае дали повторно ке ги видам во живот... е тогаш не се устручавам многу.Ова најчесто кога сум со друштво, така сите сме си многу зборлести Но во принцип сум многу молчлива кога се работи за нови познанства.Има ми се случено и збор да не изустам
Епа вака, јас сум во принцип многу дружељубива цура, па секогаш се наоѓа некоја тема..Од мода па се до програмски јазици, литература, дискусија околу времето...и така. Се наоѓа по нешо де, колку да не се молчи.
Зависи каква е приликата и расположението... Иначе сум дружељубива и сакам личности кои се како мене... И со тек на муабетот си забележувам карактеристики и тоа ...Ако ми се бендиса убаво, ако не пак убаво xD... Мада што обично се запознавам со личности кои ми одговараат
Секогаш сум онаа што сум, никогаш не се преправам и не можам лице да правам. Можам со сите да разговарам макар и тогаш прв пат да ги гледам, наоѓам некоја интересна тема за разговор. Можам да се вклопам со секакви луѓе, но тоа не значи дека можам да бидам и пријател со нив. Како што е и темава ќе си останеме само познаници за почеток. Потоа времето ќе покаже
Кога се запознавам со некого прво сум повлечена, воздржана, малку срамежлива, се држам на дистанца, но гледам да бидам фина и пристојна и да се однесувам нормално. Сакам да запознавам луѓе, сакам да се дружам, но на почеток не можам да бидам толку опуштена и да комуницирам без проблем. Не дека молчам цело време, иако и тоа ми се има случено еднаш, но потребно ми е малку време да се подопуштам. Сепак, зависи и од луѓето со кои се запознавам. Ако се некои покомуникативни, поопуштени и не толку срамежливи, можам полесно да се вклопам зашто покрај нив и јас се опуштам; ако се некои ептен срамежливи, пробувам да „ го скршам мразот“ со некои општи работи, теми, но ако нема фидбек или пак се е сведено на „да“ и „не“ тогаш и јас се повлекувам зашто џабе е . Сигурна сум дека на прв поглед луѓето си мислат дека сум некоја „крената“, со носот до таван, но јас само држам дистанца и проценувам дали треба да се зближам или оддалечам, секако за да не бидам повредена.
онаква каква што сум си. Тоа сум јас дали на прво на второ или на трето запознавање јас сум си јас. Не правам будала од себе, не изигравам кловн ниту пак сакам да оставам уау мислење за мене. Развивам нормални дискусии не се покажувам како the best и сезнајка едноставно се запознавам и полека влегувам во дискусија и комуникација со луѓето
Без разлика дали ми е прво запознавање или веќе ја познавам личноста јас си се однесувам како јас.Ме нервираат луѓе кои глумат пред непознати и прават будала од себе.Јас сум си каква што сум си,си правам муабет најнормално (муабетчика сум )општи муабети,не сега некој опасни теми ама не сум ни ќутлива,да седнам и да не зборувам.
ех супер тема како за мене,во суштина сум многу дружељубива личност, но сум многу срамежливка ,додека да ја запознаам личноста,не се опуштам и делувам ладно ,а тоа е само поради срамежливоста, не сакам што сум таква,па затоа докоплку ме сретнете и ме запознаете имајте на ум оваа е стајлиш срамежливката
Секогаш кога запознавам нови луѓе уште со привите неколку збора што ке ги размениме знам дали со таа личност ке се согласувам или не. И не сум згрешила. На почетокот ја анализирам личноста, срамежлива сум и не зборувам многу. Ако ми се допадне и гледам дека би можеле да имаме муабет почнувам да отварам теми и полека, полека му вледувам под кожа на соговорникот. А ако не ми се допаѓа таа личност, едноставно ке се тргнам на страна и нема да се трудам да ја запознаат подобро.
Зависи. Ако е некој кој на прв поглед сум го проценила како фина личност со која би можела добро да се сложувам, тогаш си правам најобичен муабет, се најнормално како и со сите други. А доколку е некој кој не ми е кејф да го запознаам подобро тогаш си молчам и игнорирам.
Кога се запознавам со нови луѓе на почетокот сум страмежлива, воздржана, си се држам на дистанца, зборовите со клешти ми ги влечат. Но одкако ќе се запознаам подобро и ако тие личности ми се допаднат за дружба од моето зборење ретко доаѓаат на ред
Ех, јас всушност сум повлечена личност која на прво гледање можеби и делува глупаво Сакам да запознавам нови луѓе, пријателства но ми треба време додека се опуштам со нив и да бидам јас, јас..
Нови познанства.. паа зависи од типот Ако се машки , гледам да не испаднам некој сељак ... културно ова она ... ако тој почне нешто да бламира тогаш можам зелено светло да почнам со операциите А ако е женско тешко ... прво треба да припазам да не испаднам некој си силувач , или тамо некое сексуално чудо па тука зависи , ротираме ........