додека да се запознаам да видам со што човек си имам работа , тоа е првите 5 минути сум дистанцирана и воздржана, ако ми се допадне личноста од наредните 5 минути па натака сум опуштена и си правам секакви муабтчиња..
Најпрво сум премногу срамежлива, а доколку ми е пријатно во друштво на таа личност, тогаш веќе се опуштам скроз. Само што ми треба повеќе време.. А може да се случи, и да си преќутам, или пак цело време да дрндам, зависи..
Па јас сум слободна како при нови познанства така и со веќе одамна стекнати познанства и другарства. Само муабетот и односот ми е различен. Јас лесно стекнувам познанства, посебно ете при смена на простор пр. запишување во средно училиште, факултет и сл. но уште полесно можам и да го прекинам истото, ако не ми одговара, и ако видам дека личностите не биле такви какви што се претставувале на почетокот.
Буквално секогас сум разлизна,имам много променлив карактер. И не се трудам да оставам добар впецаток, ако несто не ми е како сто треба не глумам
Природно, секогаш сум спонатана, не сакам да се форсирам нити да се упикувам, во разговор се впуштам ако имам што да кажам ако не си ќутам, отпоздравувам на улица обавезно не се правам наудрена, телефонски повици остварувам исто така спонтано, не сакам премногу да досаѓам.
Па вака...МЕ МРЗЕШЕ ( ) да ги прочитам вашите мислења, но еве би дала едно мое. Ваљда ќе биде корисно. Ма што знам ! Епа вака...При запознавање секогаш одам чекор по чекор. Со никој шо досега сум се запознала уште од „ковањето на ногарките“ на нашето пријателство не сум му се доверувала...Во мојот живот ретки се оние на кои што им се доверувам. Првите денови, на чет „спиеме“ ово-оно, си отвораме разни теми, па како си се сваќаме меѓу себе така ќе си продолжиме понатаму...Ако почувствувам дека едвај си вадиме зборој од уста, тогаш не глеам иднина и понатамошно зближување со таа особа. Секако, јас би дала се од себе за ново блиско и цврсто пријателство, но кога не оди - стварно НЕ ОДИ! То е то..
Секогаш сум опуштена и зборлива немам проблем кога се работи за познанство со нови луѓе.Ама секогаш со резерва и дредена доза на претпазливост .А од друа страна многу сум осетлива и каде и да одам ако насетам дека на некој му смета моето присуство на некој начин се повлекувам...Досега инстиктот не ме излажал околу тоа дали на некој му се допаѓам или не
Најсрдечно што можам... Генерално, зависи и од „другата страна“ како ќе се покаже па според тоа и јас се ориентирам.
Вака - јас сум Карлос да се разбереме - . Се зезам - зависи искрено, ја следам сопствената интуиција, постојат луѓе кај кои уште при првото пуштање раче ми тргнува толку неизнасилено и спонтано муабетот што малтене ќе поверувам и дека реинкарнацијата има замешано прсти. Понекогаш сум најпрво слушач додека проценувам за каков тип на човек се работи ако имам сигнали за некакви сомнежи. Ми се случувало на времето кога бев помлада и полуда и да си заминам од место или толпа кои ми се напорни не водејќи толку грижа околу впечатокот кој ќе го остави таквата постапка. Сега имам нешто повисок праг на толеранција и дозволувам да дадам повеќе од една шанса секако свесно, што од друга страна не значи и дека ми е целосно напуштена идејата за демонстративно напуштање на wоши и непристојни луѓе . Во крајна сметка, па интеракција е или го има или не кликот за натамошно дружење, сепак вештачки не одржувам лажни другарувања колку и да е другарството важно, бидејќи со квази другарчиња е потажно ...
Секогаш сум тивка и одмерена. Го оставам новиот соговорник да зборува што е можно повеке за да му во видам умот
Ау многу се срамам. Тоест ваљда е срам, бидејќи не сакам некој да донесува мислење за мене од прво гледање само си ќутам и одговарам на прашања. Ни прашувам ни ништо. А ако некој ме праша нешто, а посебно е машко, почнувам од срам да се вцрвенувам. И за да бидам опуштена, да сум си јас пред некој, треба човекот минимално да го знам 5-6 месеци и тоа со секакви детали поврзани за него, е тогаш сум си опуштена, а до тогаш ме знаат како смирената, тивката, срамежливата, после тоа од кај искочи чудовиштево од неа (во позитивна смисла) .
Многу сум срамежлива првиот пат , но после се опуштам ако е опуштена и таа личност секако , па се запознаваме си разменуваме е-маил адреси само ако е фина или имам доверба уште од првото запознавање дури и ќе си излезиме на кафе ова она ...
на мене не ми треба време за да се навикнам затоа што јас по карактер сум опуштена ама за да се доверам на некој ми треба време затоа што на секој се не се кажува ама
Јас кога се запознавам со некој/а најпрво не му го дослушувам името затоа што во истиот момент кога ми го кажува он или она јас го кажувам моето посилно. Така да никогаш не запамтувам како се вика Инаку секогаш сум природна, фина, опуштена па некогаш и зборлеста али ако новиот/ата познани/чка уште од самиот старт ми делува антипатично тогаш се правам како воопшто да не сме се запознаеле
Обожавам да запознавам нови луѓе. Секогаш сум отворена и расположена за нови познанства. Се однесувам најнормално и најприродно. Зборувам и му дозволувам на новиот познаник да зборува. Толку многу уживам во запознавањето нови луѓе и толку се внесувам во тоа што дури ми се случува и на прва средба да откријам многу детали за мене ( за среќа до сега не испаднало нешто лошо од тоа) но сепак треба да се внимава на кого што се зборува. Како и да е имам позитивен пристам и лесно склопувам нови пријателства. Секогаш сум насмеана и знам да сослушам, утешам, дадам совет, па така и новите познаници успешно ме прифаќаат. Сакам да се чувствуваат удобно и опуштено кога разговараат со мене. Е сега кога „присилно„ ќе се запознаам со некого (во овој случај за жени) кои на прв поглед ми изгледаат толку многу дигнато и испод нивоУ им е да се упознаат со некого ми се древа притисокот и освен здраво не им праам муабет пошо мразам суштества што се преценуваат и што мислат дека се во центар на винимание. Да сумирам, се поставувам и се однесувам позитивно и најдружељубиво без да глумам, а понатамошниот тек на запознавањето зависи и од другата личност па и јас се поставувам спрема тоа.
Се‘ зависи од првиот впечаток -> прв поглед на личноста + говор на тело = рецепт за понашање. Обично сум дружељубива. Порано знаев од прва да истресам приватни работи за себе (моја вина, се разбира) ама веќе не е така. Морав да се ‘‘превоспитам‘‘. Сега сум фина но резервирана се‘ дури не се испостави дека таа личност е кандидат за другар/ка или добар пријател/ка. Инаку сакам и можам да дискутирам на секоја тема со нови луѓе. Многу опуштено, не се познаваме, па ако ти се свиѓа што и како размислувам, што ме интересира и сл. - ок, ако не ајт - здраво!