Хахаха ма не зезај Сомнително лице си ти Што ми беше зборот,хммм...хумористично? Ова де вицкасто Ама се зависи дали формално или не формално ново познатство. Со тие првите внимавам со хуморот и сатирата. Со вторите одам до крајности.
Тоа ми зависи од расположението мое.Потоа зависи од личноста со која ќе се запознаам. Понекогаш сум ептен ладнокрвна,и создавам ѕид преку кој изгледам како ептен снобско дете,и им станувам одбивна.(Ова е само доколку за тој/таа со која што се запознавам имам слшано лоши работи,или навидум ми изгледа како дигната и дволична личност) А почесто сум опуштена,релаксирана,онаква каква што сум по природа.
Најчесто сум срамежлива и може делувам помалку ступидно.. Таква сум што ретко можам да се вклопам нова средина и нови луѓе.. Се трудам да отворам општи теми за муабет но секако не за времето Повлечена сум а доколку видам дека другата страна е сосем ок, се трудам максимално да се чувствува добро и пријатно во мое друштво..
Обично стартувам со благ хумор и сатира, по што следува анализа на личноста (копча или не ) за потоа или да ме закопка поише ко човек или културно си испарувам од сликата. (Лелеее, шо ми е денес..? )
Прилично дрско. Доколку личноста ми враќа на тој начин, почнува да ме интересира, ама сепак настојувам да не се примети, си играм некако топло-ладно.
Јас со новите познанства и немам многу искуство. Кога ке се запознаам со некого, чекам тој прв да започне муабет или нешто слично. Кога сум со некој што го познавам, дрдорка сум ептен ама кога сум со некој нов едноставно како да ми се сече јазикот
Многу сум молчалива и можеби делувам недружељубиво и намќорски ама кога ќе се опуштам е сосема друга приказна . Тогаш уста не можам да затворам ама добро, се зависи од ситуацијата и околностите. Воглавно не можам да се дефинирам, дали сум поотворена или позатворена личност, кога-како , променлива сум.
Во последно време сум супер кога се запознавам со нови луѓе.Порано бев многу срамежлива и ми требаше многу време за да се опуштам во ново друштво.Ама, сега сум во еден период во мојот живот кога се запознавам со многу луѓе и некако сфатив што треба да правам.Се поздравувам, претставувам и прашувам нешто што е вообичаено да се праша колку да ни тргне разговорот...
Исто и со мене! Порано бев мноогу срамежлива, сега не до тоолку,али зависи околу кого си и со кого си...
Обично молчам и ги слушам, оти само ако внимателно ги слушаш луѓето ќе им ги откриеш сите слабости. Кој срце го боли, кој пета ахилова го мачи, кој мозок го боли.... И, додека трае рекламно-пропагандниот-материјал, јас ја користам приликата да им ги запомнам сите црти на лицето. Потоа, дома правам вуду кукличка со ликот и ги боцкам. Пред средба, по средба, за време на следна средба. Абе, да ме сакаат сите! И,нема промашај! Пошто и нема некој што не ме сака, а тој што не ме сака се знае... не е со сите! бајт ми! Ем и највкусна сум
При нови познанства неможам така лесно да се опуштам. Срамежлива сум и ми треба време да се опуштам. Сакам да дружам и да не ми е незгодно , но ми треба повеќе време... Се трудам да го поправам тоа и на секои нови ситуации да бидам послободна