Паничам. Не знам да отворам тема за разговор, се плашам од тоа каков впечаток ќе оставам. Ќутам, гледам на страна и се соочувам со таа глупава тишина. Иако, морам да си се пофалам сама себе полека, полека, станувам се подобра. Еве на стаза ми пријде едно девојче, прво се успаничив дека ми се дере да се тргнам да можат луѓе да поминуваат, ама фин разговор водевме.
like a boss. Се однесувам опуштено ко да го знам со години, го тапшам по рамо и му се обраќам со брате.
јас се однесувам толку опуштено како да го/ја познавам со години.Се зезам и секогаш разговарам орворено
Движечко моторче на муабетот - тоа сум јас. Не можам да поднесам гробна тишина, макар и при нови познанства, ме нервира тоа ќутење и одмерување под око. Нека се врти муабет, макар и за временската прогноза или цената на патлиџаните. Ова секако важи за оние луѓе кај коишто и при прв контакт чувствувам насмевка, позитивна вибрација и фина аура. Оние другите намќорести и арогантни типови ги игнорирам. Исклучиво ми е ќејф кога седнувам со поголема група на луѓе и сите фино се замуабетуваат, колку што се може де на прва средба, а намќорестото седи во ќоше, чмае и трае. Има некоја злобна фаца, како 16 дена континуирано да има запек. Тогаш си викам - за памет, продолжи само да бидеш недружељубиво прасе.
Аааа одма почнувам да се смејам да си кажувам интересни работи да видам со чоек е али е за смеење или не.Зависи и до него/неја.
Зависи. Ама стварно зависи. Ако ми се допадне личноста со која се запознавам едноставно знам дека ке ни оди муабетот и се опуштам брзо, знам да ги погодам темите и се снаоѓам лесно. Ама има лица пред кои сум ужасно срамежлива. Да е до мене, ке се бутнам под маса и не излегувам зошто ако почнам да зборувам многу веројатно е да треснам некоја зелена. Затоа само набљудувам ко некој був. На наредна средба ке бидам поопуштена бидејки сум ги запамтила темите што ја/го интересираат па ќе нама понатаму многу, многу проблеми. ИЛИ трета варијанта. Има лица кои ми се антипатични од прв поглед, има нешто во нив што не ми се допаѓа, некоја лоша енергија и тоа е тоа. Тешко да им дадам шанса да се запознаеме како што треба. Може ви се чини погрешно, ама интуицијата не ме излажала. Тие што не ми се допаѓаат на крај излегуваат нешто спортивно од тоа што им се претставиле на другите.
Намќоресто. Ако ме праша некој нешто целата се збунувам и дури зборовите погрешно ги изговарам. Еднаш се брзавме со сестрами накај дома и поминавме до дворот на познаничка на мајками со која јас не сум многу блиска. Таа ни рече да влеземе кај неа после и мајками ке дошла а јас од шо се збунив и испаничив реков „ама неможеме, ние многу бршко одиме“ А за во друштва сум уште поголема тапа. Ми се чини ко од Марс да сум спадната, абе ништо, ништо не ми текнува да кажам. И затоа одбегнувам од одам на кафе со некои непознати и еден познат шо малку збори. Обично кога одиме негде каде има некои нови личности прво го одмерувам, го слушам шо зборува дали е „клошар“ или не, ако се покаже дека е таков онда од мене ни поглед нема да добие камоли збор. Сакам да имам многу пријатели ама не е до мене. До природата си е, шо ме направила ваква затворена и малку нарцисоидна личност.
природно и нормално,дружељубива сум така да не ми е тешко да се спријателам со некого веднаш наоѓам тема за разговор
пред година време мн се срамев кога бев во друштво на непознати луѓе ...ич не зборев ама еве сега се опуштив па можам да си зборам со некој непознат исто ко да го знам со години
Прилично резервирано....Куртоазна насмевка, уште покуртоазни одговори, прашања ретко поставувам. Моето лично искуство ме тера да бидам крајно претпазлива.Не ми паѓа ни на крај памет да раскажувам мои лични работи. Ретко моите познанства прераснуваат во пријателство.Едноставно сум крајно неповерлива кон нови луѓе. Имам круг на пријатели кои се дел од мојот живот со години, уште од детството и тоа е тоа...
До денот е и дали ке ми се допадне личноста. Или сум ќутлива ко був или пробувам да се вклопам со некои чудни теми. За мене неразбирливо но на луѓето им се допаѓа што сум бувчеста. Со очиштава бувчести набљудувам и молчам, а ко ке кажам нешто просветлувам луѓе. Добра сум, но чудничка. Antisocial е зборот.
Секогаш различно реагирам, зависи од расположење. Или пак дали ќе ми се допадне личноста. Ако ми се допадне на прв поглед, е тогаш немам сопирачка
Зависи , како сум расположена, на пример пред некој кој ќути и е повлечен јас цепам муабети зошто не ми е срам , а пред некој кој што збори поповлечена сум не сум толку зборлива ама сепак зависи од тоа што ке ме мавне во моментот
зборлеста сум многу..се вклопувам веднаш ..дружељубева сум многу...ептен некој сељак ако ми е одвратен го игнорирам ..